МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk ›...

60
МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 79 Цена: 50 ден. март 2016 ISSN: 1857-6710

Upload: others

Post on 28-Jun-2020

21 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Бр. 79 Цена: 50 ден. март 2016IS

SN

: 18

57-

671

0

Page 2: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

о периодот од 02.02. до 13.02.2016 година, во реонот на Колашин, Црна Гора,

на скијачките терени на Спортско-рекреативниот центар „Колашин“, питомците од втора година од Центарот за обука на питомци реализираа практични форми на обука во зимски услови-скијање.Целта на обуката во зимски услови е питомците да се обучат во скијање и на начините за преживување во зимски услови.За време на обуката питомците се запознаа со скијачката опрема и со нејзиното приспособување кон одредени ситуации, совладаа дел од скијачките дисциплини, се запознаа со планината и со опасностите со кои би можеле да се соочат во зимски услови. Се обучија да изработуваат објекти за преживување во зима и да ги применуваат мерките за заштита на здравјето и спречување повреди.Обуката се реализираше во согласност со планот за билатерална соработка меѓу Министерствата за одбрана на Република Македонија и Црна Гора. Вооружените сили на Црна Гора и овојпат се покажаа како одлични домаќини и ги обезбедија сите потребни услови за престој на питомците и на инструкторите за обука.

ОБУКА ВО ЗИМСКИ УСЛОВИ –СКИЈАЊЕ

Page 3: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

ФОТОГРАФИИ ОД МАКЕДОНИЈА

о периодот што измина имав-ме можност да присуствуваме

на еден несекојдневен настан кој се одржа во просториите на Воениот музеј на Република Македонија. Воениот музеј, во соработка со Националниот музеј за здравство и медицина од Вашингтон, органи-зираше изложба на која ни беше овозможено за прв пат да поглед-неме фотографии направени од познатиот фотограф Мерл ле Вој од САД, кој во името на уметноста и вистината се упатил во периодот на Големата војна на територијата на Македонија за да направи трајни сведоштва за овој значаен период на светската историја. Тој со својот фотографски апарат ги овековечил ликовите и маките на учесниците во војната, страдањето на цивил-ното население, но и помошта која несебично ја даваа волонтерите и Црвениот крст на САД, со цел да им помогнат на сите кои се најдоа во виорот на војната – ранети, гладни, болни и безнадежни...Стари фотографии – препознатливи предели и физиономии. Лица стра-дални, деца гладни и боси, старици во македонски носии, жени забуле-ни и откриени, лекари волонтери и возила со ознаките на Црвениот крст насекаде долж линијата на Ма-кедонскиот фронт – сите сплотени во хаосот на војната. Несекојдневен пример на хуманост и помош. А, секој од присутните на изложбата со свој коментар: види ја старицата, стара но стамена, со погледот ѝ пркоси на судбината, деца питачи – гладни но насмеани, занаетчии со корави раце и достоинствен став, перачки на алишта, каменокрша-чи – горди Mакедонци кои останаа засекогаш овековечени од фото-графскиот објектив на Ле Вој. А, кога сме веќе кај фотографиите како уметнички израз на реално-ста, мора да споменеме дека и оваа година добивме исклучителни фотографии на кои се прикажани активностите на нашите специјалци. И овие фотографии многу говорат за обученоста, за вештината, за посветеноста и за патриотизмот на припадниците на Полкот за специјални операции. Полкот и оваа година достоинствено и работно ни се претстави по повод Денот на еди-ницата. А, фотографиите кои беа направени, секако дека ќе останат како трајно сведоштво за уште еден прилог на насловот „Фотографии од Македонија кои многу кажуваат“.

д-р Жанет Ристоска

ОДЛИЧНА БИЛАТЕРАЛНА СОРАБОТКА

ГЛОБАЛНИ ТРЕНДОВИ ВО ОДБРАНАТА

МЕНУВАЊЕ НА БУЏЕТСКИТЕ ПРИОРИТЕТИ

„ШТИТ” ВИ ПРЕТСТАВУВА

АВТОМАТ „HK MP7А1“

И ЧИЗМИ И ВИСОКИ ПОТПЕТИЦИ

АРМИСКАТА ДИСЦИПЛИНА ПРЕТСТАВЕНА И НА МОДНИТЕ ПИСТИ

СТРАТЕГИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА БОРБА ПРОТИВ СОВРЕМЕНИОТ ТЕРОРИЗАМ

БОРБА ПРОТИВ ТЕРОРИЗМОТ НА НАЦИОНАЛНО, НА РЕГИОНАЛНО И НА ГЛОБАЛНО НИВО

НАТО

РЕЛАЦИИ СО ОБСЕ

КИНЕСКА ОПЕРАТИВНА ВЕШТИНА

ПРИСПОСОБУВАЊЕ НА ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ КОН МОДЕРНИТЕ ВРЕДНОСТИ

МОДЕЛИ НА СИГУРНОСТ

КРЕИРАЊЕ ВЛЕЗНА БЕЗБЕДНОСТ

9

18

32 12

36

38 15

40

54

Страница

Страница

СтраницаСтраница

Страница

Страница

Страница

Страница

Страница Страница

Содржина:

3

28

4Страница

ШТИТ - Година VIII, број 79, март, 2016 година, излегува еднаш месечноИЗДАВАЧ - МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ИЗДАВАЧКИ СОВЕТд-р Зоран Јолевски (претседател)Генерал-потполковник Методија Величковски, полковник Љубе Дукоски, полковник Петре Велковски, потполковник Тони Јаневски, полковник Мери Ринџова, Билјана Иванова, д-р Жанет Ристоска

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИКд-р Жанет Ристоска

РЕДАКЦИЈАБилјана Иванова (технички, ликовно-графички уредник), Димче Исаиловски, академски сликар (корица), Митко Василевски (новинар), Кристина Илиевска (новинар), Ксенија Митева (лектор); Александар Атанасов (фотографии)

ПЕЧАТИ: „БРАНКО ГАПО“ ДООЕЛ СКОПЈЕ

АДРЕСА НА РЕДАКЦИЈАТАМИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА - СПИСАНИЕ „ШТИТ“ул. „Орце Николов“ 116, 1000 СкопјеТелефони: 02 3128 276www.morm.gov.mk; E-mail: [email protected]

ЦЕНАТА НА ЕДЕН ПРИМЕРОК Е 50 ДЕНАРИГОДИШНА ПРЕТПЛАТА 600 ДЕНАРИ

жиро с-ка 05001001 1678720(повикување на број: 725939-10)даночен број: 4030990271748ТС 100000000063095

Page 4: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

4

о официјална посета на Министерството за одбрана беше делегација

на Министерството за одбрана на Република Босна и Херцеговина на чело со министерката за одбрана Марина Пендеш.Министерот Јолевски по средбата на двете делегации истакна: „Напредокот во интегративните процеси кон НАТО до следниот самит ќе значи многу за стабилноста на регионот и просперитетот на регионот и пошироко во Европа. Република Македонија дава поддршка за активирање на МАП процесот во Босна и Херцеговина. Тоа значи многу за Босна и Херцеговина и за нас во регионот“. Министерката

Пендеш изјави дека „Борбата против корупцијата, борбата против организираниот криминал и борбата против ИСИЛ се само некои од предизвиците со кои се соочуваме. Размената на искуства, едуцирањето на питомци од Босна и Херцеговина во Македонија, соработката и учеството на форумите А5 и Б9 можат многу да придонесат за подобрување на соработката помеѓу двете земји“. Министерката додаде дека посакува Република Македонија што побрзо да ги почне преговорите со ЕУ и да стане членка на НАТО. Пример за одличната соработка на Република Македонија и Босна

и Херцеговина во полето на одбраната се редовните учества на претставниците на Босна и Херцеговина во Регионалниот центар за односи со јавност, бројни семинари и експертски средби и повеќето питомци од Босна и Херцеговина кои студираат на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ - Скопје. Министерката за одбрана на БиХ го посети и Центарот за обука на пилоти.Во рамките на посетата министерката за одбрана Марина Пендеш на покана на Фондацијата „Никола Кљусев“ одржа предавање на тема „Интеграцијата на Босна и Херцеговина во НАТИ и во ЕУ“.

ОДЛИЧНА БИЛАТЕРАЛНА СОРАБОТКА

инистерот за одбрана на Република Македонија,

Зоран Јолевски, по повод 12 години од трагичното загинување на вториот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, заедно со висока владина делегација положи венец со свежо цвеќе на неговото

вечно почивалиште. Покрај претседателот Трајковски, во трагичната авионска несреќа животот го загубија Анита Кришан Лозановска, Димка Илкова-Бошковиќ, Ристо Блажевски, Миле Крстевски, Борис Велинов, Аце Божиновски, Марко Марковски и Бранко Ивановски.

ВО СПОМЕН НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ БОРИС ТРАЈКОВСКИ

Page 5: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

5

епублика Македонија е посветена на регионалната

и евроатлантската безбедност и стабилност. Тоа го покажува и фактот дека Армијата на Република Македонија во континуитет придонесува кон мировните мисии и операции предводени од НАТО, Европската унија и Обединетите нации“, истакна државниот секретар во Министерството за одбрана, Елизабета Чуповска-Ристова во своето обраќање на консултациите во рамките на процесот на планирање и анализа. На отворањето, државниот секретар Чуповска-Ристова, додаде дека акцентот ќе биде даден на модернизацијата во согласност со Долгорочниот план за развој на одбраната 2014 – 2023, за што се креирани и Интегрирани проектни тимови

во Министерството. Во однос на реформските процеси, Чуповска-Ристова истакна дека приоритет за Министерството е организациското реструктурирање и зацврстување на оперативните капацитети и способности, споменувајќи го и пополнувањето на Армијата со нови 250 професионални војници минатата година, како и промоцијата на 34 нови офицери произведени од Воената академија. За време на консултациите, претставниците од Министерството за одбрана, Армијата на Република

Македонија, министерствата за внатрешни, за надворешни работи и финансии и други институции разговараа за новите Партнерски цели 2016 година кои имаат цел унапредување на способностите на Република Македонија од безбедносен аспект, во согласност со стандардите на земјите-членки на Алијансата, а во насока на зачленување на Македонија во НАТО. НАТО – тимот предводен од Пол Саверо оствари одделна средба и со министерот за одбрана Зоран Јолевски.

инистерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, ја отвори НАТО-

школата за справување со заканите од тероризмот во Југоисточна Европа која се одржа во Охрид, при што истакна дека оваа средба и обука ќе биде добра можност за размена на искуства и разработување методи за што поефикасно дејствување во борбата против тероризмот. Деканот на Воената академија, полковникот Орце Поповски, изрази задоволство што институцијата по четврти пат изминатите две години ја добива довербата и честа да организира ваков настан, напреден курс за воени и безбедносни експерти од сите држави од регионот.Напредниот курс поддржан од Северно-атлант ската алијанса во Охрид се одржува во организација на Воената академија од Скопје и на Центарот за војна и мир при Универзитетот „Норвич“ од САД. На курсот зедоа учество пе-десетина претставници на институции од областа на безбедноста и одбраната на десет држави од регионот, како и експерти од САД и од Канада.

БАЛКАНСКИ МЕДИЦИНСКИ СИЛИ

инистерот за одбрана Јолевски оствари средба со претставници на Балканските

медицински наменски сили. Земји учеснички од регинот вклучени во проектот се: Албанија, БиХ, Македонија, Словенија, Србија и Црна Гора. Целта на проектот е подобрување и оспособување на националните медицински капацитети за работа во рамките на регионална мултинационална единица. На средбата присуствуваа и заменик-началникот на ГШ на АРМ, генералот Рацај, како и претставниците на Министерството и АРМ. На средбата се разговараше за статусот, плановите, задачите и

обврските на Балканските медицински наменски сили и за земјите кои се вклучени во проектот. Еден од клучните моменти за развој на проектот беше потпишувањето на меѓународната Спогодба на Балканските медицински наменски сили во јануари оваа година, беше заклучено на средбата. Она што следи е ратификацијата на Спогодбата, по што проектот и официјално ќе започне да функционира. Постојаното седиште на Штабот на Балканските медицински наменски сили ќе биде во Скопје, Република Македонија.

НАТО- ШКОЛА ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ЗАКАНИТЕ ОД ТЕРОРИЗМОТ

КОНСУЛТАЦИИ СО НАТО

Page 6: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

а 1 март во Домот на АРМ, државниот секретар во

Министерството за одбрана на Република Македонија, Елиза-бета Чупоска-Ристова, ја отво-ри Работилницата за подготовка на изработка на Стратегиски одбранбен преглед – СОП. На Работилницата учествуваа експерти од тимот од САД за изградба на одбранбени институции, на МО и на АРМ. Целта на работилницата е да се разменат искуства за изработ-ка на Стратегиски одбранбен

преглед и да се дискутира за модалитетите за подготовки на процесот за изработка на СОП. Државниот секретар, Чупоска-Ристова, на отворањето на ра-ботилницата истакна дека, како и досега, сите идни чекори во насока на унапредување на на-шите способности и капацитети е планирано да се спроведат во тесни консултации и соработка со НАТО и со земјите-членки на Алијансата.На крајот од говорот таа изрази очекување дека и оваа ек-

спертска поддршка на експер-тите од САД и од Обединетото Кралство ќе даде нов стимул

за понатамошниот развој на одбранбените способности на Република Македонија.

6

СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ ДОКТРИНИ

ЗНАЧАЈНИ СОДРЖИНИ СПОРЕД НАТО-СТАНДАРДИ

Со Програмата за едукација и обука на резервните офицери и подофицери во 2016 година, планирани се голем број активности. Значајно е да се нагласи дека овие актуелни содржини се усогласени со НАТО- стандардите и искуствата на Меѓународната конфедерација на резервните офицери (CIOR). Координирањето на активностите на ОРОРМ со CIOR , е посебно нагласено од 2005 година, откако таа стана придружна членка на ова евроатлантско семејство на резервните офицери. КООРДИНИРАЊЕ НА АКТИВНОСТИТЕ

Во рамките на редовните контакти и работни договори во координирањето на програмските активности со ООЕ, на

10 февруари, претседателот на ОРОРМ, проф. д-р Ѓорѓи Малковски, оствари работна посета на Извршниот одбор на ОРОРМ Крива Паланка. Во оваа пригода беа договорени приоритетните задачи во подготовките за успешна реализација на Програмата за работа на Извршниот одбор и на Програмата за едукација и обука на членовите на ООЕ на ОРОРМ од Крива Паланка. На работниот состанок, посебно беа нагласени: организирањето на тркалезна маса по повод 25-годишнината од бунтот на Кривопаланечкиот моторизиран баталон во 1991 година во врска со обидите за негово ангажирање за одбрана на тогашна Југославија, како и одбележувањето на 11 март 1992 година, преземањето на првата гранична караула „Рамна Нива“ од страна на АРМ, што претставуваше државотворен чин на самостојна, независна и суверена Р. Македонија.

РАБОТЕН ДОГОВОР

На 23 февруари во Скопје се одржа седница на Извршниот одбор на ОРОРМ со која раководеше претседателот, проф. д-р Ѓорѓи Малковски. Во фокусот на вниманието на овој работен договор беа повеќе актуелни прашања од работата на ОРОРМ. Меѓу другото, усвоен е Предлог-извештај за материјално-финансиското работење на Организацијата во 2015 година, како и Предлог-финансиски план за користење и располагање со финансиските средства во 2016 година. Во врска со материјално-финансикото работење, на седницата е оценето дека тоа во 2015 година било рационално и, пред сè, во функција на успешна реализација на планираните активности во 2015 година.

Живко Трајановски

ОД АКТИВНОСТИТЕ НА ОРОРМ

елегација на Армијата на Република Македонија предводена од началникот

на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски учествуваше на семинарот за воени доктрини за високи воени претставници од земјите членки на ОБСЕ, кој се одржа во Виена, Република Австрија. На семинарот од овој формат, кој е седми по ред од формирањето на ОБСЕ, за првпат учествува македонска воена делегација на ова рамниште. Настанот претста-вува своевиден форум на ОБСЕ за соработка во одбраната и безбедноста, кој поттикнува меѓусебен дијалог и размена на мислења и искуства помеѓу високите воени претставници, во функција на зголемување на меѓусебното разбирање и унапредување на довербата, како и обезбедување на платформа за политички дис-кусии за ситуации кои од некои земји-членки се сметаат дека се загрижувачки за безбедноста.Со семинарот кој се одржува периодично, на секои

5 години, оваа година претседава Холандија, а одржувањето е во согласност со Поглавјето 2 од Виенскиот документ 2011 во кое се поттикнуваат земјите-учеснички на ОБСЕ да одржуваат ваков вид средби. Учеството на македонската висока воена делегација на овој семинар е од големо значење поради можноста за размена на инфор-мации, значајни за безбедноста и актуелните сигурносни ризици кои се присутни во регионот и светот, со учесниците на активноста. На семина-рот учествуваа претставници од земјите-членки на ОБСЕ, меѓу кои и началници на генералшта-бови и други највисоки воени раководители, како и амбасадорите и постојаните дипломатски претставници во седиштето на ОБСЕ во Виена.Фокусот на семинарот беше насочен кон про-мените во воените доктрини на земјите-членки на ОБСЕ, нивното влијание врз безбедноста и сигурноста во земјите-партиципанти во актуелна-та безбедносна констелација.Генералот Величковски, во пресрет на семина-рот во амбасадата на Република Македонија во мисијата на ОБСЕ, оствари работна средба со амбасадорот Кире Илиоски на која се раз-говараше за актуелните случувања и активно-стите на мисијата во ОБСЕ и за активностите на семинарот. Исто така, за време на одржувањето на семинарот оствари средби со високи воени претставници од армиите на земјите-членки на ОБСЕ, на НАТО и на партнерски земји.

ачалникот на Генерал-штаб на АРМ, гене-

рал-потполковник Методија Величковски, оствари средба со генерал-мајор Реџеп Јуксел, командант на Воздухопловната воена академија при Коман-дата на воените академии,

придружуван од одбранбеното аташе на Република Турција во Република Македонија. На средбата во Генералштабот помеѓу останатото, се разгова-раше и за соработката помеѓу армиите на двете земји на полето на едукација и военото образование.

ДОБРА СОРАБОТКА

РАБОТИЛНИЦАТА ЗА ПОДГОТОВКА НА ИЗРАБОТКА НА СТРАТЕГИСКИ ОДБРАНБЕН ПРЕГЛЕД

Page 7: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

7

о рамки на посетата на САД, министерот Јолевски оствари повеќе значајни средби со

претставници на законодавниот дом на САД и со други значајни личности. Во Вашингтон, министерот Јолевски оствари средба со заменикот-помошник-секретар за одбранбена политика на Европа и НАТО, Даниел Фата. За време на состанокот министерот Јолевски изјави дека членството на Република Македонија во НАТО ќе придонесе кон воспоставување и одржување на стабилна безбедносна клима во регионот и пошироко. Фата порача дека Република Македонија и Армијата на Република Македонија со учеството во мировните мисии ИСАФ до 2015 година, а потоа и во „Одлучна поддршка“ се покажале како исклучителни поддржувачи на глобалните вредности за мир и демократија. На средбата со сенаторот Џон Мек-Кејн, поранешен претседателски кандидат, министерот Јолевски порача дека е дојдено времето Република Македонија да го заземе своето заслужено место како полноправен член на НАТО. Министерот додаде дека и покрај фактот дека Македонија е подготвена да биде дел од Алијансата уште од 2008 година, Министерството и Армијата продолжуваат со реформите

во безбедносниот сектор. Министерот Јолевски оствари и одвоени средби со конгресменката Валорски, како и со главните советници на претседателскиот кандидат, сенаторот Марко Рубио, при што истакна дека Македонија е посветена на развојот на билатералната соработка со САД, која беше зацврстена со потпишувањето на Декларацијата за стратегиско партнерство, потпишана во 2008 година. Министерот ги презентираше аргументите за прием на Македонија во НАТО, а воедно се осврна и на неодамнешниот развој на соработката, особено во делот на военото образование, преку размената на питомци меѓу македонската Воена академија и академијата „Норвич“.Во Белата куќа министерот Јолевски оствари средба со Целесте Валандер, специјален советник на претседателот Барак Обама и директор во Советот за безбедност на САД, додека во американскиот Стејт департмент, министерот се сретна со Хојт Ји, заменик-помошник секретар за Европа и за Евроазија. На одвоените средби министерот Јолевски и соговорниците разменија мислења за интеграцијата на Република Македонија во НАТО, за реформските процеси во Армијата, како и за безбедносната состојба во регионот на Југоисточна Европа и пошироко.

Во рамки на посетата, во Пентагон, министерот Јолевски оствари средба со директорот за Русија, во Украина и во Евроазија, Лаура Грос, на која стана збор за реформските зафати во Министерството. „Наш приоритет е да ги задржиме и да ги унапредиме капацитетите на Армијата на Република Македонија, а тоа значи вложување во образование и едукација, како и вложување во опрема“, рече министерот. Дека станува збор за исклучително важен процес кој дава резултати, министерот Јолевски ја посочи Воената академија, на која, освен што е воведена настава на англиски јазик,

СРЕДБИ НА МИНИСТЕРОТ ЈОЛЕВСКИ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА САД

Page 8: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

8

започната е и размената на питомци со академиите од земјите на НАТО, порача директорката Грос, воедно укажувајќи дека САД продолжуваат да ја поддржуваат Македонија на патот кон полноправно членство во НАТО. Воедно, таа се заблагодари за присуството во Авганистан и за несебичната помош за етаблирање на мирот, демократијата и безбедноста во овој дел од светот.Во рамки на посетата на САД, Делегацијата од Министерството имаше работен ручек со истакнати претставници на најреноминарите „тинк-тенкови“ во Вашингтон, на кој присуствуваа и лица од Пентагон и Стејт-департментот. За одбележување е дека претставниците на тинк тенк-заедниците ја истакнаа поддршката за што поскоро интегрирање на Република Македонија во НАТО.Министерот Јолевски присуствуваше на традиционалниот „Молитвен појадок“ кој се одржува во Вашингтон, а говорник е претседателот на САД. На маргините на „Молитвениот појадок“, министерот Јолевски имаше средби со министри од Италија и од Хаити, парламентарци од: Германија, Франција, Норвешка, Велика Британија, како и од земјите од регионот.

УЧЕСТВО НА ТРКАЛЕЗНА МАСА

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, во текот на посетата на САД учествуваше на тркалезна маса организирана во

Комитетот за вооружени сили во Сенатот на САД, на кој говорници беа повеќе сенатори, конгресмени и претставици од Југоисточна Европа. Завршно излагање на Тркалезната маса имаше сенаторот Мек-Кејн. Во текот на дискусијата беше констатирано дека соработката меѓу државите е клучна за справување со асиметричните закани со кои се соочува светот. Министерот Јолевски истакна дека интеграцијата на земјите од регионот во НАТО и во Европската унија ќе придонесе за натамошно зајакнување на земјите од регионот и позитивно ќе влијае врз стабилноста и просперитетот на земјите од Југоисточна Европа.

БЕЗБЕДНОСТА И МИГРАНТСКАТА КРИЗА

За време на дискусија на тема „Безбедноста и мигрантската криза во Западен Балкан“, организирана од страна на германскиот „Маршал-фонд“, министерот Јолевски имаше свое обраќање. „Кризата со мигрантите е заеднички предизвик на Европа и затоа има потреба да се зголеми соработката и координацијата помеѓу државите погодени од неа. Последните настани ја наметнаа неопходноста од поддршка, обединување, не само во ЕУ, туку и пошироко“, истакна министерот Јолевски. Тој додаде дека потребно е постојано надодградување и подобрување на сеопфатната стратегија за справување со овој предизвик со кој

се соочува Европа. Јолевски порача дека припадниците на Армијата се исклучителни во извршувањето на своите задачи и дека даваат сè од себе во соработка со МВР, меѓународните и невладините организации на најхуман начин да го олеснат преминот на мигрантите преку јужната граница. Од страна на високи претставници на американската администрација беше истакната подготвеноста да ѝ дадат поддршка на Македонија во справувањето со мигрантската криза. Во текот на дискусијата министерот Јолевски побара што побрзо да ѝ се даде покана на Република Македонија за членство во НАТО и да започнат преговорите за членство во Европската унија. „Статус кво ситуацијата во интегративните процеси на Македонија е неодржлива“ рече министерот Јолевски, истакнувајќи притоа дека Македонија ги исполнила условите за членство во НАТО уште во 2008 година.

СРЕДБА СО ПОМОШНИКОТ-ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА ОН

Учеството на Армијата на Република Македонија во мировните операции на ООН, со цел зачувување и унапредување на мирот и стабилноста во светот, во Европа и пошироко, беше клучната тема на разговор помеѓу министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски и помошникот-генерален секретар за мировни операции на Обединетите нации, Ел Гасим Вејн, за време на нивната средба во седиштето на Обединетите нации во Њујорк. „Придонесот на Република Македонија во мисиите предводени од Обединетите нации, посебно мисијата УНИФИЛ, претставува потврда за нашиот придонес кон светскиот мир и безбедност“, порача Јолевски за време на состанокот. Министерот Јолевски и помошник-генералниот секретар Вејн разговараа и за општата безбедносна состојба во регионот на Југоисточна Европа и пошироко. „Република Македонија, истакна министерот Јолевски, со учеството во зачувувањето и унапредувањето на принципите и правилата врз кои се базирани меѓународните закони е одговорен член на меѓународната заедница и активен учесник во напорите на светската организација за воспоставување на глобален мир, безбедност и просперитет“.Средбата во Њујорк беше дел од посетата на министерот Јолевски со делегација од Министерството на САД. Министерот Јолевски беше еден од говорниците на настанот организиран од сенаторот Џејмс Инхоф, на кој говореше и Џејмс Џефри, заменик-советник за национална безбедност на поранешниот претседател Буш. На настанот гостуваа повеќе од 50-тина лица вработени во администрацијата, во Сенатот, во Конгресот и во разни институти.

Page 9: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

ГЛОБАЛНИ ТРЕНДОВИ ВО ОДБРАНАТА

дбранбените стратези и политича-рите продолжуваат со предизви-ците кои носат поголема опасност

за безбедноста. За да се види обемот и одржливостa на воените способности на-правени се многу комплексни тестирања на безбедносните кризи. Евидентно е дека овие способности сè повеќе се технолошки напредни. Тие, исто така, имаат поголема и поширока деструктивна моќ и достигнуваат поголема пролиферација. Кажано со одбран-бена терминологија, стратешкиот „центар на гравитација“ (CoG) продолжува да се движи од Запад кон Азија и Пацификот, а Инсти-тутот „The Military Balance 2015“ потврдува пад на европските одбранбени трошоци и зголемување на обемот на трошоците во Азија. Сепак, иако пред само 18 месеци, загриженоста беше поради можни воени конфликти во Азија, што е стратешка реал-ност за повторно појавување на конфликт во Европа и за комплицирање и проширување на дејствата на екстремистичките исламски терористички групи на Блискиот Исток и во Африка. Ваквата ситуација предизвика промена во дебатата за одбрана во Европа, и лидери-те на сè поголем број европски земји сега тврдат дека падот на европското трошење не може да продолжи во периодот кога безбед-носните предизвици се во пораст во Европа и во европските околни земји.

Русија продолжува со модернизација на армијата

Настаните во Украина во текот на минатата година направија „ерозија“ на речиси целата доверба меѓу западните сили и Русија и ја разнишаа Европа по Студената војна. Во текот на оваа криза, Русија ја покажа својата решеност во Украина да употре-би сила и поддршка и од страна на други сили. Применетите методи во интегрираната кампања користат воени и невоени средства, како на пример, софистицирани и брзи ин-формации и операции за водење електрон-ска војна, како и тајни и повремено отворени воени и разузнавачки мерки. Ова е еден при-мер на хибридна војна. Додека овој термин не е ништо ново, нова е софистицираната комбинација и брзата и синхронизирана апликација на способностите на силите кои се забележани во Украина.Во меѓувреме, Русија продолжува да ја модернизира својата армија. Силите за брза реакција на Русија имаат корист од инвестицијата во почетокот на процесот на реформите. Реорганизацијата на армиските организации продолжува и понатаму, исто како и инвестирањето во нови оклопни воз-ила, бродови, борбени авиони и насочувачко оружје. Русија продолжува да ја тестира пет-тата генерација борбени авиони „Сухој Т-50“ и се финализира дизајнот на новиот бомбар-

дер со долг дострел. Нивните воздушни и по-морски сили повторно се гледаат себеси во мисии и војување на големи растојанија по период од околу 20 години.Вистинските руски трошоци за одбраната се зголемија во просек за 10 отсто во по-следните три години до 2014 година. Сепак, одржувањето на оваа стапка на пораст ќе биде тешко, со оглед на влошувањето на руската економија, и најверојатно како поли-тички приоритет ќе се бара намалување на буџетот за одбраната, а владините трошоци ќе се фокусираат на други области. Русија продолжува со воената модернизација и со зголемен приказ на модернизираните воени средства, како и на активностите во Украина, од што, пак, се загрижени многу ев-ропски држави, особено оние во источниот дел на Европа. Како одговор на нивните гри-жи и за зголемување на сигурноста, НАТО ве-тува дека ќе ги зголеми трошоците за одбра-ната со пакет-иницијативи за „успокојување“. Менување на буџетските приоритети во одбраната на западните земји

Постојат знаци дека опкружувањето е со го-леми предизвици кои на стратешко ниво ги менуваат буџетските приоритети, особено во Северна и во Источна Европа. Во 2015 го-дина, во водечките „европски воени играчи“, како и во Франција и во Германија, средства-

МЕНУВАЊЕ НА БУЏЕТСКИТЕ ПРИОРИТЕТИ

9

Page 10: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

та за одбрана почнаа да растат и изгледа како досегашната надолна траекторија на трошоците за одбрана да може да се про-мени. Сепак, по изборите во мај 2015 годи-на, Министерството за одбрана на Велика Британија, веројатно e помалку среќно пора-ди нивниот буџет. Патот кој треба да го изодат е долг. Во 2014 година, во реални услови, европските трошо-ци за одбрана кумулативно беа пониски за 8 проценти отколку во 2010 година. Ако европ-ските членки на НАТО се за спроведување на целта за трошење како што е договорено на самитот во Кардиф во Велс (2 проценти од БДП [GDP] до 2024 г.), тие ќе мора да го прекинат трошењето кое во 2014 година из-несуваше 100 милијарди долари.По завршувањето на Студената војна, многу европски држави ги намалија своите воору-жени сили како резултат на „дивиденди за мир“. Помеѓу 1995 и 2015 година, борбените тенкови во Европа се намалија, од вкупно околу 25.000 до нешто помалку од 8.000, до-дека борбените авиони за напад на воздуш-ни и копнени цели, од 5.400 се намалија на 2.400. Промените кои некои европски влади сега започнаа да ги имплементираат нема да помогнат да се заборават големите загуби кои се случија претходните години. Додека ревизионистичка Русија го охрабру-ва европскиот безбедносен поредок, закана-та од екстремни исламистички терористи се

зголемува. Подемот на исламската држава (IS) и протокот на џихадистите во и надвор од различни полиња на војната на Блискиот Исток, стана главна преокупација за европ-ските држави. Воени успеси на дел од Ис-ламската држава ја поттикна американска коалиција да изврши воздушни напади про-тив џихадистичкото движење во Ирак и во Сирија. Воздушните операции на коалицијата можат да доведат до победи против IS на тактичко ниво, но тие не можат да нанесат стратегиски пораз на групата. Совладувањето на опера-циите кои ги најавува IS, а кои се дизајнирани во еднаква мера и за заплашување и за отворање на видувањата и размислувањата на шевовите на Коалицијата која дејствува против нив, ќе бара трајно мултилатерал-но внимание. Ќе биде побарана долгороч-на обука и поддршка која им е потребна на Сиријците кои не се во IS, на безбедносни-те сили во Ирак и на оние кои им помагаат на владините институции. Таа поддршка ќе треба да се комбинира со континуирани по-литички напори за да се поврати довербата на суниските малцинства во Ирак. Кај државите од регионот на војувањето, особено оние во Персискиот Залив, расте подготвеноста за употреба на сила, со цел решавање на приоритетите на национална-та безбедност, а не само тие да бидат вгнез-дени во рамките на коалицијата предводена

од САД. Саудиските операции во Јемен се индикатор на тој тренд. Трошоците за регионална одбрана биле екстремно високи. Растењето на несигурно-ста и конфликтот придонесоа за натамошно зголемување на истите. И понатаму се останува на тоа, трошењето на буџетот за одбрана да биде фокусирано на системи за противвоздушна одбрана и напад, особено во Заливот. Во 2011 година, просечните реални трошоци за одбрана бе-лежат раст во регионот на Блискиот Исток и Северна Африка за 3,5 проценти. Во секоја наредна година, IISS проценува дека ќе се зголемуваат во просек за 10 отсто.

Кина и Јапонија продолжуваат со инвестиции во одбраната

На исток во земјите на Азија, инвестициите во одбраната продолжуваат да растат. Од 2010 г., трошоците се зголемиле за повеќе од една четвртина на определен период, достигнувајќи повеќе од 340.000.000.000 до-лари во 2014 г. Трошоците за одбраната во Кина продолжуваат да го надминуваат ниво-то од своите соседи. Во 2010 г. во Кина тие изнесуваа околу 28 отсто од вкупните трошо-ци во Азија, а до 2014 г., својот удел таа го зголеми на околу 38 отсто. Спротивно на тоа, учеството на регионалните воени трошоци во Јапонија паднаа од 20 отсто во 2010 г. на помалку од 14 отсто во 2014 г. Трошоците за воени набавки во Кина се зго-лемија со зголемување на буџетот и тие про-должуваат да го привлекуваат вниманието, а особено серијата на нови воени програми за вооружување, од превозникот „Liaoning“ до уништувачи. Вооружувањето, исто така, e подобрено: 61 уништувачи и „frigate hulls“ кои се употребуваат во 2000 г. имаат помал-ку од 600 противбродски и „земја-воздух“ проектили. Сегашната флота има речиси тројно повеќе од тој број, со само 20 про-центи зголемување на трупот на воените бродови. Во ноември 2014 г. на аеромитин-гот на Zhuhai беше нагласен прототипот „FC-31“ на борбени авиони со голем дострел кој напојува суперсоничен антиброд-проектили

10

Page 11: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

„CX-1“, како и низа на „air-to-surface“ оружје кои се понудени за употреба на UAVs-летала. Јапонија, исто така, го зголеми својот буџет за одбраната и продолжува да ги зајакнува своите воени капацитети. Плановите за од-брана на Токио вклучуваат стекнување на „F-35“, „Osprey itlt-rotor“ авиони, развој на амфи-биско војување и проширена подморничка флота. Австралија го проценува Soryu-класа како можна замена за своите постоечки под-морници, но исто така се гледа во фран-цуски и германски дизајни. Подморниците остануваат клучно барање за државите во Азија. Виетнам почна да ги добива своите „Kiloclass“ бродови од Русија и Индија, Јужна Кореја, Индонезија и Сингапур, исто така, ги надгради своите подморнички сили. Брзорастечките економии продолжија да ги ескалираат своите буџети за одбраната. Во 2014 година овие зголемувања беа поголеми од намалувањата на Запад. Севкупно, ре-ално, трошоците за глобалната одбрана во 2014 година се зголемија за 1,7 отсто, по три години на намалување. Меѓутоа, овој тренд беше умерен оваа година со оглед на падот на цената на нафтата, стагнацијата на руска-та економија и забавување на глобалниот раст. Намалувањето на трошоците за одбраната на Запад останува впечатливо. Намалување на американската база и на буџетот за пре-куморските операции по повлекувањето од Ирак и од Авганистан, значи дека трошењето на САД падна од околу 47 проценти од вкуп-ната глобална потрошувачка во 2010 година на околу 38 проценти во 2014 година. За-падот сè уште троши повеќе од половина од средствата за глобална одбрана. Ова е намалување од две третини од вкупните светски трошоци во 2010 година.

Оптимален баланс меѓу амбициите и буџетските проекции

Поради тоа што некои држави имаат не-значително зголемување на одбраната, а и во услови на зголемена загриженост за безбедноста, западните држави ќе мора се-риозно да тежнеат кон оптимален баланс помеѓу нивните амбиции за одбраната и намалувањето на издатоците за воените сили. Јасно е дека побарувачката за одбран-бен ангажман и вршењето на вежби на во-ените сили не се намалува. Веројатно e дека реалниот буџет на Запад ќе расте, што, пак, на креаторите на политиката и на планерите за одбрана им обезбедува соодветна поддршка да прават спектар на способности, како и генерирање на адап-тивни воени и безбедносни капацитети, во смисла на персонал, опрема, како и можност да се распоредат и да работат брзо во сите домени. Членките, исто така, мора да се оси-гураат за електронска војна, информатички операции, сајбер и стратешки комуникации и капацитети, така што тие ќе можат да ра-ботат во областа на информатичката сфера, како и во воени услови. Вооружените сили и понатаму се вклучени, не само на традицио-налните воени задачи, туку, исто така, придо-несуваат во реализацијата на многу мисии со цивилните структури, како што е хуманитар-

на помош, помош при катастрофи, одговор при пандемии и друго. Овие мисии останува-ат глобални според обемот и комплексот на извршување.Врз база на анализата на истражуваниот материјал се дојде до сознание како во 2014 година значајните држави за глобал-ната безбедност (Русија, САД, Франција, Германија, Велика Британија, Кина, Јапо-нија и други) го вршеа вооружувањето на своите армии и за направените трошоци за одбраната во споредба со претходните три години.Поради тоа што некои држави имаат незна-чително зголемување на одбраната, а и во услови на зголемена загриженост за без-бедноста, западните држави веројатно ќе тежнеат кон оптимален баланс помеѓу нив-ните амбиции за одбраната и намалувањето на издатоците за воените сили. Јасно е дека побарувачката за одбранбен ангажман и вршењето на вежби на воените сили не се намалува. Веројатно e дека реалниот буџет на Запад ќе расте, што, пак, на креаторите на политиката и на планерите за одбрана ќе им обезбеди соодветна поддршка да направат еден спек-тар на способности, како и генерирање на адаптивни воени и безбедносни капацитети, во смисла на персонал, опрема, како и мож-ност истите да се распоредат и да работат брзо во сите домени.

Во 2015 година, оваа состојба е повеќе од за-канувачка. Несигурноста, насилството и упо-требата на воена сила се зголемува, обемот на нестабилност се проширува и нема изгле-ди дека воените кризи наскоро ќе завршат, туку дека ќе се „размножуваат“. Големиот развој на техниката и технологијата ги менува безбедносните предизвици и тен-денции, поради што армиите мора да се оси-гураат за одговор на истите со модернизација на своето вооружување во согласност со по-требите. Денес мисијата на вооружените сили не е само извршување на традиционалните вое-ни задачи туку, исто така, придонесуваат во реализацијата на многу мисии со цивилните структури.Со тоа што од почетокот на 21 век започну-ва нова ера на војувањето во која сè повеќе се нагласува потребата од поголеми способ-ности на војникот и неговата нова улога со која ќе се продлабочува мисијата, војникот-градител на мирот и стабилноста, ќе треба да вложува и во нова и соодветна обука на припадниците на вооружените сили.Останува да видиме што ќе донесе идното време и што ќе преземат лидерите, пред сè на големите сили кои се значајни за гло-балната безбедност, за да се справат со секојдневните и сè посложени предизвици и тенденции.

Елизабета Ташковска

11

Page 12: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

Како амбасадор во Македонија сте при-сутни од 2013 година, како резидентен амбасадор во Македонија кој ги покрива и Косово и Албанија. Како го доживува-те регионот на Западен Балкан и колку е значајна соработката помеѓу земјите од регионот?– Најнапред, благодарам што ја имам мож-носта да ги споделам моите размислувања за овие прашања.Не е лесно да се даде кус одговор на Вашето прашање. Како што можеби знаете, ова не е првпат јас да бидам aмбасадор на Шведска во Македонија. Моето прво назначување за aмбасадор беше во Белград во деве-десеттите години. Во тоа време немавме амбасада во Скопје, па јас бев, исто така, акредитиран и за Македонија. На таков на-чин јас ја имав привилегијата да го следам Западен Балкан веќе дваесет години. Иако сум бил амбасадор и на други места, јас и понатаму одблиску го следев регионот. Мис-лам дека имам мошне долга перспектива за нештата, а и можам да препознаам некои регионални трендови. Ситуацијата за многу од земјите во регионот значително се има подобрено од времето на мојот мандат во деведесеттите години. Албанија, можеби е најочигледниот пример, со тоа што се поме-стила од целосен хаос и колапс на држава-та во средината на деведесеттите години, за денес да биде членка на НАТО и земја-кандидат за прием во ЕУ. Воопшто не се става под знак прашање тоа дека иднината

12

Во рамките на овој мартовски број на магазинот „Штит“, имаме чест да го објавиме интервјуто со Н.Е. Mатс Стафансон, амбасадор на Кралството Шведска во Република Македонија. Разговорот беше краток, но импресивен. Најмногу од сè ни значи што добивме искрени честитки и пофалби за резултатите кои ги постигнуваме на полето на почитувањето на родовата рамноправност и родовите перспективи во секторот на одбраната. Комплиментите и пофалбите што ги добивме за сработеното од еден амбасадор на земја којашто е синоним за земја со висок степен на остварени слободи и права на сите полиња а, меѓу нив, секако, и почитувањето на родовата рамноправност и еднаквите можности и за мажите и за жените, навистина нè прави горди во напорите да ги постигнеме нашите зацртани цели вo таа насока

ИНТЕРВЈУ СО

Н.Е. МАТС СТАФАНСОН АМБАСАДОР НА КРАЛСТВОТО ШВЕДСКА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Page 13: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

на целиот овој регион е во ЕУ и, во многу од случаите, исто така, својата иднина ја гле-да и во НАТО. Но, сите земји се движат со различна брзина и сè уште постојат многу предизвици.

Имплементацијата на Резолуцијата 1325 за жените, мирот и безбедноста е во фо-кусот на соработката со Министерство-то за одбрана на Република Македонија. Кои активности беа преземени и дали се продлабочува соработката на ова поле?– Дозволете ми да започнам со одговорот на ова прашање, така што ќе упатам ком-плимент за сите постигнувања што АРМ и Министерството за одбрана ги имаат на-правено на ова поле. Вие сте меѓу предво-дниците на ова поле. Сигурен сум дека сте многу горди на тоа, и навистина треба да бидете, заслужено е.Во основа, нашата цел беше да се истак-нат сите напори кои овие две институции ги имаат направено и да се овозможи дијалог од кој сите ќе можеме да научиме нешто едни од други. За нас беше важно да има дискусија на еднакво рамниште, да има вистински дијалог. Еден пример за таков дијалог е случајот кога министерот за од-брана Зоран Јолевски и јас бевме домаќини на мала и неформална тркалезна маса во текот на минатиот ноември, заедно со клуч-ни држави-членки на НАТО, ОН и нашата го-стинка Шарлоте Исаксон, советник за родо-

ви прашања на SHAPE-генералот Бридлов. Советникот на највисокорангираниот воен командант на НАТО-структурите во Европа, г-ѓа Исаксон, има огромни познавања на практичните начини на кои НАТО-земјите и партнерите, како што се Шведска и Ма-кедонија, работат на терен на поле на Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации 1325. Важно е да се истакне дека таа ги пофали сите импре-сивни нешта кои АРМ и Министерството за одбрана ги имаат направено на ова поле. Министерот Јолевски беше многу љубезен и одвои време за да сподели дел од своите увиди и да ни објасни како Македонија му пристапува на ова прашање.

Амбасадата на Кралството Шведска и Ми-нистерството за одбрана на Република Ма-кедонија, заедно беа домаќини и на една панел-дискусија во врска со оваа тема, на која учествуваше државниот секретар за одбрана Елизабета Чуповска-Ристова, а јас го имав задоволството да ја модерирам дискусијата. Горди сме со исходот и со мож-носта да соработуваме со Министерството на толку важна тема.Денес нашиот фокус е да допреме до сту-дентите на студиите за мир и конфликт и да ги запознаеме со Резолуцијата 1325, но,

сигурен сум дека ќе изнајдеме и други нови можности за соработка.

Имавме поддршка од Шведска во вид на обука за родови инструктори во Тренинг-центарот на армијата на Шведска. Колку се значајни ваквите специјализирани об-уки за унапредување на родовата еднак-вост и родовите перспективи во одбран-бениот сектор? – Мило ми е што го спомнувате тоа. Швед-ска е домаќин на Нордискиот центар за ро-дови прашања во воените операции, кој во основа е НАТО-центар за родови обуки. Нам ни е многу мило што Македонија има пока-жано интерес да учествува во вакви обу ки,

бидејќи ние тоа го гледаме како многу важ-но прашање. Да се има родова перспекти-ва кон работите не е нешто што е „фино“ да се прави, туку е суштинско, централно и апсолутно неопходно во осигурувањето на мировните операции и сличните мисии да бидат успешни. Тоа го подобрува квалите-тот на работата на мисиите. Г-ѓа Исаксон, која ја спомнав претходно, нè информира-ше дека во места како што се Авганистан, НАТО успеал многу рано да го детектира присуството на Исламската држава токму преку разговори со жените од засегнатите

13

Page 14: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

заедници. Тие биле подготвени да разгова-раат за тоа прашање многу порано откол-ку мажите во заедниците, затоа што тоа ги засегало нив и нивните деца на многу кон-кретни начини. Јас можам да ви раскажам стотици вакви примери, но наместо тоа, јас би ги охрабрил членовите на АРМ да раз-говараат со лицата кои се сертифицирани родови обучувачи во АРМ за тие да ги спо-делат со нив своите размисли и увиди.Ги споменав мировните мисии претходно во мојот одговор. Една од причините зош-то Шведска се фокусира на квалитетот на мировните мисии е што ние имаме долга традиција на учество во мировни операции, главно мисии на Обединетите нации. До денешен ден, преку 80.000 жени и мажи во Шведска имаат учествувано во мировните мисии на Обединетите нации. Затоа веру-ваме дека имаме што да понудиме во однос на ова прашање и во однос на многу други прашања. Токму затоа и сме кандидати за непостојаното седиште во Советот за без-бедност на Обединетите нации за периодот 2017-2018 година. Во Советот ние ќе заста-пуваме ставови слични на Македонија: ние

сме неврзани во воена смисла и ќе зборува-ме од перспектива на мала земја.

Колку се значајни медиумите во совре-мениот свет и како гледате на развојот на социјалните медиуми како можност за јавна комуникација и остварување на слободата на говорот?– Доколку конкретно го разгледуваме пра -шањето на социјалните медиуми и дип ло-матијата, сметам дека е неверојатно како тие, социјалните медиуми, ги имаат преоб-ликувано некои делови на ди пло матијата. Умешноста е речиси иста – да се комуни-цира, да се објасни, да се анализира. Тоа е во суштината на она што го правиме. Но, денес повеќе не е случај само премиерите и министрите да зборуваат едни со други зад затворени врати, туку земјите, независно од својата големина, да се натпреваруваат со идеи и вредности пред глобална публи-ка. И, тоа пред публика која е, како никогаш претходно, пописмена и добро образована. За земја како што е Шведска, позната по тоа што се држи до своите принципи, нам тоа ни дава моќ и сила, но уште поважно можност да притиснеме за одредени прашања и да бидеме сигурни дека останатите прашања уште се високо на агендата.И кога зборуваме за социјалните медиуми и дипломатијата, би сакал да ја истакнам им-пресивната работа што вашето Министер-ство за одбрана ја прави за социјалните медиуми. Навремено е и информативно, а така и ѝ служи на својата цел многу добро.

Со оглед дека сте дипломат од кариера и добар познавач на состојбите во реги-онот и пошироко, каков е Вашиот став во поглед на мигрантската криза и кои се можностите за соодветно решавање на состојбите?– Да бидам искрен, мошне тешко е да се одговори на ова прашање. Ситуацијата се менува од ден на ден, и треба да се оста-не скромен кога постојат такви предизвици. Она што можам да го кажам е дека мојата

влада ова го има истакнато на многу фору-ми, во различни дискусии, а тоа е потреба-та да се поддржат и да им се помогне на земјите како што е Македонија. Вашата зем ја претрпе енормен притисок. Она што е важно е да се најде одржливо европско решение. Историјата одново ни има покажа-но дека заедничките европски решенија за проблемите се покажуваат како најдобри, бидејќи се базираат на консензус, па отта-му и траат. Точно какво треба да биде ре-ше нието, е прашање за лидерите на европ-ските земји. Не се обидувам да избегнам од говор на прашањето, туку посочувам де ка треба да имаме на ум дека премиерите се демократски избрани и им даваат отчет на граѓаните на нивните земји. Ваквите пра-шања, кои речиси се од егистенцијално зна-чење, секако дека може да бидат спроведе-ни од технократи, но одлуката кој пат да се зе ме, или како да се реши ова прашање, тре ба да биде направена од оние кои дава-ат отчет.

За крај, би ве прашале дали постои нешто во Република Македонија за кое сметате дека е посебно и единствено и што може-би ќе Ви недостасува по завршувањето на Вашиот ангажман во нашата држава?– Јас и моето семејство многу уживаме во нашиот живот овде во Скопје. Македонија е една од најпријателските земји кои сум ги посетил, климата е добра и храната е вкус-на. Мојата сопруга потекнува од Србија, па за неа Македонија е речиси како да е дома. Нашиот син е билингвален (шведски/српски) од своето раѓање. Тој мошне бргу го научи македонскиот јазик, и зборува и пи-шува многу течно. Јас читам на македонски без никаков проблем. Фактот што целото наше семејство може да се снајде, што го разбираме и зборуваме јазикот, секако дека е важен фактор зошто тука ни се допаѓа толку. Јас, исто така, напорно работам на тоа да го научам албанскиот јазик, особе-но кога ги посетувам Албанија и Косово, но морам да кажам дека тоа е многу тежок јазик. Се надевам дека мандатот овде во Македонија ќе ми трае уште некоја година, па можеби е прерано за да ги резимирам сите мои впечатоци.

д-р Жанет Ристоска

14

Page 15: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

аштитата од дејството на експло-зивните материи е сложена и по-ве ќеслојна. Особено е комплексна

заштитата од мините на изненадување. По-новата историја укажува и на феноменот на бомбашите-самоубијци, од кои заштитата особено е отежната. Затоа постојано се раз-виваат нови, современи техники и тактики, а се користат и нови видови на специјални алати и заштитна облека. За денешниот со-времен свет одамна е поминато времето на минерскиот комплет со пипалка, знаменце за обележување и триножникот на кој се поставуваше експлозив над експлозивната направа за таа да се уништи. Развојот на науката, техниката и технологијата доведе до појава на роботи за уништување на ек-сплозивните направи, кои во денешно вре-ме можат самостојно да извршуваат многу операции. Експлозивните направи се софистицирани и направени да го повредат или уништат војникот или борбеното возило. Тие се до-бро маскирани и се со мали димензии, но со голема експлозивна сила. Ако ги земеме во предвид бомбашите самоубијци со при-митивни запалки, современиот војник на боиштето (но и во мир, особено во миров-ни мисии) се сретнува скоро со невидлива опасност и со тешко предвидлива ситуација. Затоа истражувањата и развојот на техники-те за откривање на експлозивните напра-ви се поинтензивни, а уредите кои треба

тоа да го овозможат се сè повеќе сложени. Опасност во борбениот, но и вон борбениот простор претставуваат и неексплодирани-те мини или гранати, ракетни полнења, ка-сетни бомби или мините на изненадување. Дури и денес се пронаоѓаат мини, гранати или авиобомби од Првата или Втората свет-ска војна. Повеќе не е едноставно ни да се изведе детонација на неексплодирани бо-еви средства, бидејќи повеќето од нив се изработени од непознати компоненти, чија конструкција ја знаат само инженерите кои ги развиле. Покрај тоа, во експлозивни-те мини можно е да се стават и биолош-ки, хемиски или радиоактивни елементи, кои после детонацијата го контаминираат подрачјето на експлозијата или овозможу-ваат разнесување на токсичните материи во атмосферата. Исто така, многу од експло-зивните направи се направени така за после активирањето да предизвикаат пожар. Во повеќето војски поради тоа постојат еди-ници на специјално обучени и оспособени деминери кои користат разновидна опрема за работа со експлозивните средства. Тие единици не се составени само од деминери (пиротехничари) туку и од експерти за хеми-ски, биолошки, запаливи, радиолошки и ну-клеарни материјали и уреди. Припадниците на овие единици, со примена на посебни по-стапки ги отстрануваат опасните неекспло-дирани мини и ракети или импровизираните експлозивни направи. Покрај тоа, задача

им е да утврдат дали има неексплодирани боеви глави, да го идентификуваат видот на запалката, да ја разоружуваат мината со одвојување на запалката од експлозив-ното полнење. Тие ги неутрализираат не-познатите експлозивни средства, ги одло-жуваат опасните експлозиви и запаливите материјали на безбедни места заради нивно уништување. Голем проблем претставуваат и терористичките бомби и проверуваат дали после експлозијата постои контаминација. Покрај анализата на импровизираните ек-сплозивни направи, особено се грижат и за застарената муниција. За да ја познаваат новата технологија, тие посетуваат курсеви каде стекнуваат искуства и сознанија за тоа како од детали да дојдат до информации за видот на експлозивот, запалката и за други-те компоненти на експлозивните направи. Членовите на ЕОД тимовите користат и ро-боти кои оваа опасна работа ја прават по-лесна и посигурна. Меѓутоа, постојат ситу-ации во кои роботот не може да помогне и тогаш човечката рака е најсигурниот алат при деминирањето или уништувањето на експлозивната направа. Роботот „Талон”, на пример, е користен во мисија 11 месе-ци и преживеал над стотини инциденти додека не бил разнесен во експлозија на автомобил-бомба. Тоа е одличен процент на успешност. Од неодамна, тимовите на деминери користат теренски апарати за спектрална анализа, ласери и електрон-

СОВРЕМЕНА ЗАШТИТНА ОПРЕМА ЗА ДЕМИНИРАЊЕ

ЕФИКАСНА ЗАШТИТА

15

Page 16: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

ска опрема за детекција, скенирање или акустична анализа. За уништување на не-експлодираните мини и импровизираните експлозивни направи користат експлозив „Ц-4“. Проблем претставува отстранувањето или гасењето на материјалите кои се мно-гу запаливи и муницијата од мал калибар. Најголем проблем се бомбите со одложено дејство. ЕОД-тимовите во Ирак и во Авга-нистан имаат уништено повеќе од 100.000 експлозивни средства и направи со големи трошоци и жртви. Загинале повеќе од 100 пиротехничари. Современата заштитна облека која е отпор-на на експлозија нуди сеопфатна заштита против детонацијата на експлозивот. Совре-мената заштитна облека се изработува од кевлар и некои други арамидни материјали, бидејќи нивните влакна ја шират силата на експлозијата по целата облека. Арамидните материјали се состојат од синтетички по-лимерни влакна. Тој материјал е исклучи-телно силен, а доволно лесен за да може

од него да се направи ткаенина за заштит-ни елеци и облека отпорна на експлозија. Покрај тој материјал, во облеката е вграде-на дополнителна пена или постава од други материјали, заради ублажувања на ударот на експлозијата. Тие додатоци спречуваат парчињата на телото на бомбата или ме-талните делови вградени во експлозивна-та направа да дејствуваат смртоносно, а исто така го намалуваат влијанието на ви-соката температура која ја предизвикува експлозијата. Балистичките плочи помагаат најјаките сили да се пренасочат на целокуп-ната облека и ги одбиваат гелерите и секун-дарните фрагменти.

Високи стандарди на изработка

Врз основа на истражувањата и добие-ните резултати утврдени се стандарди за материјалите за заштита од експлозија и механичките удари на цврстите делови. Основните стандарди и нормативи за за-штитна опрема се утврдени од страна на компанијата „ASTM International”. Денес, ши-рум светот се користат околу 12.000 AСТМ стандарди за подобрување на квалитетот на производите од областа на безбедноста. На утврдување на стандардите на AСТМ

учествуваат повеќе од 30.000 најголеми светски технички експерти и професионал-ци од 150 земји. За секој стандард постојат објаснувања за методите на тестирање, спецификации, упатства и податоци од праксата. Кога се зборува за изработката на заштитна облека, утврдено е дека мора да се почитуваат ергономските принципи кои велат дека правилно поставените делови на облеката треба да го покриваат торзото и виталните органи и да ги овозможи сите движења потребни за работа со експлозив-ните средства. Исто така, се прифаќаат и барањата кои се корисни кога таквата об-лека мора да обезбеди неопходен комфор, од ладење до спречување на иритација на одредени делови на телото. Современите стандарди за заштитна опрема ги утврдува-ат најбитните карактеристики на облеката и нивните заштитни функции. Се препорачува шлемот (отпорен на експлозија) да биде из-работен од арамидно јадро, а надворешни-от слој од некој излиен заштитен материјал

или суспензија, како и да се прицврстува за главата со ремени кои даваат одредена удобност, но го амортизираат и ударот. Шле-мовите мора да имаат проѕирен антибали-стички визир, а некои и вградени слушал-ки и микрофон, како и уреди за пренос на радиосигнали. Специјализираните шлемови можат да имаат интерно напојување, венти-лационен систем, кој го лади носителот и го отстранува замаглувањето на визирот. На шлемот треба да постои и носач, каде техничарот може да монтира „hands-free“ видеокамера или светло, екран од транс-парентниот систем за виртуелна навигација и слично. Високата јака би требало да биде продолжена до шлемот и да го штити вра-тот. Под заштитната облека техничарот носи долна облека која ја впива потта и разладу-ва (односно затоплува, по потреба). Посеб-но треба да биде обезбедено и заштита на грлото, градите и препоните. На облеката треба да има џебови во кои се ставаат бласт-плочи, пред сè на предната страна, односно преку градниот кош, рацете и нозете. Пропи-сите, стандардите и праксата укажуваат на потребата сите делови да мораат да бидат добро поврзани, како не би се одвојувале од телото при експлозија, но и да овозмо-жат брзо ослободување од повредениот

техничар поради брза медицинска помош и транспорт. Покрај тоа, во облеката може да се вгради и внатрешен вентилационен систем, односно механизми за ладење, кои ја одведуваат зголемената топлина и пот. За сега постојат неколку типови на разладни уреди кои користат принцип на ладење со помош на вода или течност за ладење, која се разведува со мрежа на цевчиња зашиени во внатрешноста на облеката. Важно е да се истакне дека пиротехничарот својата опас-на работа ја врши и под силен психолошки притисок. Меѓутоа, довербата во опремата и алатите кои ги користи, колку и ситуацијата да е стресна, неговото искуство и знаења ќе направат психолошката напнатост да се намали. Заштитната облека која денес ја употребуваат современите инженерци, пиротехничари или деминери, претставува унапреден комплет на делови за заштита на телото. Тоа се шлем, заштитни дело-ви за торзото, рацете и нозете, посебно за препоните, чизми и додатоци на чизмите,

кои го спречуваат непосредното дејство на експлозијата на нагазната мина на стапало-то. Со заштитната облека оди и специјален комплет на опрема за работа со минско-ек-сплозивните средства. Комплетот на опре-ма содржи торби и прекривки, а и деминер-ско буре за превезување на експлозивите или направите вон зоната на опасност.

Видови заштитни шлемови, облека и обувки

Заштитниот шлем на компанијата „Med-ing“ EOД 9А е дел од опремата на деминерите. Во шлемот има интерфејс за контрола на електромагнетното влијание и спречување на намалувањето на карактеристиките на електронските, електричните и електроме-ханичките делови на опремата и потсисте-мите. Со оглед на тоа дека современите пиротехничари користат разни електрични алати или електронски уреди, вклучително и компјутери, современата опрема мора да овозможи нивно функционирање без посебни негативни ефекти. Шлемот е при-менлив при работа со класични експлозив-ни материјали, како што се муниција, мини или неексплодирани гранати, но и за рабо-та со импровизирани експлозивни напра-

16

Page 17: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

ви. Шлемот штити од притисок, дејство на фрагменти и влијание на топлината. Со на-ведените стандарди компатибилен е и ви-зирот, кој штити и од биолошко или хемиско дејство. Покрај тоа, во шлемот се вградени и системи за вентилација и осветлување. Шлемот е интегрален дел на заштитната облека и може автоматски да се заклучи на облеката, правејќи го целиот систем за-творен од надворешни влијанија, односно од затруена атмосфера после експлозијата. Бидејќи шлемот физички цврсто е фикси-ран со заштитната облека, тоа спречува при евентуална експлозија, шлемот да се одвои од телото и така да го усмрти техничарот. Новост претставува и вградувањето на уред за ноќна работа на шлемот на заштитната облека. Таа иновација им овозможува на EOД-техничарите поуспешно да ги детекти-раат експлозивните средства. Канадската заштитна облека „Med-ing EOD 9“ и шлемот „EOД 9“ и „9А“ се употребуваат како ком-плет. Нивната заштитна способност ги за-доволува сите здравствени и безбедносни стандарди.Друг вид на заштитна облека е „Med-ing TAC 6“. Тоа е многу лесен комплет, опремен со разни додатоци. Може да го користат про-тивдиверзантски техничари, а најчесто e во опремата на единици кои имаат специјални оружја и тактики во високоризични ситуации (SWAT). Заштитната облека се состои од повеќе модуларни компоненти. Компоненти-те ги покриваат градите, рамената, абдоме-нот, препоните и нозете. Облеката штити од експлозија, воздушен натпритисок, пламен, шрапнели и други ефекти на експлозијата. Се користи при демонтирање на импро-визирани експлозивни направи, минирани автомобили, а особено при средба со бом-баш самоубиец. Полицијата го употребува и во текот на претрес на теренот и ако по-стои сомневање дека криминалците зад себе оставиле експлозивни направи. И овој комплет е ергономски дизајниран – не ги от-ежнува движењата на рацете. Сите делови, како и целокупната облека, се контролираат, односно се врши балистичко тестирање.„ACE“ (Advanced Clearance Ensemble) е мо-дуларнa современа облека. Составен дел е на личната заштитна опрема на војниците кои вршат деминирање, от стра нување на мини, неексплодирани убој ни средства и експлозивни направи на из не надување, во војна и мир. Основата се состои од долна облека во вид на тренерка. На основната облека, војниците можат да додадат панта-лони, ракави или балистички плочи заради зголемување на нивоата на заштита на ви-талните делови на телото. Градите се шти-тат со елек кој нуди балистичка заштита, која може и да се зголеми со вметнување на балистички плочи во вградените џебови. Таа опрема може лесно да се облече и собле-че. Всушност, „ACE“ современата облека е повеќенаменска заштитна платформа погод-на за работа во средини каде постои опас-ност од експлозивни средства и направи. Из-работена е од лесен материјал, покомфорна е во однос на волуменозниот заштитен ска-фандер и нуди заштита од фраг менти од ек-сплозивните направи. Со целата површина го штити војниковото торзо.„LDE“ (Lightweight Demining Ensemble) е модуларна облека која обезбедува балан-сирана заштита од експлозија на против-

пешадиските мини. „LDE“ му овозможува на пиротехничарот пријатна работа во раз-лични климатски услови, без потреба од опрема за ладење на телото. И ова обле-ка е модуларна, така што пиротехничарот може многу бргу да го замени секој дел на заштитната облека во однос на задачата и условите во кои ја извршува. Стандарднaта „LDE“ облека ја сочинува престилка (која

се разликува од деминерската престил-ка) и панталони. Подобрена е заштитата на градите и препоните. Покрај тоа, може да се користи и балистичка плоча, која се интегрира со визирите „Med-ing VBS-250“ или „VBS-450“, како и со „LDH“ шлемот, за континуирана заштита на горниот дел на те-лото, вратот и главата. И оваа облека е на-правена од лесен материјал, па ја олеснува работата во сложени услови, намалувајќи го топлотниот стрес и замор. Плочата за препоните овозможува и клечење во те-

кот на работата, а панталоните ги штитат бутините. Деминерската престилка обез-бедува лесна фронтална заштита од ек-сплозии на противпешадиски мини. Се упо требува при вршење на работи на деминирање во текот на подолго време, без за грозување на личната безбедност. Вооби-чаено е да се употребува при проверка на земјиштето, геодетското обележување на

минското поле, при проаѓање низ грмушки и погуста вегетација, при детекција на мини, ископување и други активности. Престилка-та обезбедува само фронтална заштита, од јаката до рамената, ги штити градите, пре-поните и бутините. Проблемот на заштита на рацете на пиротехничарите, деминерите или лицата кои работат на онеспособување или отстранување на експлозивни на-прави е многу сложен. Особено е сложе-на заштитата на прстите и дланката. При деминирање се користат „OHP 100“ заштит-ник за рацете и „CHP 100“-заштитник. Тие му овозможуваат на пиротехничарот лесно да ги употребува алатките или детектори-те. Заштитата на нозете, покрај дебелиот ѓон на минерските обувки, опфаќа и систем за заштита на стапалата, наречен „Пајак”. Станува збор за додаток за обувките, а го користат пиротехничарите при детекција на мини и при деминирање на противпешади-ско минско поле. Тој додаток е изработен така што ги штити стапалата на деминерот од експлозија на противпешадиска мина. Може да се носи речиси на секој терен, а особено при извидување на минско поле, а и за помош при извлекување на настра-дани во минско поле. Пајак-стапалото при експлозија на мината ја подига ногата и така овозможува енергијата и фрагментите да се разминат и да се насочат подалеку од стапалото. Телото на тој додаток, како и заштитниците за нозете, го апсорбира-ат преостанатиот дел од енергијата на експлозијата и фрагментите, со цел силата на експлозијата да не предизвикал сериоз-ни повреди на екстремитетите. За зашти-та во услови на работа на контаминирано земјиште се користи и лична АБХ-заштитна опрема, со која се штитат респираторните органи.

Александар Стојчевски

17

Page 18: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

СПОРЕД КАТЕГОРИЗАЦИЈАТА НА ПЕШАДИСКИ ОРУЖЈА, „MP7А1“ ПРИПАЃА НА КЛАСАТА АВТОМАТИ. АВТОМАТОТ ПОСЕДУВА КОМПАКТНИ ДИМЕНЗИИ, А НЕГОВОТО ПОЛНЕЊЕ СО МУНИЦИЈА СЕ ИЗВЕДУВА СО РАМКА ЗА МУНИЦИЈА ПРЕКУ НЕГОВИОТ ПИШТОЛСКИ РАКОФАТ (ПО ПРИМЕРОТ НА UZI). ОРУЖЈЕТО РАБОТИ НА ПРИНЦИПОТ ПОЗАЈМУВАЊЕ НА БАРУТНИТЕ ГАСОВИ, КАДЕ ПРИТОА СЕ ОСТВАРУВА КРАТОК ОД НА ГАСНИОТ КЛИП (ПО ПРИМЕРОТ НА ПУШКАТА HK G36). ИНАКУ, АВТОМАТОТ ДЕЈСТВУВА ОД ЗАБРАВЕН ЗАТВОРАЧ, А ЗАБРАВУВАЊЕТО СЕ ОСТВАРУВА СО 6 БРАДАВИЦИ КОИ СЕ ПОСТАВЕНИ НА ГЛАВАТА ОД ЗАТВОРАЧОТ. ПО ИСПУКАНИОТ ПОСЛЕДЕН КУРШУМ ЗАТВОРАЧОТ ОСТАНУВА ВО ЗАДНА ПОЛОЖБА. САНДАКОТ НА „MP7А1“ Е ИЗРАБОТЕН ОД ПОЛИМЕР, ЗАЈАКНАТ СО ЈАГЛЕНИ ВЛАКНА, НО НА ОДРЕДЕНИ КРИТИЧНИ ТОЧКИ ПОСЕДУВА И ЧЕЛИЧНО ЗАЈАКНУВАЊЕ. СИТЕ КОМАНДНИ ЛОСТОВИ ОД ОРУЖЈЕТО СЕ ПОСТАВЕНИ ОД ДВЕТЕ СТРАНИ НА САНДАКОТ (СЕЛЕКТОР НА СТРЕЛБА, ОСЛОБОДУВАЧ НА РАМКАТА ЗА МУНИЦИЈА, ОСЛОБОДУВАЧ НА ЗАТВОРАЧОТ) И СЕ ЛЕСНО ДОСТАПНИ. ЛОСТОТ НА СЕЛЕКТОРОТ ЗА СТРЕЛБА ИМА 3 ПОЗИЦИИ: ЗАКОЧЕНО (НАЈГОРЕ), ЕДИНЕЧНА СТРЕЛБА (СРЕДИНА) И РАФАЛНА СТРЕЛБА (НАЈДОЛЕ). ПОКРАЈ КОЧНИЦАТА НА СЕЛЕКТОРОТ ЗА СТРЕЛБА, МЕХАНИЗМОТ НА АВТОМАТОТ ПОСЕДУВА УШТЕ ДВЕ АВТОМАТСКИ КОЧНИЦИ. РАЧКАТА ЗА РЕПЕТИРАЊЕ Е СМЕСТЕНА НА ЗАДНИОТ ГОРЕН ДЕЛ ОД САНДАКОТ И Е ЛЕСНО ДОСТАПНА, НЕЗАВИСНО ДАЛИ КОРИСНИКОТ Е ДЕСНИЧАР ИЛИ ЛЕВИЧАР. ИНАКУ, ПРИ ОГНЕНО ДЕЈСТВО СО АВТОМАТОТ, РАЧКАТА ЗА РЕПЕТИРАЊЕ НЕ СЕ ДВИЖИ. НА ПРЕДНИОТ ДОЛЕН ДЕЛ ОД САНДАКОТ Е ПОСТАВЕН РАКОФАТ КОЈШТО СЕ СКЛОПУВА. ШТИТНИКОТ НА ЧКРАПАЛОТО Е НАПРАВЕН СО ПОГОЛЕМИ ДИМЕНЗИИ, СО ЦЕЛ КОРИСНИКОТ ДА ИМА ЛЕСЕН

ПРИСТАП ДО ЧКРАПАЛОТО КОГА НОСИ РАКАВИЦИ. ПО ДОЛЖИНАТА НА ЦЕЛИОТ ПОКЛОПЕЦ НА САНДАКОТ Е ПОСТАВЕНА ЕДНА PICATINNY-ШИНА, А ПО ПОТРЕБА НА ПРЕДНИТЕ БОЧНИ СТРАНИ ОД САНДАКОТ МОЖЕ ДА СЕ ПОСТАВАТ ДОПОЛНИТЕЛНИ ДВЕ МАЛИ PICATINNY-ШИНИ. НА ШИНИТЕ МОЖЕ ДА СЕ ПОСТАВИ РАЗЛИЧНА ОПРЕМА: КОЛИМАТОРСКИ НИШАН, ОПТИЧКИ НИШАН, НОЌЕН НИШАН, ЛАСЕРСКИ НИШАН, ТАКТИЧКО СВЕТЛО И МЕХАНИЧНИ НИШАНИ НА СКЛОПУВАЊЕ СО НИШАНСКА ДАЛЕЧИНА ДО 200 M. КУНДАКОТ Е ТЕЛЕСКОПСКИ, ОДНОСНО ИЗВЛЕКУВАЧКИ, СО 3 ПОЗИЦИИ НА ПРИСПОСОБУВАЊЕ НА НЕГОВАТА ДОЛЖИНА СПОРЕД ПОТРЕБИТЕ НА КОРИСНИКОТ. ПО ПОТРЕБА КУНДАКОТ МОЖЕ ДА СЕ ОДВОИ ОД АВТОМАТОТ. „MP7А1“ И ПОСЕДУВА ТВРДО ХРОМИРАНА ПОЛИГОНАЛНА ЦЕВКА, НА ЧИЈ ПРЕДЕН ДЕЛ Е ПОСТАВЕН РАЗБИВАЧ НА ПЛАМЕН, КОЈШТО ЛЕСНО СЕ ОТСТРАНУВА. НА АВТОМАТОТ МОЖЕ ДА СЕ ПОСТАВИ И ПРИДУШУВАЧ НА ИСТРЕЛ КОЈ ГИ ПОСЕДУВА СЛЕДНИТЕ ДИМЕНЗИИ: ТЕЖИНА 590 gr, ДОЛЖИНА 222 mm, ДЕБЕЛИНА 40 mm И ШИРОЧИНА НА ПОЗИЦИЈАТА ЗА ПРИКАЧУВАЊЕ НА ПРИДУШУВАЧОТ 44 mm. ЗА ПОТРЕБИТЕ НА „MP7А1“ СЕ РАЗВИЕНИ 7 ТИПОВИ НА МУНИЦИЈА: „FMJ SX“, „ACTION SX“, „AP SX“, „TRAINING SX“, „FRANGIBLE SX“, „BLANK SX“ И „DRILL“. ПРАКТИЧНО, СТАНДАРДНАТА МУНИЦИЈА НА „MP7А1“НА ДАЛЕЧИНА ОД 200 M УСПЕШНО ЈА ПРОБИВА СТАНДАРДНАТА БАЛИСТИЧКА ЗАШТИТА ЗА ВОЈНИКОТ CRISAT, КОЈА Е СОСТАВЕНА ОД 1,6 mm ДЕБЕЛА ТИТАНИУМСКА ПЛОЧА И 20 СЛОЕВИ НА КЕВЛАР. ОРУЖЈЕТО ЛЕСНО СЕ РАСКЛОПУВА И СЕ СКОПУВА БЕЗ АЛАТ И БАРА МАЛО ОДРЖУВАЊЕ ПОРАДИ ДОБРО ОСМИСЛЕНИОТ ГАСЕН МЕХАНИЗАМ, А МОЖЕ ДА СЕ НОСИ НА ГРАДИ, НА БУТОТ ОД НОГАТА И СКРИЕНО ПОД САКО.

Ивица Дамески

„Штит” ви претставува

1. Монтажен разбивач на пламен2. Гасен систем со гасен клип кој има краток од3. Преден механички нишан4. Шина „Picatiny MIL-STD-1913“5. Носач на затворач и затворач6. Рефлексен нишан „Hensoldt RSA“7. Заден механички нишан8. Рачка за репетирање9. Кундак на склопување10. Метална прачка од кундакот на склопување11. Повратна пружина со водиште

АВТОМАТ „HK MP7А1“

1

2

3

20

21

18

Page 19: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

12. Механизам на чкрапалото13. Рамка за муниција со капацитет од 20 куршуми14. Пиштолски ракофат15. Држач/ ослободувач на рамката за муниција16. Селектор за стрелба17. Чкрапало со сигурносна кочница18. Oслободувач на затворачот19. Цевка20. Механизам за утврдување на позицијата на предниот ракофат21. Преден ракофат на склопување

ТАКТИЧО- ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА „MP7A1“

КАЛИБАР 4,6 mm

МУНИЦИЈА 4,6х30 mm

ДОЛЖИНА СО СКЛОПЕН КУНДАК 415 mmДОЛЖИНА СО РАСКЛОПЕН КУНДАК 638 mm

ВИСОЧИНА 169 mmШИРОЧИНА 51 mm

ДОЛЖИНА НА ЦЕВКАТА 180 mmТЕЖИНА БЕЗ РАМКА ЗА МУНИЦИЈА 1.9 kg

ТЕЖИНА НА РАМКА ЗА МУНИЦИЈА ЗА 20 КУРШУМИ 100 gr

ТЕЖИНА НА РАМКА ЗА МУНИЦИЈА ЗА 30 КУРШУМИ 150 gr

ТЕЖИНА НА РАМКА ЗА МУНИЦИЈА ЗА 40 КУРШУМИ 200 gr

БРЗИНА НА ПРОЕКТИЛОТ НА ИЗЛЕЗ ОД ЦЕВКАТА ОД КУРШУМОТ „COMBAT STEEL“ 750 m/s

ЕНЕРГИЈА НА ПРОЕКТИЛОТ НА ИЗЛЕЗ ОД ЦЕВКАТА ОД КУРШУМОТ „COMBAT STEEL“ 478 Ј

МАКСИМАЛЕН ЕФИКАСЕН ДОСТРЕЛ 200 mМАКСИМАЛЕН ДОСТРЕЛ НА ПРОЕКТИЛОТ 1.720 m

БРЗИНА НА СТРЕЛБА 950 куршуми во минута

АВТОМАТ „HK MP7А1“4

5

6

7

8

9

10

11

12

1314

151617

1819

19

Page 20: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

ухој 24“ (НАТО-име „Fencer“) е су-персоничен авион, дизајниран и развиен за сите временски услови

во време на Советскиот Сојуз. Произведен е од страна на фабриките „Sukhoi Design Bureau Joint Stock Company“ од Москва и „Novosibirsk Aircraft Production Association“ од Новосибирск. Авионот е конструиран со променлива геометрија на крила. Ова бил првиот авион во СССР со интегриран диги-тален систем за навигација и за напад. Основната мисија на „Су-24“ е длабоко да навлезе на непријателска територија и да ги уништи сите површински и подземни цели во кои било временски услови од денот и ноќта. Варијанти на „Су-24“, исто така се произведени и се наменети за извидување и електронски контрамерки. Додека „Миг-21“ и „Миг-27“ биле дизајнирани за супериорност во воздухот, „Су-7“ и „Су-17“ за блиска под-дршка, „Су-24“ е користен за копнен напад со ниска пенетрирачка височина. Тој е по-широко еквивалентен на англо-германско-италијанскиот авион „Tornado“. Во тоа вре-ме, британскиот магазин „Air international“ ќе напише: „Су-24“ е потенцијално најголемата закана за европските држави и на сите бор-бени авиони во служба. Тој има одлични ка-рактеристики во вид на борбена носивост, долет и е во состојба да ги извршува напа-ди, следејќи ја конфигурацијата на теренот“.За првпат полетал на 31 декември 1971 година, а од 4 февруари 1975 година офи-цијално бил прифатен во употреба како „Су-24“. Вкупно биле произведени 1400 парчиња „Су-24“. Во 1974 година адмиралот Thomas Moorer во улога на Joint Chiefs of Staff US

Armed Forces, ја дал сензационална изјава за изгледот на новата генерација на совет-скиот авион за напад, за кој експертите на НАТО го дале името „Fencer“ и првично го идентификувале како „Су-19“.Авионот никогаш не се користел или не се третирал како стратешки бомбардер, иако бил наменет за извршување и на нуклеарен напад со нуклеарните бомби „TN-1000“ и „TN-1200“. Овој авион може да носи до 8000 килограми убојни средства, додека нормал-ниот капацитет е околу 4000 килограми. За-мена за „Су-24“ е новиот „Су-34“, со можност за подолг дострел (Interdictor), кој е дериват на авионот „Су-27“, усвоен од страна на ру-ските воздухопловни сили.Најмногу се користи во руските и украински воздухопловни сили, како и во некои други

држави. Од неодамна е особено попознат на јавноста кога руското Министерство за одбрана соопшти дека руски воен авион од типот „Су-24“ е соборен на границата помеѓу Турција и Сирија од страна на турското во-ено воздухопловство.

Карактеристики на авионот

Со текот на годините, моделите на „Су-24“ се модернизирани и надградени со мо-дерна опрема. Со продолжување на жи-вотниот век, извршена е и надградба со: руски систем GLONASS, којшто е пандан на GPS, надграденa пилотска кабина со мултифункциoнални дисплеи, опрема за ноќно летање, дигитална мапа, наведува-но вооружување и многу друга опрема и

АВИОН ЗА СИТЕ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ

SUKHOI SU-24

20

Page 21: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

системи. Надградените верзии на авионот се назначени како „Су-24M2“. Како и да е, авиониката на авионот не била отсекогаш добрата страна, па поради тоа не можел да им парира соодветно на своите противници од западно потекло.„Су-24“ има променлива геометрија на кри-лата до максимални 69°. Тие имаат четири позиции на подесувања: 16° за полетување и слетување, 35° и 45° за крстарење на раз-лични височини и 69° за ниско крстаречко ниво. Променлива геометрија обезбедува одлични перформанси, дозволувајќи мала брзина на слетување од само 230 км/час. Сето ова овозможува и максимална брзина од 2 320 км/час на надморска височина од 17.500 метри. Способен е за полетување и слетување на кратки растојанија ( Short Take Off and Landing - STOL).Од опремата за вооружување поседува монтиран топ под трупот, основна опре-ма за електронски контрамерки, радар за предупредување од напад, разни видови на ракети, проектили, бомби итн. Надградбата на „Су-24М“ започнала во 1971 година со додавање на систем за полнење гориво во текот на лет и проширување на можностите на напад со уште поголем то-вар. Прототипот полетал на 29 јуни 1977 го-дина, а бил прифатен во употреба во 1983 година. Овој модел е подолг за 0,76 м со до-дадена сонда за гориво. Има и нов инертен систем за навигација и дигитален компјутер.Позната е и варијантата „Су-24МР“ (Fen-cer-E), како тактички авион за из ви ду вање. Тој влегол во служба во 1983 година, не по-седува радар за напад, топови и авионика за напад, во корист на панорамски камери и инфрацрвен систем за извидување. Тој, исто така, носи и други сензори. Инфор-мациите од сензорите лесно може да се пренесуваат во реално време до земските станици. Овие извидувачки авиони може да носат до два „воздух-воздух“ проектили за самоодбрана. Производство на „Су-24МР“ престанало во 1993 година, а најмалку сто од овие тактички извидувачки авиони биле изградени.Варијантата „Су-24МР“ („Fencer-F“) често-пати е користена за собирање разузнавач-ки информации од комуникацијата помеѓу луѓето (разузнавачка кратенка COMINT) или од електронски сигнали кои не се користе-ни директно во комуникација (електронско разузнавање познато како ELINT). Авионот Fencer-F влегол во служба во 1983 година. Од овие авиони се произведени само 10 до 20 парчиња.

Оперативна употреба

Авионите „Су-24“ за првпат биле распореде-ни како воздушни сили на Советскиот Сојуз во Германија во 1979 година и во Полска. Денеска, значителен број на поранешни со-ветски воздухоплови остануваат во служба во Азербејџан, Казахстан, Русија и Украина. Во 2008 година, околу 415 авиони биле во служба во рамките на руските сили, од кои 321 модел во руските воздухопловни сили и 94 во руската морнарица. Постои можност за замена на „Су-24“ со „Су-34“ во рамките на руските воздухопловни сили.Како најзначајни места и боишта на употре-ба на авионот се следните:

– Советскиот Сојуз користел „Су-24“ во вој-ната во Авганистан, почнувајќи од 1984 г.;

– на 13 октомври 1990 година, сириските ави они од овој тип влегоа во либанскиот воздушен простор заради реализација на воздушни напади. Вкупно седум авиони „Су-24“ се користеле во оваа операција;

– за време на операцијата „Пустинска бура“, воздухопловните сили на Ирак евакуира-ле 24 од своите 30 „Су-24MKs“. Само пет биле уништени на земјата, додека шести-от останал во служба по војната;

– авионите биле користени од страна на воздухопловните сили на Узбекистан про-тив исламистичките и опозициските сили кои оперирале од Авганистан. Еден „Су-24“ бил соборен на 3 мај 1993 година со

ракета „Stinger MANPADS“, истрелана од фундаменталистите;

– „Су-24“ се користел за време на Чеченската војна во улога на вршење бомбардирање и извидувачки мисии. Четири авиони биле изгубени;

– во август 2008 година, тензиите во отцепе-ните грузиски региони Осетија и Абхазија ескалираа, со што се отвори војна помеѓу Русија и Грузија. Руските „Су-24“ биле вклучени во бомбашки напади и извиду-вачки летови над Грузија;

– за време на либиската граѓанска војна во 2011 г., бунтовниците соборија еден „Су-24MK“ на либиските воздухоплов-ни сили со употреба на противвоздушно вооружување;

– почнувајќи од ноември 2012 година, 18 месеци од почетокот на граѓанската војна

во Сирија и четири месеци од почетокот на воздушните напади, авионот „Су-24“ зеде учество за напад на бунтовничките позиции. Првата загуба за авионот беше извршена од страна на ПВО средство “Игла“;

– на 2 јули 2014 година, еден украински воз-духоплов Су-24 беше оштетен од проек-тил од страна на проруските сили. Бил оштетен еден од моторите, но екипажот успеа да се врати во базата;

– на 23 септември 2014 година, еден сири-ски „Су-24“ бил соборен од израелска ко-манда за воздушна одбрана (со проектил „Патриот“), откако навлегол 800 метри во израелски контролиран воздушен простор над Голанската Висорамнина. Проекти-

лот го погодил воздухопловот кога овој повторно влегол во сирискиот воздушен простор.

Поголемиот инцидент се случи на 24 ноем-ври 2015 година, кога еден руски „Су-24М“ авион беше соборен од страна на два тур-ски авиони „Ф-16“ во близина на Турција и сириската граница. Екипажот се катапулти-ра пред уривањето на авионот на сириска територија. Русија тврдеше дека авионот не го напуштил сирискиот воздушен простор, додека Турција го тврдеше спротивното и дека авионот по влегувањето во нивниот воздушен простор бил предупреден 10-12 пати, пред истиот да биде соборен. Од двајцата членови на екипажот кои се ката-пултираа, едниот преживеа, додека другиот беше убиен од страна на бунтовниците.

Драган Павловски

ГЕНЕРАЛНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА АВИОНОТ „SUKHOI SU-24“

ПОСАДА 2 члена – пилот и оператор

ДОЛЖИНА 22.53 м.

ШИРОЧИНА 17.64 м.ВИСОЧИНА 6.19 м.

МАКСИМАЛНА ТЕЖИНА НА ПОЛЕТУВАЊЕ 43 755 кг.ТЕЖИНА НА ПРАЗЕН ВОЗДУХОПЛОВ 22 300 кг.

МАКСИМАЛНА БРЗИНА НА ЛЕТ 1315 – 1654 км/час

БОРБЕН РАДИУС 615 км во улога на ниско-летечка мисијаПЛАФОН НА ЛЕТ 11 000 м.

ЗЕМЈИ-ОПЕРАТОРИ / КОРИСНИЦИ Русија, Украина, Сирија, Ажир, Иран, Судан и Казакстан

21

Page 22: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

antsir-S1“ (руска ознака „Панцирь-С1“ или НАТО-код „SA-22“, односно „Greyhound“) е артилериско-раке-

тен систем за противвоздушна одбрана, дизајниран за заштита на витални воени објекти, индустриски капацитети и воени единици, како и за засилување на едини-ците за противвоздушна одбрана кои се од-говорни за заштита на воени единици и ин-сталации од прецизно изведувани воздушни напади од мали и екстремно мали височини. Мобилната верзија на системот „Pantsir-S1“ вклучува: борбено возило (до шест возила во рамките на ракетна батерија), наведува-ни ракети „земја-воздух“, топови со калибар 30 мм, транспортер-возило за дотур на ра-кети и натоварувач (едно за две борбени возила) и средства за обука и одржување. Артилериско-ракетниот систем „Pantsir-S1“ е дизајниран од страна на „KBP Instrument Design Bureau“ од Тула, Русија, а се произ-ведува од страна на компанијата „Ulyanovsk Mechanical Plant“ од Улјановск, Русија. Си-стемот „Pantsir-S1“, за прв пат беше прет-ставен кај јавноста во 1995 година, во текот на егзибицијата „MAKS“, која се одржа во близина на Москва. Во мај 2000 година, Обе-динетите Арапски Емирати (ОАЕ) нарачаа 50 системи „Pantsir-S1“, монтирани на воз-ила на тркала 8 × 8, тип „MAN SX 45“. Оваа нарачка беше во вредност од 734 милиони долари, а првиот дел од нарачката беше

испорачан во ноември 2004 година. Допол-нително, беше побаран нов радар од страна на ОАЕ, а комплетниот систем им беше ис-порачан во 2007 година. Исто така, Сирија нарача 50 системи „Pantsir-S1“, а испорака-та започна во јуни 2008 година. Јордан нара-ча системи од овој тип (број на системите е необјавен). Во руските воздухопловни сили, првите 10 артилериско-ракетни системи

„Pantsir S1“, влегоа во оперативна употреба на 18 март 2010 година.Системот „Pantsir“ се произведувал во след-ните варијанти:– „Pantsir-S1“ - монтиран на различни ками-

онски шасии и на оклопни борбени возила и

– „Pantsir-S2“ - модифициран систем со зго-лемен дострел до 30 километри.

PANTSIR-S1

РУСКИ АРТИЛЕРИСКО-РАКЕТЕН СИСТЕМ ЗА ПВО

22

Page 23: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

Вооружувањето на „Pantsir-S1“ се состои од дванаесет наведувани ракети „земја-воздух“, со ознака „57E6“ или „57E6-Е“ и два 30-ми-лиметарски топови, со ознака „2A38M“. На системот е интегриран радар, способен за откривање на воздушни цели, на далечини поголеми од 30 km, со ефективна површина на одраз до 2-3 m2 и да ги следи целите на далечини поголеми од 24 km.Системот „Pantsir-S1“ може да носи до дванаесет радио-командно водени ракети „земја-воздух“. На лансирната рампа се рас-поредени во две групи по шест контејнери. Ракетите поседуваат двостепен мотор на цврсто гориво и истите се запечатени во контејнери, подготвени за лансирање. Први-от степен е стартниот мотор, кој обезбеду-ва нагло забрзување во првите 2 секунди од лет на ракетата, по што се одвојува од маршевскиот мотор. Вториот степен ја со-чинува работата на маршевскиот мотор, кој ја движи ракетата до целта. Ракетата по-седува: ракетен мотор кој е многу агилен дел на ракетата и е изработен од високо-експлозивни прачки, фрагментирачка бо-ева глава, контактна и близинска запалка, како и радиопрашувач и ласерски одгова-рач, сите наменети за наведување ракета на цел. Ракетата не е опремена со глава за самонаведување. Наместо тоа, висока-та прецизност и следењето/наведувањето на ракетата се обезбедува преку систем на сензори кои работат во различни фреквент-ни подрачја и систем за пренос на податоци за наведување, кои се пренесуваат преку радиолинк за максимално до четири ракети во лет. Поради тоа, може да бидат ланси-рани ракети по четири цели истовремено, а исто така, можно е гаѓање во плотун (две ракети на една цел). Производителот дава податок дека ракетата поседува веројатност за погодување на целта од 70-95% и има животен век од 15 години, ако се наоѓа запе-чатена во контејнери. „Pantsir-S1“, монтиран на борбени возила, може да оствари дејство и во движење.Системот „Pantsir-S1“ обично се монтира на камионска шасија од возило тип „Урал-5323“, на платформа на која се инсталира-ни: вооружување, уреди, сензори, опрема за контрола и се наоѓаат членовите на екипа-жот. „Урал-5323“ е камион со четири оски и погон на сите тркала. Тркалата на првата и на втората оска се управувачки. Каминот ко-ристи дизел-мотор со воздушно ладење, кој обезбедува моќност од 290 к/с. Во руската армија, системот „Pantsir-S1“ е монтиран на шасија на „Камаз 6560“ со погон 8х8. Исто така, системот „Pantsir-S1“ е монтиран на шасија „GM-352M1E“, произведена од стра-на на белоруската компанија „Minsk Tractor Plant“.Артилериско-ракетниот систем „Pantsir S-1“ има способност да дејствува истоверемно по две воздушни цели или да дејствува про-тив 12 воздушни цели за една минута. Ефек-тивен дострел на ракетите изнесува до 20 километри, максималната височина на лет на ракетата е до 8 километри, а за артиле-риски гранати дострелот е до 4 километри. Системот може да работи во пасивен ре-жим, со користење на инфрацрвени канали

во подрачје на големите бранови должини, со логичко процесирање на сигналот и авто-матско следење на целта. „Pantsir-S1“ може да дејствува по речиси целиот спектар на воздушни закани, сите видови на прецизно водени оружја, особено ако летаат со брзи-на до 1000 м/с и се приближуваат од различ-ни курсеви под агол од 0° - 10° до 60° - 70°, авиони кои летаат со брзини до 500 м/с, хе-ликоптери, далечински управувани летала, како и лесно оклопни непријателски возила и непријателска жива сила. Комбинацијата на ракетно и топовско вооружување му овозможува на операторот да обезбеди континуирано целта да се наоѓа во зона на лансирање (гаѓање), а со тоа и непрекина-то дејство по целта, почнувајќи од макси-малниот дострел од 18 до 20 км, па сè до минималниот дострел од 200 m. „Pantsir-S1“ е опремен со радар кој работи во повеќе режими и оптички систем за контрола на вооружувањето, кои работат во UHF, EHF и IR-подрачјата од спектарот. Системот по-седува висок имунитет на попречување, стабилен е во средина со електронско

попречување и под непријателски оган.Системот за контрола на оган на „Pantsir-S1“ вклучува набљудувачки и нишански радар (ознака „1RS2-1E“ за извоз), кој работи во UHF и EHF-бранова должина. Максимал-ниот досег на набљудувачкиот радар изне-сува од 32-36 km, а на нишанскиот радар 24-28 km, за цели со одраз 2 м2. Овој радар ги следи и целта и ракетата за време на нивниот лет. Како и радарот така и систе-мот за контрола на оган има електро-оптич-ки канал со термовизиска камера на долги бранови должини и инфрацрвени уреди за одредување правец на целта во однос на системот, вклучувајќи дигитална обработка на сигналот и автоматско следење на цел-та. Поевтината варијанта на овој систем е поедноставена заради намалување на тро-шоците и оваа варијанта е опремена само со електрооптички систем за контрола на огнот. Двата канали за наведување (радар-ски и електрооптички) се независни, што овозможува дејство по две цели во исто време.

Т.Д.

СПЕЦИФИКАЦИИ

ВООРУЖУВАЊЕ12 лансерни цевки за ракети „земја-воздух“ „57E6“ или „57E6-Е“ и 2 двоцевни топови 30 мм „2A38M“

ЗЕМЈИ-КОРИСНИЦИ Алжир, Бразил, Ирак, Иран, Обединетите Арапски Емирати, Јордан, Русија, Сирија

ПРИДРУЖНА ОПРЕМА

Систем за радиокомандување со одредување правец на целта со помош на радио или инфрацрвен уред, автономни набљудувачки и нишански радари

ЕКИПАЖ 3 лицаРАДАРСКИ СИСТЕМ Автономен набљудувачки и нишански радар

ОКЛОП Камионот не е оклопен

КАМИОН „Урал 53234“, „Камаз 6560“ или „MAN SX45“

БРЗИНА НА КАМИОН 90 км/ч (за „Камаз 6560“)ДОСТРЕЛ НА РАКЕТАТА 1 - 12 кмТЕЖИНА НА РАКЕТАТА 90 кг со контејнер

ДОСТРЕЛ НА ТОПОТ 200 - 4000 метриБРЗИНА НА ГАЃАЊЕ 4500 – 5000 гранати/минута

23

Page 24: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

инескиот тенк „MBT-3000”, имену-ван и како „VT4”, e верзија наменета за извоз, и истата претставува нова

генерација на основни борбени тенкови дизајнирани и произведени од страна на ки-неската компанија за одбрана „NORINCO”. Според „NORINCO“, во тенкот „VT-4” е вгра-дена најновата технологија, со цел да одго-вори на предизвикот на високотехнолошко војување. Неговите перформанси и борбе-ни способности, овој тенк го вбројуваат меѓу најнапредните основни борбени тенкови во светот. Идејата за овој тенк за првпат е прет-ставена на Меѓународниот саем за одбрана „Eurosatory” во Париз, во јули 2012 година, но првиот вистински модел е прикажан во Кина на Меѓународниот саем за авијација и воздухопловство во 2014 година.

VT4

КИНЕСКИ ТЕНК ЗА НАДВОРЕШНА ТРГОВИЈА

24

Page 25: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

Основното вооружување на тенкот „MBT-3000” се состои од топ „ZPT98”125мм со мазна цевка, топлински ракав и чаден ек-страктор, дизајниран со стабилизација на цевка по двете оски за максимална точност при гаѓање во движење. Пополнувањето на топот се врши преку автоматот за полнење кој има капацитет од 22 дводелни проек-тили, слично како во тенкот „Т-72“. Со по-мош на овој автомат, теоретската брзина на гаѓање со топот изнесува 8 (осум) проекти-ли во минута. Борбениот комплет на тенкот изнесува вкупно 38 дводелни проектили.Топот има можност за гаѓање со моментно фугасен, кумулативен и поткалибарен про-ектил и антитенковска ракета со ласерско водење.

Тенкот дополнително е вооружен со спрег-нат митралез 7,62 мм, поставен на десната страна од топот со борбен комплет од 3000 куршуми и со далечински контролиран про-тивавионски митралез 12,7 мм, поставен на десната страна на куполата на тенкот на по-стамент со кој ракува командирот на тенкот со борбен комплет од 500 куршуми.Покрај тоа, на тенкот е поставен сет на во-дени проектили, кои дозволуваат употреба на водени проектили со дострел до 5км.Целокупниот изглед на „MBT-3000” е кон-венционален, со многу низок профил, ка -рак теристичен за руските тенкови, со упра вувачко одделение на предниот дел, борбено одделение, кое е централно по-ставено, и моторно одделение во задниот дел на тенкот. Со тенкот управува тричлена посада составена од командир, нишанџија и возач. Возачот е сместен во управувачко-то одделение, централно на предниот дел од телото на тенкот, додека командирот е сместен на десната страна од куполата и нишанџијата на левата страна во куполата во борбеното одделение на тенкот. Куполата на тенкот е поставена централно, и истата е обложена со заварени челични плочи и еден слој на композитен оклоп на предниот дел. За зголемување на заштитата на страните на телото на тенкот, може да се вгради и ек-сплозивно-реактивен оклоп. Кошницата за складирање на индивидуалниот комплет е поставена на задниот дел и на двете страни на куполата на тенкот.Во тенкот „MBT-3000” е вграден турбое-лектронски контролиран дизел-мотор со водено ладење и автоматски менувач, кој развива моќност до 1300hp (969 kW).

Суспензијата е од торзионен тип со хидра-улични амортизери, со шест двојно гумира-ни потпорни тркала, затегнувач и погонско тркало, поставени на двете страни од тен-кот, поврзани со две гасенични платна со гумени облоги. За зголемување на акциони-от радиус на тенкот, надворешно на задни-от дел можат да се постават две буриња за дизел-гориво. Тенкот со тежина од 52 тони може да се движи со максимална брзина од 68km/h, со максимален акционен радиус од 500 км, што го прави идеален за борба во пустините во непосредна близина на индиската грани-ца. Тенкот може да совлада ров со широчи-

на до 2,7 метри, да помине низ вертикална пречка со височина до 1,2 метри и може да се искачува на косина од 60%. Со едноча-совна подготовка тенкот може да совлада водени пречки до 5 метри. Навигацијата на тенкот е помогната од инерцијален систем за навигација и GPS-систем за сателитска навигација.Како и во повеќето современи основни бор-бени тенкови, во тенкот „VT4” е вграден ди-гитален систем за управување со оган, кој овозможува гаѓање во движење со точност до 5 метри, кој вклучува втора генерација на термовизиски камери на позицијата на командирот и нишанџијата и ласерски ме-рач на далечина. Овој систем ја овозможу-ва способноста „Hunter/Killer” која му дава можност на командирот на тенк да открива

нови цели, независно од ангажирањето на нишанџијата на друга цел.Стандардната опрема на тенкот вклучува систем за колективна НХБ-заштита, си-стем за идентификација на пријателски и непријателски сили, систем за активна за-штита „GL5”, GPS-систем за навигација, систем за климатизација и систем за придушување на внатрешна експлозија. Позицијата на возачот, исто така е опреме-на со задна камера и со монитор кои се по-ставени пред возачот, со што е овозможено возење на тенкот наназад, без асистенција на командирот на тенкот. Во тенкот е вгра-ден и автоматски систем за гаснење на

пожар, кој е дизајниран да реагира на вна-трешни опасности, заштита на посадата од експлозии на муницијата и општи пожари.Тенкот „VT4” е целосно дигитализиран и опремен со систем за борбен менаџмент. Овој систем се состои од рамен екран, монтиран во внатрешноста на тенкот, кој се користи за комуникација со системите за борбен менаџмент во другите возила, вклучувајќи и комуникација со командните места. Овој тенк користи дата-линк за да обезбеди заштитена комуникација и пре-нос на информации помеѓу единиците и командите на бојното поле, кои вклучуваат слики и видеоснимки од тенкот и разни ин-формации од беспилотни летала поврзани со состојбата на бојното поле.

Зоран Стојановски

25

Page 26: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

ри вршење увид на местото каде што е извршено делото се собираат траги од самото место, со цел нивно

детално испитување и создавање на форен-зичка информација. Кога ќе се најде телото, неопходно е утврдување на околностите под кои настапила смртта. За таа цел во ова поглавје ќе се даде осврт на испитувањето и на утврдувањето на начинот на смртта на човекот.

Форензички паталог и антраполог

Кога се врши операционализација на ме-стото каде што е извршено злосторството потребно е да се утврди начинот и местото како настапила смртта. Од ова утврдување ќе констатира дали станува збор за при-родна или насилна смрт. Тоа што треба да се знае е дека при истражување на едно злосторство неопходно е да се најде тело-то на жртвата. Доколку пронајденото тело е на самото место на злосторството тогаш обдукцијата и форензиката на телото го врши форензички паталог. Тоа опфаќа низа на техники со кои се утврдува видот на по-вредите, хронологија на повредите, приори-тет на повреда како и утврдување на смрто-носна рана. Но често пати телото на жртвата може да биде пронајдено и многу подоцна или во физички услови кои довеле до не-гово распаѓање или пак доколку станува

збор телото да е пронајдено многу подоцна тогаш најверојатно ќе биде пронајден само скелет или некакви остатоци без меко ткиво. Во таков случај форензичката обдукција или анализа ќе ја прави форензички антраполог.

Одредување на време кога настапила смртта

Кога ќе се пронајде телото на жртвата (на местото на злосторството или на друго ме-

сто) прво се пристапува кон одредување на времето кога настапила смртта. Првичниот увид како што го нарекуваат форензичари-те е примарно одредување врз основа на познати параметри како што е одредување на телесната температура, телесните теч-ности (доколку крвта сè уште не e коагули-рана), се проценува дека смртта настапила неодамна. Во сите други случаи се прави подлабока и посеопфатна анализа заради прецизно одредување на времето. Времето

ПРОВЕРКА И ИСПИТУВАЊЕ НА ЧОВЕЧКОТО ТЕЛО

ФОРЕНЗИКА

26

Page 27: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

од кога настапила смртта па сè до нејзиното временско лоцирање, се вика посмртен ин-тервал. Еден од првите знаци, како што споменав-ме, е параметарот телесна температура. По настапување на смртта телото започнува да се лади поради прекин на циркулацијата на крвта по што по одреден временски ин-тервал телото како објект ја добива темпе-ратурата на околината. На пример, доколку температурата на околината е од 14 до 18 степени Целзиусови, температурата на вна-трешноста на телото за 6 часа ќе биде 28-30 степени, за 10 ќе биде 25-26 а за 15 часа ќе биде околу 22 степени. Меѓутоа, на сето ова влијаат и бројни екстерни фактори, кои при анализата треба да бидат земени пред-вид. Така, на пример, атмосферскиот прити-сок, влажноста на воздухот, ветрот и видот на подлогата значајно придонесуваат во отстапувањата на овие вредности. Како друг параметар за одредување на вре-мето кога настапила смртта е и бојата на кожата (помодреност или хипостаза) која се менува односно се интензивира на секој еден час. Тоа настанува како резултат на гравитацијата на крвта кој при изненаден прекин на крвта односно циркулацијата се задржува во одредени ткива или екстреми-тети. На пример, кога смртта настапува со бесење вообичаено помодреноста наста-пува во долните екстремитети и стапалата. Ако смртта настапила со удар или притисок од некој предмет во тој случај рабовите каде е предизвикан ударот се помодри а пери-ферната површина е виолетово сина пора-ди пукањето на капиларите. Доколку смртта настапила како последица на огнено оружје пак, местото на латентната рана е потемна со бледи завршетоци кои после 6 часа по-ради задоцнето коагулирање на крвта ста-нуваат модри. Ако смртта настапила пора-ди затруеност, тогаш бојата е различна, во смисла дали настанала како резултат на тврд хемиски агенс каде што бојата на тело-то е светлосина или, пак, доколку агенсот е гасовит, тогаш бојата е вишново розова. Следен параметар кој се зема предвид е параметарот вкочанет поглед, кој се јавува како резултат на ослободувањето на ка-лиумот од рожницата на окото во очното јаболко. Времето на ослободување е отпри-лика до 3 часа, и врз основа на тоа се лоци-ра посмртниот интервал. Друг параметар е вкочанетост на телото која се јавува во први-те неколку часа. На почетокот на смртта те-лото е меко и млитаво. Но, за период од 5-6 часа започнува да се вкочанува вилицата, лицето, а потоа во период од 15 часа целото тело се вкочанува поради низа биохемиски промени во организмот, поточно во мускул-ниот систем. Но, после 24 часа, повторно те-лото постепено станува тромо, а мускулниот тонус целосно исчезнува.

Распаѓање на телото

Распаѓањето на човечкото тело е детерми-нирано од многу фактори, и тоа интерни и екстерни. Како интерни фактори се смета-ат биохемиските процеси на телото во пе-риодот на живот, бактериите и габите при-

сутни во телото, ензимите или, пак, редица екстерни фактори како што се животните, влажноста на воздухот, снегот, мразот, во-дата итн. Распаѓањето започнува после 3 дена (сепак, во зависност од временските услови и други надворешни фактори), и тоа телото отекува заради надуеност и гасови предизвикани од распаѓањето на телото. На површината на кожата се појавуваат меури со гас (или течност) кои пукаат и се одвојува дел од мускулното ткиво. Течностите од те-лото полека исчезнуваат, а за период од 50 дена абдоминалната празнина се отвора, а мускулната маса се разложува. Треба да се спомене дека распаѓањето на телото за-виси и од тоа дали се наоѓа под вода, под земја или на отворено. Телото на отворе-но се распаѓа најбрзо, односно за некол-купати побрзо отколку во другите случаи. Како фактор се наметнува и здравствената состојба на личноста, па така доколку лич-носта била нездрава, дебела и со некакви бактериски инфекции, тоа тело се распаѓа значително побрзо. Кога ќе има целосно распаѓање останува само скелетот, односно костурот на телото. Кога се испитува староста на скелетот, форензи-ката има технологија за испитување старост до 100 години, бидејќи е нелогично подоцнежно испитување, имајќи пред-вид дека сторителот е си-гурно мртов. Секако дека се развиваат технологии и за форензичка анали-за повеќе од 100 години, особено за значајни лич-ности од минатото. Кога говориме за распаѓање на тела значајно е да се спомене дека во не-кои случаи не доаѓа до распаѓање на телото, односно тоа е речиси идентично како кога било живо. Тоа, пред сè, за-виси од низа фактори, и за истото постои научно испитување. Како факто-ри кои се наметнуваат се секако топлите суви услови во кои телото се исушува или народски кажано се муми-фицира. Телото, односно трупот, има спец-ифична кафена боја, а кожата се закораву-ва, односно се набрчкува како цврста лушпа на трупот, штитејќи го од понатамошни над-ворешни влијанија. Во некои случаи телото може да мумифицира со формирање на адипоцера, односно формирање на восоч-на обвивка како резултат на хидролиза на телесните масти. Мумифицирањето секогаш предизвикувало зачуденост и фасцинирање од страна на народот. Во минатото Египќаните верувале дека доколку телото преживее тогаш и духот може да преживее. Покрај Египќаните вакви верувања имале и други религии, култури и нации, па така техниката за мумифицирање се развила кај некои народи речиси до совр-шенство. Денес во современото доба се

знае за овие техники, но сепак кај научни-ците постои фасцинации кај одредени вер-ски лидери и духовни следбеници. Имено постојат материјални докази за „духовно просветлени“ луѓе кај кои и по смртта телото изгледа речиси како да спие, без да ја про-мени масата или бојата на кожата. Имајќи предвид дека мумифицирањето е најчесто кај бебињата кои починале, се смета дека причината за тоа е поради нискиот степен на присуство на телесни бактерии и микро-организми. Се мисли дека тие луѓе се оние кои најчесто се хранат со вегетаријанска храна или ја користат соларната храна и имаат здраво тело кое е од отпорно на распаѓањето предизвикано од интерните причинители, како и од екстерните фактори. Науката сè повеќе прифаќа дека постојат некои нематеријални фактори кои влијаат на телото, како што е медитацијата, која влијае на биохемиските процеси на орга-низмот, како и соларната енергија, како фак-тори кои можат да влијаат на процесот на распаѓање на телото. Неодамна, светските медиуми јавија дека во Индија има човек кој

благодарение на медитација има нормална клеточна хемиска размена на клетките без да консумира храна и вода. Истиот беше под 24-часовен надзор подолг временски период, при што се констатираше дека ста-нува збор за вонтелесни хемиски процеси, благодарение на психичката хибернација на организмот што, секако, во иднина може да придонесе, особено при вселенските експе-диции. Во следниот број ќе продолжиме да пи-шуваме на истата тематика, односно за утврдување на причините за смртта од медицински аспект, како и судската прак-тика при утврдување на овие причини пре-ку неколку примери на обдукција и суд-ска стоматологија, како и за улогата на фотосупермизицијата и за реконструкција на лицето на жртвата.

д-р Игор Гелев

27

Page 28: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

а 24 февруари, министерот за од-брана на Република Македонија, Зо-ран Јолевски, заедно со амбасадо-

рот на Соединетите Американски Држави, Џес Бејли, присуствуваа и се обратија на отворањето на изложбата „Американскиот Црвен крст во Македонија за време на Прва-та светска војна“ во Воениот музеј.На отворањето присуствуваше и начални-кот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, заменикот-началник на НГШ, генерал-мајор Мухамет Рацај, како

и претставници на дипломатскиот и военоди-пломатскиот кор во Република Македонија.„Министерството за одбрана на Република Македонија особено внимание му посветува на минатото на нашата земја и на односи-те кои низ годините зад нас ги градиме со нашите партнери и пријатели. Стратешко-то партнерство и искреното пријателство на Република Македонија со Соединетите Американски Држави не се од понов да-тум, туку има многу настани кои се сведо-ци за истото“, истакна министерот за од-

брана на Република Македонија за време на отворањето на изложбата. Тој ја изрази својата најдлабока благодарност до сите ху-манитарци кои ја даваат својата поддршка таму каде што е најпотребна и додаде оти во справувањето со предизвиците кои се резултат на мигрантската криза, Министер-ството за одбрана и Армијата на Републи-ка Македонија ја имаат предвид хуманоста и посветеноста кон доброто на луѓето. Тие вредности секогаш ќе бидат водилка во нашето дејствување, со што најдобро ќе влијаеме и врз одбраната и безбедноста на граѓаните на Република Македонија.Хуманитарната улога на бројни меѓународни организации, поединци експерти и волон-тери, сесрдно помагани од македонскиот народ и македонското население, е за-бележана во бројни мемоарски и лите-ратурни дела, фотографски материјали и архивска документација која ни дава основа за истражување на хуманитарни-те мисии за лекување на ранети и болни и спроведување на дел од обврските од Хашките конвенции кои освен делумно за улогата на Црвениот крст со медицинските мисии во најголем дел не биле почитувани во случајот на Македонија и Македонците во време на Првата светска војна.Надвор од политиката, посебно е значајно да се истакнат активностите, хуманоста и посветеноста на странски медицински лица дојдени во Македонија во време на Првата

28

АМЕРИКАНСКИОТ ЦРВЕН КРСТ

ВО МАКЕДОНИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА

ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ ОД МЕРЛ ЛЕ ВОЈ ВО ВОЕНИОТ МУЗЕЈ

Page 29: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

29

светска војна. Голем број од нив настрадале за време на вршењето на својата мисија во Македонија.Особено значајна е улогата на американски-от Црвен крст, американските лекари, спе­цијалисти, медицински сестри, волонтери и други хуманитарни медицински тимови, кои биле испраќани во Македонија од декември 1914 г. па сè до завршувањето на војната и потпишувањето на Версајскиот мир.Во оваа прилика свое обраќање има-ше и амбасадорот на САД во Република Македонија, Џес Бејли, кој истакна: „Амбаса-дата на САД и македонското Министерство за одбрана имаат долготрајни меѓусебни од-носи. Ние соработуваме не само во областа на одбраната, туку и на многу полиња, и ние

сме многу горди на партнерските напори“. Амбасадорот додаде дека изложбата се совпаѓа со времето кога Македонија и реги-онот имаат потреба од поддршката на Црве-ниот крст, чиј тим заедно со Владата на Ре-публика Македонија, организациите на Обе-динетите нации и други организации обезбе-дуваат грижа и поддршка за бегалците кои бараат безбеден премин низ Македонија.Директорот на Воениот музеј, Александар Стојчев, во своето обраќање упати посеб-на благодарност до Националниот музеј на здравство и медицина од Вашингтон, до г­ѓата Џудит Рејсон, и се заблагодари на поддршката од Црвениот крст на Републи-ка Македонија и на Амбасадата на САД во Република Македонија. Тој додаде дека из-

ложбата на фотографиите во Воениот музеј ќе трае наредните 60 денови.Оваа изложба на Воениот музеј е во рам-ки на одбележување на стогодишнината од настаните поврзани со Првата свет-ска војна, а на изложбата беше изложена колекција на досега необјавени фотографии од Македонија од познатиот американски фотограф Мерл ле Вој – пионер на амери-канската документарна кинематографија и фотографија. Фотографиите се дел од збирките на Наци-оналниот музеј на здравство и медицина од Вашингтон, снимени во Македонија за вре-ме на Првата светска војна.На фотографиите, снимени од Ле Вој, ја гле-даме Македонија, земјата на Александар

Велики, како страдалница во Првата свет-ска војна, чии рани и болки ги ублажуваат и ја лекуваат медицински тимови и хумани-тарци од САД.Преку фотографиите на Ле Вој можеме да го почувствуваме хоророт на војната на Ма-

кедонскиот фронт, но и секојдневниот жи-вот и убавините на Македонија.Мерл ле Вој е нај поз­нат по неговите крат-ки документарци за островите во јужните мориња од 20­тите и 30­тите години од минатиот век. Познат

е и како новинар на познатиот весник „Pathe News“.Не долго откако ја купил својата прва камера, Ле Вој пату-ва во Европа за да известува за Првата светска војна. Не-

говиот филм, „Херојска Франција“ од 1917 година, им го пренел на американските ки-нопосетители хоророт на војната.После Првата светска војна еден пери од работел за меѓународниот Црвен крст, а по-доцна известувал за Кинеската ре волуција, за што замалку ќе бил егзекутиран, бидејќи по грешка бил обвинет дека е руски шпион.Во поголемиот дел од животот тој, заедно со „окото“ на неговата камера патувале на сите четири страни на светот, патувања за кои подоцна од своите колеги ќе ја добие ти-тулата „Модерниот Марко Поло“.

Кристина Илиевска

Page 30: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

30

СИЛНИ СПОРТСКИ БОРБИ НА ПОВЕЌЕ БОРИЛИШТА

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА МЕЃУНАРОДНИОТ

СОВЕТ НА ВОЕНИ СПОРТОВИ

Page 31: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

31

е членка на Меѓународниот со вет на воени спортови. Со-одветно на членството АРМ

ги исполнува сите договорни содржини со оваа престижна спортска воена меѓународна институција. Една од најубавите и нај атрак-тивните е и свечено да го одбележи 18 Фев-руари, Меѓународниот ден на МСВС.Како и секоја година така и оваа со посебна уредба потпишана од највисоките авторитети во АРМ, се организираа спортски натпревари во сите гарнизони, касарни, спортски терени кои се под јурисдикција на нашата армија. Ре-дакциски секогаш го покриваме овој преубав армиски спортски ден, па така дел од нашата редакција и оваа година се најде на воениот стадион во Скопје, каде што беа организира-ни спортски натпреварувања за единиците кои гравитираат кон град Скопје, вклучително и ГШ на АРМ и Министерството за одбрана.Иако ситниот дожд го пресели свеченото отворање на манифестацијата од платото во кругот на воениот стадион во спортската сала во склоп на истиот, сепак тоа не беше апсолутно никаков проблем натпреварувачи-те војнички да се постројат и триумфално да

ги подигнат знамињата на своите единици, спремни за спортска борба.Пред присутните се обрати заменикот на началникот на Генералштабот, генералот Му хамет Рацај, кој ги поздрави присутните натпреварувачи. Во својот краток и спортски говор, им кажа дека спортот е исклучително важна алка во подготовката на еден војник и најсилната психофизичка активност во системот на обуката која само ја подобрува личноста. ЗНГШ кажа дека АРМ располага со перфектни спортисти во своите редови и дека очекува и низ натпреварите да од-лучат витештвото, вештините и спортската среќа која е секогаш на страна на подобри-те и најхрабрите. На истата манифестација ЗНГШ, генерал Рацај, ги прогласи двајцата најдобри спор тисти за 2015 та во машка и женска конкуренција, и тоа потпоручник Жан Тосев и постар водник 1. класа Марија Пели-кон. На истите им додели пехар и дипломи со амблемот на МСВС, притоа честитајќи им ги врвните остварувања.

Се случија натпреварувања во повеќе дисци-плини и игри и се постигнаа убави резултати. Да тргнеме со ред.Во мал фудбал во малку нестабилни вре-менски услови првото место им припадна на играчите на 1. МПБР, второпласирани беа ПСО, трето место за припадниците на Ба тал-јонот за почести- БП.Натпреварите во кошарка традиционално во салата на комплексот воен стадион при-влекуваат огромно внимание. Ни брзите на-пади, ни фаулите, ни избрзаните шутирања за тројка не ги спречија првата петорка и ре-зервите на БП да го освојат златниот медал, пред екипата на КОД која се пласираше на второто место и бронзените од ПСО.Кој бил таму може да зборува а јас само ќе пишувам како автор на овој текст и не смеам многу да зборувам како учесник во финале-то на турнирот во пинг понг. Права драма во финалето. Имавме сигурно водство и речи-си победа како дел од заедничката екипа на МО и ГШ, но за жал спортската среќа им се насмевна на колегите од Воздухопловната бригада и во еуфоријата на нивната радост им немаше крај. Како што веќе реков, златен

медал за ВБР, сребрен за МО/ ГШ и бронзен и заслужен медал за двојката од ПСО.Шахистите на КОД во древната вештина ша-хот, демонстрираа сериозна дисциплина и стрпливост и со „дамин гамбит“ стигнаа до златото. ПСО се спуштија од нивната напор-на физичка обука во еден мисловен процес и го заземаа второто место, а нивните колеги од БП завршија како третопласирани.Во сите текстови кои низ годините досега ги напишавме токму на оваа тема и кога напра-виме мала ретроспектива гледаме дека кра-лицата на спортовите- атлетиката е дефини-тивно најомилената дисциплина на војниците и дека персоналната димензија и физичка кондиција неопходни да се учествува во ова натпреварување ја поседуваат многу.Екипно кај мажите атлетската формација на БСН- Волци успеа да измери најдобро вре-ме и да стигне пред сите на целта а со тоа и да го освои златниот медал. Припадниците на Ренџерскиот баталјон, кои се многу под-готвени момчиња, истрчаа за второто место, додека екипата на КОД остана трета.Поединечно, кај мажите, професионален вој-ник Милош Ранчиќ од ВБР го освои првото место, второпласиран беше капетан Игор Јакимовски од БСН- Волци, трет беше профе-сионален војник Тони Станоевски од БСН- Волци. Припадничките на АРМ се вистински атлети. Брзи, издржливи, способни да се справат со временските услови, со должина-та на патеката и со експлозивноста во стар-тот и мудриот финиш.Екипно, прво место го освоија припаднички-те на Ренџерскиот баталјон, второто место

Баталјонот за почести, а третото место атле-тичарките од КОД.Поединечно жени, првото место го освои по-стар водник Марија Пеликон од Баталјонот за почести, второто професионален војник Марија Димевска од Ренџерскиот баталјон и третото, професионален војник Ангела Ѓи-новска од „ренџерите“.Навистина интересен и исполнет со емо-ции и со многу вештини спортски ден во ор ганизација на АРМ во прилог на од бе ле-жување на МСВС. Ова беше вистинска при-лика да се утврди моменталната форма и истата да се подигне. Има тука многу натпре-варувачи кои се познаваат повеќе години и во тој правец дадоа максимум од себе во борби-те, што посебно го подигаше адреналинот кај присутната публика. Евидентно е дека АРМ во своите редови има врвни спортисти и во офицерскиот и во подо-фицерскиот и во војничкиот кадар, кои само ја дополнуваат јавно креираната слика за АРМ, дека навистина во нејзините редови се наоѓаат многу квалитетни поединци кои ја об-лагодаруваат нејзината содржина од повеќе страни.На крајот на овој текст да потсетиме само и тоа дека МСВС е меѓународна воена ор-ганизација, формирана на 18 февруари 1948 година. АРМ е членка на МСВС од мај 2005

година, со право на учество на сите спорт-ски нат преварувања кои ги организира оваа организација.Во име на редакцијата на „Штит“, им чести-таме на сите освојувачи на медали. И по-бедниците и губитниците испишуваат светли спортски страници во пребогатата историја на АРМ.

Митко Василевски

Page 32: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

екогаш кога „Штит“ го засилуваме со малку нестандардни содржини, по дефиниција темата ја насочуваме

кон припадничките на понежниот пол кои се во редовите на АРМ. Не дека рушиме некои балкански стереотипи или дека со одреден текст се обидуваме да елиминираме не-кои веќе поставени клишеа, туку напротив. Секогаш се обидуваме во колоритот од ар-миски текстови да ја пронајдеме таа тенка

линија помеѓу војската и приватниот живот, помеѓу нормите и границите, дисциплината, слободата и креативноста.И често во тие наши намери успеваме. Многу пати во најубавите страници на нашиот ма-газин ќе прочитате за големи таленти кои се припадници на АРМ, а чии вештини ги надми-нуваат границите на сувото детерминирање на поимот војник. Многу текстови во таа на-сока ја полнат и ја збогатуваат архивата на

сите наши досегашни воени списанија а „Штит“, современо, илустративно и уметнич-ки ја заокружува оваа колекција.Херолинда Авдили има чин потпоручник во редовите на АРМ. Младата кумановка е ко-мандир на вод за врски во Командната чета при 1. мхпбр.Во самиот разговор со нејзините претпоста-вени, кога одеше договорот за оваа убава сторија, ни беше кажано дека имаат многу вредна колешка, која на воената струка и на офицерската служба им приоѓа мошне про-фесионално, која има што да каже за себе и во делот на приватниот живот, како силна увертира за овој интересен текст што ви го презентираме.Оваа млада девојка веднаш по дипло-мирањето на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ се вработила во АРМ. Кога влече паралели помеѓу студентски-от живот и животот како вработена, вешто поентира со реченицата дека тука се надо-полнуваат теоријата и практиката. И, секако, комоцијата од студентските амфитеатри ги заменила со одговорности и командување со водот во касарната „Боро Менков“ во Ку-маново. И, не можеш да најдеш студент на нашата Воена академија „Михајло Апостол-ски“, а во својот мемоарски опус да не ги спомне дружењата, летниот кампус, посета-та на Брисел, бојата на правот во „Криволак“ и конзервите во рововите.

И ЧИЗМИ И ВИСОКИ ПОТПЕТИЦИ

АРМИСКАТА ДИСЦИПЛИНА ПРЕТСТАВЕНА И НА МОДНИТЕ ПИСТИ

32

Page 33: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

„Вкупно 9 девојки од мојата генерација ја завршивме Воената академија. Осум бев-ме од Р. Македонија и само една беше од Р. Црна Гора. Колку што имам информации, некои се директни, а дел индиректно добие-ни информации, сите 8 девојки сме во редо-вен работен однос во служба на АРМ, што е навистина голем резултат на што сум по-себно горда“, ни рече во својот срамежлив вовед потпоручник Херолинда Авдили.Таа е потполно свесна за системот во кој професионално функционира. Командува со вод од околу дваесет и нешто луѓе. Во родот врски вешто се пронаоѓа, и како про-фесионален ангажман за неа ова е посебно инспиративно. Вели дека со радиоуредите манипулира како со шминките. „Немам ника-ков проблем, сè е веќе продукт на совреме-ната технологија, софистицирани уреди кои детаљно ги проучувам. Не би сакала сега детаљно да зборувам за спецификите на секој посебно или за нивните имиња, мно-гу букви и бројки се во игра“, низ насмевка раскажува потпоручник Авдили. Воопшто не се посомневав кога ми рече дека е коректна, правична, и дека со потчинетите постапува професионално, со надредените со респект. Призна дека и е задоволство да командува, но дека во наредбите што ги дава секогаш ја внесува својата душа и ги облагородува. Таа прва презема одговорност, и во смисла на тимот токму го бара колективот. Тоа е армијата, специфика од сите страни во сите агли. За волја на вистината, таа е единстве-на припадничка на понежниот пол во четата. Никогаш не почувствувала ни најмал сег-мент на родова дискриминација или нешто слично. Нејзиниот авторитет произлегува од нејзината личност, додека Армијата, не-зависно од тоа дали во нејзиниот вод доми-

нираат мажи или жени, ја гледа како столб на државата и како континуитет на нејзините најафирмативни особини. Тоа е во суштина тој посакуван свет во кој униформата млади-те луѓе често ја поистоветуваат со сопстве-ното постоење и проекциите на живеењето. Херолинда, недвојбено, тој сон го има пре-творено во јаве, и задоволството од истиот јавно го кажува.Ако животот го сочинуваат најразлични мо-тиви, сништа и реализации, тогаш целината мора и да ја направат сите содржини. Секој од нас има на некои свои теми и хоби, секој се пронаоѓа во некој свет што потполно го на-дополнува или е продолжение на некој друг.Потпоручник Херолинда Авдили е впечат-лива девојка, чијашто појава не може да остане незабележана. Оваа млада девојка чија витка линија ги кршеше сончевите зра-ци во кругот на касарната во Куманово, ми раскажа дека надвор од професионални-от живот и паралелно со некогашниот сту-дентски живот, имала свои ангажмани и на модните писти како модел кој рекламира женска облека. Објективот ја сака, во тоа и самите се уверивме кога ја фотографирав-ме за потребите на нашето списание, а меѓу редови можеше да се забележи дека има посетувано и курсеви за тоа како треба да се излезе пред фотоапаратот и да се напра-ват перфектни фотографии. Манекенството ѝ било идеално хоби да реализира дел од своите визии, но објективно на долги патеки никогаш не се гледала во тој свет, иако од таму има само убави спомени. На 17 години почнала да се занимава со манекенство и тогаш веќе почнала да учествува на модни ревии во Р. Македонија и на Косово. Има од-биено и еден многу сериозен ангажман за „ Мис континентал - Европа“, исклучиво по-ради обврските како тогашен студент на Во-ената академија. Кога ми ја презентираше својата лична фотоархива, се гледаше дека нејзиниот од по модните писта ја има иста-та цврстина како и кога командува. Многу-те ревии и настапи во модерна и класична гардероба се доказ за нејзиниот карактер и впечатлива става. Но, тоа е некој друг свет, како што вели и самата. „Таму, и да ги на-правев најголемите лични резултати, тоа не можеше да замени ниту еден ден од мојот преубав студентски живот, ниту, пак, денес – ниту сегмент од денот кога сум со својата војска, со своите колеги“. Оваа младост во редовите на АРМ, добро знае да го сепари-ра виртуелното од реалното, моментот од иднината.Таа е кумановка која ужива во животот во Скопје. „Убаво е да се живее и во Куманово, вели, но Старата чаршија во Скопје е духов-ниот излез од навидум сличното секојдневие. „Ме импресионираат ресторани во етно-стил, но ја сакам и италијанската традици-онална кујна. Затоа, како најомилени би ги издвоила макароните во сос и пицата“.Херолинда е родена феминистка, борец за женските права. Има посетувано многу се-минари и обуки токму на оваа тема. Ја по-читува традицијата, но воедно е и мошне еманципирана. Всушност, и самата нејзина професија е таква. Веројатно е истата и кога гаѓа цели на некое од стрелиштата во АП „ Криволак“ или кога вози ролери, или игра

одбојка. Вистински професионалец, кој точ-но знае што сака. Ми рече дека и многу чита. Сака да гледа и филмови, главно акциони. Ужива во тие напнати моќни секвенци во кои главните јунаци ги спасуваат послабите и во екстремно тешки, филмски сцени, се борат со злото. Не сака сцени во кои доминира љубовната патетика и меланхолијата пре-дизвикана од истите. Таа е млад човек, ос-вен тоа е таа е и девојка-офицер, така што таа професија ја исполнува со адреналин. Оттука произлегуваат и сите мотиви кај неа.Колегите на потпоручник Херолинда Авдили ме пречекаа со преубаво војничко кафе, на кое може да му позавидат многу познати ка-фетерии. Нејзиниот претпоставен, потпол-ковник Нуредин, и подофицерот за односи со јавност, постариот водник Игор Николов-ски, беа премногу коректни во креирањето услови за оваа сторија и беа професионал-но одговорни кон својата колешка во желба-та најдобро да се претстави на страниците на „Штит“. Многу лесно во односот помеѓу овие луѓе може да се прочита една сериозна посветеност во заедничката цел да го сра-ботат договореното, конкретно и навремено.Оваа приказна за Херолинда е само уште една убава тема која широко ќе ни ги отвори вратите за уште повеќе текстови кои ќе го претстават трудот на оваа моќна единица стационирана во Куманово.Оваа приказна оди во рубриката „24 часа војник“, а таму се приказните за сите настани поврзани со животот и работата на припад-ниците на АРМ во и вон работното време. Посакуваме да продолжи по патот на про-фесионализмот - АРМ е вистинската писта за нејзините лични и професионални психо-физички потенцијали.

Митко Василевски

33

Page 34: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

34

о текот на Народноослободителната војна на народите на Југославија од јули 1941 до мај 1945 година во ре-

довите на Народноослободителната армија и партизанските одреди на Југославија се бореле повеќе од 100.000 жени, од кои око-лу 25.000 биле убиени. Покрај нив, голем број жени учествуваа во работата во позадината, а особено масов-ното учество на жените се забележува во бунтовничките области. Под раководство на Сојузот на комунистите на Југославија за време на Народноослободителната борба биле основани организации на жените кои биле различни, бидејќи условите биле раз-лични во некои делови од Југославија, но сите тие имале исти цели - ослободување на жените од окупаторите но, исто така, и од нивната зависност и нееднаква положба во општеството.Женитете масовно се вклучиле во Народно-ослободителното движење како делегати, политички комесари, команданти и коман-дири, службеници на брза помош, медицин-ски сестри, војници, бомбардери и партиски лидери и пратеници за Народноослободи-телниот комитет на КПЈ.

Предвоени активности на жените

КПЈ во предвоениот период се обидел да ги вклучи жените во револуционерното движење, но не создал и одделни органи-

зации на жените. Во почетокот на војната биле воспоставени општински и градски совети на жените, и после големите успе-си постигнати во борбата во текот на 1941 и 1942 година биле создадени специјални женски организации – Антифашистичкиот фронт на жените на Југославија, бил осно-ван на 6 декември 1942 година во Босански Петровац.Од сите 40.000 жени кои биле повредени за време на војната, повеќе од 3.000 станале инвалиди.

За народни херои биле прогласени 91 жена, а 3.344 од нив добиле Партизанска споме-ница од 1941 г. Повеќе од 2.000 жени стана-ле офицери на Југословенската армија. Од околу 1,7 милиони Југословени, кои биле убиени за време на Втората светска војна, околу 620.000 се жени, а само во камповите биле убиени повеќе од 282.000 жени.Непосредно пред почетокот на Втората светска војна, под раководство на Комуни-стичката партија на Југославија, се интензи-вира политичката активност на жените. Во

РАМО ДО РАМО СО ДРУГАРИТЕ

ЖЕНИТЕ ВО НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНАТА ВОЈНА

Page 35: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

1936 година, во акцијата „За мир и слобода“ биле собрани 600.000 потписи од жени, и следната година жените масовно учеству-вале во демонстрации низ целата земја против растечката закана од фашистите - од Аншлусова Австрија, Минхенскиот до-говор, Судетската криза, итн. Шеснаесет жени од Југославија учествува-ле во Шпанската граѓанска војна од 1936 до 1939 година.На југословенските жени никој не им дал рамноправност, но тие со нивното учество во Народноослободителната борба, и тоа масовно учество, со оружје во рака, се из-бориле за рамноправност. По окупација на Кралството Југославија во април 1941 година и организирањето на Движењето за национално ослободување на Југославија, се приклучиле активистки-те на Народноослободителното движење за собирање храна, облека, обувки, меди-цински материјали, се грижиле за ранетите

деца и за слабите луѓе, се мобилизирале медицински сестри во амбулантскиот сер-вис, ги одржувале курирските врски, раз-узнавачките агенции, итн. Овие комисии, летото и есента 1941 година почнале да се нарекуваат комитети на Антифашистички-от фронт на жените, и едни со други биле поврзани. Во ослободениот Дрвар на 21 август 1941 година се одржа средба на жените на која биле дискутирани задачите на жените во врска со учеството во Народ-ноослободителната војна и помагање на партизанските единици и организирање на жените на територијален принцип. Во исто време, на 20 август 1941 година, Провин-цискиот комитет на Комунистичката партија на Југославија во Србија му ја навести на Окружниот комитет можноста за различни форми на ангажирање на жените во парти-

занските единици и слично. Познати же ни-учеснички во Народноослободи-тел ната војна во Ма кедонија се Ве-ра Ацева, Магда-лена Ан това, Вера Јо циќ, Елпида Ка-раманди, Фана Ко-човска, Веселинка Ма линска, Мара Нацева и Овадија Естреја.Од Велес и Велешко, исто така, имало мно-гу жени-борци: меѓу нив познати останале имињата на Нонча Камишова, Нада Бут-никошарева, Маца Овчарова, Родна Ивева и многу други непознати жени и девојки-борци, чии имиња останале заборавени да се забележат од историчарите, а тие ги дале своите млади животи за својата тат-ковина.

Жените во АРМ – продолжувачи на славните традиции на жените од НОВ

Не случајни во редовите на денешната АРМ има жени, кои со својата работа и активност во редовите на АРМ придонеле и сè уште придонесуваат за нејзиниот развој. Тие се-когаш се во првите редови на задачите кои од нив се бараат, исто како што во првите редови биле жените во НОВ.Не случајно кај жените вклучени во редови-те на АРМ „тече крвта“ на нивните славни

баби и прабаби, кои се пушка во рака се бо-рела во Народноослободителната војна, не жалејќи го својот млад живот и жртвувајќи се да загинат за слободата на својата тат-ковина.Затоа, денешните жени-припаднички на АРМ, и сите жени во Македонија, треба ба-рем еден ден во годината, а тоа нека биде на празникот на жената, 8 Март, да се сетат на нивното славно дело и на личноста на овие храбри и прекрасни македонски жени и девојки. Затоа, во нивна чест, за нивна-та неизживеана младост, во знак на почит на нивните гробови и бројни споменици во земјава, треба да положиме барем по еден убав цвет, нека биде тоа каранфил или роза, и на тој начин ќе им се заблагодариме за големото дело – за нивната тешка и ма-котрпна борба за поубава иднина и слобод-на Република Македонија.Упатуваме голема благодарност од името на сегашните и идни генерации на оваа наша убава земја.

Антоанела Димитриевска

35

Page 36: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

епублика Македонија од поодам-на зема активно учество во меѓу-на родните односи и колективната

безбедност и веќе изврши нормативно ве-рификување и имплементирање на меѓу-на родните легислативни стандарди од оваа област на безбедноста. Покрај тоа, на вна-трешен план презеде низа структурни ре-форми заради системско и институционално приспособување кон потребите, капацитети-те и интересите за зачувување и заштита на националната безбедност од предизвиците на тероризмот. Следејќи го примерот на повеќето земји во регионот, ООН и ЕУ, Ре-публика Македонија, со мало задоцнување, сепак во 2011 година изготви Национална стратегија на Република Македонија за бор-ба против тероризмот 2011-2015 година. Стратегијата беше изготвена од страна на Владата на Република Македонија, врз ос-нова на Националната концепција за одбра-на и безбедност.Овој стратегиски документ од една страна ги поддржува целите и принципите што се зацртани во основните антитерористички документи донесени од страна на Обеди-нетите нации, Европската унија и НАТО, ја следи Европската безбедносна и одбран-бена политика, односно се базира на чети-рите столба на борбата против тероризмот на сите европски земји кои се зацртани во Стратегијата за борба против тероризмот на Европската унија. Од друга страна, ги има предвид современите ризици и опасности

по националната безбедност на Република Македонија кои произлегуваат од терори-стичките закани, нејзиното опкружување и другите околности кои ја загрозуваат или може да имаат влијание врз нацио-налната безбедност, мирното и непречено функционирање на демократските институ-ции на системот и нејзината способност да се справи со терористичките закани и опас-ности од секаков вид. Национална стратегија на Република Ма-кедонија за борба против тероризмот 2011-2015 година содржи јасни насоки за ната-мошно институционално организирање и дејствување, при што прецизно се дефи-нирани целите и облиците на терористички закани, мерките за сузбивање на терориз-мот, материјалните ресурси, носителите на стратегијата, како и динамиката за нејзино имплементирање.Во Националната стратегија се истакнува дека Република Македонија ја демонстрира својата цврста определба за борба против тероризмот на национално, регионално и на глобално ниво за заштита на демократ-ските вредности утврдени со Уставот на РМ, овозможувајќи им на своите граѓани да жи-веат во слободна, безбедна и правна држа-ва. Фокусот на севкупното делување треба да биде свртен кон превентивните активно-сти за елеминирање на сите потенцијални опасности од појава на тероризмот и на-тамошна ескалација на последиците од истиот. Во Стратегијата се нагласува дека

дејствата на тероризмот се казниви и не се оправдани под никакви околности или, како што предвидува и нашиот Кривичен зако-ник, делата поврзани со тероризмот се дела против државата, односно против граѓаните како конституенти на таа држава.Националната стратегија ги индентифику-ва облиците, но и можностите на мани фес-тирање на терористичките закани. Притоа, како облици на терористичка закана ги по-сочува:– радикализацијата; – регрутирањето и поттикнувањето на актив-

ностите кои се во функција на тероризмот;– идеолошката и воената обука;– финансирањето на тероризмот; – реализацијата на терористичките закани;Стратегијата го нотира и нивното мани фес-тирање како: – напад на објекти и лица од национален

интерес; – напад со предизвикување голем број

жртви; – напад на институции и објекти од значење

за одбраната, безбедноста, политичките и економски интереси на државата, со што би се предизвикало ширење страв и не-сигурност меѓу населението.

Практично, може да се забележи дека при детерминирањето на овој сегмент од Наци-оналната стратегија за борба против теро-ризмот се води сметка како за опфатноста, така и за неговата комплементарност со актуелните меѓународни принципи, дотол-

36

БОРБА ПРОТИВ ТЕРОРИЗМОТ НА НАЦИОНАЛНО, НА РЕГИОНАЛНО И НА ГЛОБАЛНО НИВО

СТРАТЕГИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА БОРБА ПРОТИВ СОВРЕМЕНИОТ ТЕРОРИЗАМ

Page 37: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

37

ку повеќе што Република Македонија како земја-кандидат за членство во ЕУ и НАТО, и уште поважно - суштински многу конкре-тен партнер во НАТО, дури повеќе и од многу земји-членки на оваа евроатлантска организација, практично го сноси ризикот за потенцијален таргет на евентуални терори-стички акти.Токму заради тоа, Националната стретигија мошне детаљно ги насочува активностите во делот посветен на „мерките за сузбивање на тероризмот“, делејќи ги на неколку нивоа: превенција; одбрана; заштита на граѓаните и имотот; процесуирање и координација.Под превенција подразбираме создавање политички, општествени и економски усло-ви кои ќе го попречат ширењето на теро-ризмот во сите негови појавни облици. По-конкретно, превенцијата опфаќа анализа на ризик со систем на рано предупредување, оневозможување на пропаганда и пот-тик нување на тероризам, препознавање и сузбивање радикализам и екстреми-зам кои може да прераснат во тероризам, прекинување на изворите за финансирање на тероризмот, како и техничко-информа-тичка, но и професионална надградба на релевантните институции.Одбраната од тероризмот подразбира пре-земање мерки и активности насочени про-тив создавање, ширење и делување на терористички структури, мрежи и органи-зации, а воедно навремено откривање на плановите, подготовките, организирањето или спроведувањето активности со карак-теристики на тероризам на територијата на Република Македонија. Оттаму, во делот на одбраната спаѓа оневозможување на орга-низациски и логистички активности со те-рористички цели, спречување терористичка идеолошка и воена обука, зголемена контро-ла на транзит на лица поврзани со терори-зам, илегална трговија со оружје, експлозив и други средства наменети за потенцијални терористички активности, идентификување лица кои престојувале во кризни подрачја и се стекнале со терористичка обука, како и спречување на транзит и користење сред-ства за масовно уништување и средства со двојна намена.Заштитата на граѓаните и имотот подраз-бира намалување на опасноста од напад вклучувајќи го подобрувањето на безбед-носта на границите, сообраќајната инфра-структура и објектите од витално значење. Стратегијата тоа го предвидува преку преземање засилени безбедносни мерки, соодветно информирање и зајакнување на контролата на сите чувствителни точки.Што се однесува до процесуирањето, ис-тото претставува спроведување казнени мерки за прогон на лица и организации поврзани преку тероризмот. Покрај соодвет-ните истраги и усогласувањето на регулати-вата, во овие мерки исклучително важно е замрзнувањето и одземањето финансии и имот на физички и правни лица поврзани со тероризам.Во согласност со меѓународно-правната регулатива за сузбивање на тероризмот, кривичното законодавство на Република Македонија ги санкционира тероризмот и дејствијата поврзани со тероризмот како кривични дела. Од суштинско значење е што во тој дел од документот се инсистира на континуиран институционален ангажман,

притоа проследен со соодветно, постојано и динамично надградување – техничко, кадровско, организационо, нормативно на институциите задолжени за справување со тероризмот за да можат соодветно да одго-ворат на заканите што ги носи тероризмот.Секако, што е и разбирливо, носечките ин-ституции во имплементацијата на Нацио-налната стратегија на чело со Министер-ството за внатрешни работи се: Управата за безбедност и контраразузнавање при МВР, Агенцијата за разузнавање и Секто-рот за воена безбедност и разузнавање при Министерството за одбрана коишто ја чи-нат сржта на заедничкото работно тело во координирање на активностите за доследно реализирање на овој стратегиски документ.Во Националната стратегија, во соглас-ност со најдобрите практики, е опфатено и менаџирањето на последиците од терори-стички напад кое се дефинира како одго-вор и подготвеност на сите безбедносни и други институции во Република Македонија за навремено преземање на сите потребни мерки со цел намалување и санирање на последиците од терористички напад. Тоа подразбира идентификување на цивилните и воените ресурси за координиран одговор во случај на напад, механизми за заштита и спасување и зајакнување на регионалната и мултилатералната соработка за навремена реакција и помош при терористички напад.Врз основа на компаративна анализа со националните стратегии на други земји во регионот, па и пошироко, како и според Та-невски Н. (2012), во делот на координација на институциите за што поуспешно справување со современата закана потреб-но е формирање на Национален центар за борба против тероризмот со активно учество на припадници од Управата за безбедност и

контраразузнавање при МВР, Агенцијата за разузнавање и Воената служба за безбед-ност и разузнавање при Министерството за одбрана. Во Националниот центар за борба против тероризмот ќе се извршуваат посеб-ни активности како:– 24-часовна меѓуагенциска анализа и ин-

теграција на сите сознанија кои се однесу-

ваат за тероризмот, вклучувајки и закани кон Р. Македонија од земјата и од стран-ство;

– создавање заедничка база на податоци на национално ниво;

– континуирана размена на податоци и ин-формации од областа на тероризмот;

– формирање заеднички тимови за водење на предметите кои се поврзани со терори-стички активности, кои ќе функционираат врз основа на начелото на законитост и ефикасност во работата на начин да мо-жат да одговорат на сите барања на обви-нителите во конкретните случаи.

Центарот ќе овозможи подобра координација на активности и размена на информации на меѓуинституционално и меѓународно ниво, зголемена и ефикасна меѓународна соработка во спречувањето и борбата про-тив тероризмот и развивање на нивото на граѓанската свест за значењето на борбата против тероризмот и за улогата и местото на државните органи и другите институции кои учествуваат во оваа борба.За успешно имплементирање на напиша-ното во Националната стратегија на Ре-публика Македонија за борба против тероризмот, во практични резултати по-требно е изготвување на Акционен план за ефектуирање на мерките и активностите.Во изминативе години Владата на Републи-ка Македонија а, пред сè, Министерството за внатрешни работи, силно и посветено ја демонстрираше својата решителност во бескомпромисната борба против терориз-мот. Вооружената група која се стационираше во Бродец, но и грозоморниот масакр кај Смил-ковското Езеро, ни го презентираа одблиску грдото лице на теоризмот во нашиот двор. Со акциите „Планинска бура“ и „Монструм“

покажавме дека можеме соодветно да од-говориме во ситуација кога сме нападнати.Од друга страна, АРМ дава директен придо-нес кон меѓународната безбедност и глобал-ната војна со современиот тероризам преку учество со сили и средства во мировните мисии на НАТО, ЕУ и ООН.

м-р Драган Марковски

Page 38: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

38

рганизацијата за безбедност и сора-ботка во Европа, до јануари 1995 г. беше позната како Конференција за

европска безбедност и соработка (КЕБС). На почетокот претставуваше консултативен процес кој вклучуваше земји од Европа, Цен-трална Азија и Северна Америка. Процесот на КЕБС кој беше инициран во 1972 г., до-веде до прифаќање на Хелсиншкиот фина-лен акт во 1975 г. Овој документ вклучуваше широк спектар на стандарди за меѓународно однесување и обврски кои се однесуваа на односите меѓу земјите-учеснички, особено во политичко-воената област, почитување на човековите права и основните слободи и соработка на економски, културен, технички и научен план. Низа институционални одлу-ки за зајакнување на КЕБС беа претставени на самитот во Будимпешта во 1994 г. Ова вклучуваше преименување на КЕБС, кој во иднина ќе биде познат како Организација за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).Како единствен форум којшто ги поврзува сите земји од Европа, како и Канада и САД, Организацијата за безбедност и соработка во Европа претставува клучна компонента во безбедносната архитектура на Европа. Алијансата активно го поддржа КЕБС/ОБСЕ уште од неговото формирање. Таа ги дефи-нираше улогите на КЕБС и Алијансата во развојот на дијалогот и соработката во Ев-ропа како меѓусебно поврзани. Согледувајќи дека безбедноста на сојузниците е неразде-ливо врзана за таа на другите земји во Евро-

па, Алијансата сметаше дека дијалогот и со-работката меѓу различните институции кои работат на полето на безбедноста се важен фактор во помошта за спречување на кризи-те и конфликтите. Министрите за надвореш-ни работи од Алијансата ја изразија својата подготвеност да ги поддржуваат мировните активности на КЕБС, вклучувајќи и ставање на располагање на ресурси и стручен пер-сонал на Алијансата. Оваа важна одлука го поплочи патот за зголемена поврзаност на НАТО со ОБСЕ, особено во контекст на но-вите задачи на Алијансата, како што се ми-ровните операции.На политичко ниво, НАТО и ОБСЕ се кон-султираат меѓусебно за тематски и регио-нални безбедносни прашања од заеднички интерес, пред сè за пограничната безбед-ност и разоружување. На оперативно ниво, соработката продолжува во превенција на конфликти, управување со кризи и пост-конфликтна рехабилитација, кои особено се однесуваат на земјите во Западен Бал-кан. Двете организации се надополнуваат една со друга, а посебно во иницијативите на НАТО за поддршка на реформите во од-браната, вклучувајќи контрола на оружјето и уништување на резервите на оружје и муниција, со напорите на ОБСЕ во насока на спречување на конфликти и враќање на стабилноста по конфликтот. Тесната соработка е важен елемент во развојот на меѓународниот „сеопфатен при-стап“ кон управувањето со кризи, за што е

потребна ефективна примена на воена и цивилна помош. На самитот во Лисабон во 2010 г., сојузниците одлучија да го зајакнат придонесот на НАТО за управување со кри-зи, како дел од напорите на меѓународната заедница да ја подобри способноста на НАТО. На неодамнешниот самит, сојуз ни-ците ја потврдија важноста на улогата на ОБСЕ во регионалната безбедност во врска со прашањата поврзани со евроатлантската безбедност. За време на самитот во Прага во 2002 г., сојузниците на НАТО изразија желба да се искористат меѓународните напори во на-сока на зајакнување на стабилноста во Медитеранскиот регион. Способноста на Алијансата да придонесе за европската и

РЕЛАЦИИ СО ОБСЕ

НАТО

Page 39: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

меѓународната безбедност е да ги поддржи мировните операции на Обединетите на-ции и ОБСЕ и да го зајакне и да го прошири трансатлантското партнерство.

Полиња на соработка

Во заедничката декларација од Мадрид 1997 г. за евроатлантска безбедност и сора-ботка, шефовите на државите и владите од НАТО го признаа ОБСЕ како најопфатна ев ропска безбедносна организација. Тие ја на гласија основната улога која ОБСЕ ја игра во обезбедувањето на мирот, стабилноста и безбедноста во Европа и ја подвлекоа важ-носта на принципите и заложбите коишто беа прифатени од страна на ОБСЕ, како основа за развојот на европски безбедносни структури коишто се сеопфатни и коопера-тивни.НАТО и ОБСЕ редовно разменуваат мислења и информации за клучни прашања поврзани со безбедноста, како што се безбедноста на границите, разоружувањето, контро-ла на оружјето (особено контролирање на ширењето на мало и лесно оружје), енергет-ската безбедност и тероризмот. Двете орга-низации соработуваат на полето на живот-ната средина кои се закана за безбедноста, стабилноста и мирот.Политичките односи помеѓу двете органи-зации денеска се регулирани од страна на „Платформата за кооперативна безбед-ност“, кој беше лансирана од страна на

ОБСЕ на Самитот на НАТО во Истанбул во 1999 г. Преку платформата, ОБСЕ ги пови-кува меѓународните организации, чии чле-нови се придржуваат до своите принципи и обврски, да се зајакне нивната соработка со цел да се одржува демократијата, проспери-тетот и стабилноста во Европа и пошироко. Покрај тоа, во декември 2003 г., стратегијата на ОБСЕ „за справување со заканите за без-бедноста и стабилноста во 21 век“, потсе-тува на потреба за комуницирање со други организации и институции заради заемно искористување на средствата и силите.Дијалог се одвива и на повисоко политичко ниво. Повремено генералниот секретар на НАТО е поканет да зборува на Годишната конференција на ОБСЕ за преглед за без-бедноста. Генералниот секретар на ОБСЕ се обрати на состанокот на Советот на Евро-атлантскиот партнерски совет на амбасадо-ри во 2007 и 2008 г. НАТО како набљудувач, редовно учествува на годишните состаноци на министерскиот совет на ОБСЕ. Претседа-вачот на ОБСЕ, исто така, е поканет на не-кои од состаноците во седиштето на НАТО во Брисел.

Соработка на Балканот

Блиската политичка соработка меѓу две-те организации е засилена во контекст на меѓународните напори за обновување на мирот во поранешна Југославија, по-конкретно во односите меѓу ОБСЕ и Си-лите за имплементација (ИФОР) / Силите за стабилизација (СФОР), предводени од НАТО во Босна и Херцеговина и меѓу ОБСЕ и Силите за Косово (КФОР).Во Босна и Херцеговина, ИФОР, предво-дени од НАТО и нивниот наследник СФОР, имаа блиска соработка со ОБСЕ во рам-ките на имплементацијата на Дејтонскиот мировен договор. ИФОР го поддржуваше ОБСЕ во подготовките за изборите во сеп-тември 1996 г. и обезбеди безбедносна и логистичка поддршка за време на избори-те кои се одржаа без поголеми инциден-ти. СФОР ја обезбеди истата поддршка во планирањето и спроведувањето на оп-штинските избори во 1997 г. ИФОР и СФОР практично го поддржаа ОБСЕ во рамки-те на имплементацијата на обврските од Дејтонскиот договор. За да се постигне тра-ен мир во Босна и Херцеговина, значајни беа и цивилните аспекти од меѓународниот договор. Со имплементацијата на воените аспекти од мировниот договор, Силите за имплементација придонесоа за создавање безбедна животна средина, отворена за цивилна и политичка реконструкција. Овие сили дадоа значителна поддршка при остварувањето на цивилните задачи, онолку колку што им дозволуваше мандатот и сред-ствата. Нивната работа беше тесно повр-зана и со: Канцеларијата на високиот прет-ставник, Меѓународните полициски сили за посебна намена, Меѓународниот комитет на Црвениот крст, Високиот комесаријат за бе-галци на ОН, Меѓународниот трибунал за во-ени злосторства за поранешна Југославија и со многу други, вклучувајќи повеќе од 400 невладини организации. Силите за имплементација им помагаа на овие органи-зации на разни начини: со сместување, ме-дицинска помош и евакуација, поправка на возила, помош при транспорт, информации

и совети за безбедноста и друга логистичка поддршка.Тие во голема мерка му помогнаа на ОБСЕ при подготвувањето, надгледувањето и мо-ниторингот на изборите кои се спроведоа на 14 септември 1996 г. По овие избори Силите за имплементација ја помагаа канцеларијата на високиот претставник во поддршката која им ја даваа на партиите во градењето на но-вите заеднички институции.Воената инжинерија на силите поправија и ставија во употреба повеќе од 50% од патиш-тата во Босна и Херцеговина, како и повеќе од 60 мостови, меѓу кои и тие кои ја поврзу-ваат Босна со Хрватска. Тие учествуваа и во отстранувањето на мините и поправката на железничките пруги, пуштањето во употре-ба на аеродромите за цивилен сообраќај, поправањето на водоводот и електричната мрежа, училишта и болници и ги обновија главните телекомуникациски врски.На Косово, мисијата на ОБСЕ ги следе-ше прекршувањата на човековите права на обете страни. На почетокот на 1999 г.

ситуацијата на Косово повторно се разгори со провокации од обете страни. На 20 март 1999 г. Косовската мисија за верификација беше принудена да се повлече од регио-нот. НАТО формираше специјални сили за посебни намени за да ја помогнат ит-ната евакуација на Косовската мисија на ОБСЕ за верификација доколку дојдеше до обновување на конфликтот што би ја загрозило мисијата. Конфликтот на Косово и меѓународната интервенција за ставање крај на конфликтот и обновата на мирот и стабилноста, заедно го создадоа еден од најголемите предизвици со кои ОБСЕ се со-очи. Развојот на настаните во покраината и понатаму поставуваат големи барања за Организацијата во смисла на ресурси, пер-сонал и време.

Драган Павловски

39

Page 40: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

40

ПРИСПОСОБУВАЊЕ НА ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ

КОН МОДЕРНИТЕ ВРЕДНОСТИ

ез конкуренција, најспектакуларна воена парада во светот знае да на-прави кинеската армија (Народно-

ослободителна армија). Перфектно симе-трични ешалони, наредени борбени возила и воздухоплови, организација која ги над-минува сите стандарди за точност и пре-цизност. Но, што сето тоа значи од аспект на оперативната вештина на една војска, настрана од восхитот на обичниот гледач? Факт е дека воената организација треба да се сфати како холистички систем т.е. иако успехот на поединечни елементи влијае врз функционалноста, конечниот резултат ќе биде производ на работата на сите па-раметри кои директно и индиректно имаат улога во системот. Кинеската воена доктри-на сè уште се темели на принципите на Сун Цу, авторот на „Вештина на војувањето“. Но за тие да бидат практични во услови на модерното војување, Кинезите направија приспособување на нивната традиционал-на воена култура кон западната.Денес, Народноослободителната армија на Кина е најголемата армија во светот, дури и со најавеното намалување за 300.000 војници. Таа е формирана во 1927 година како герилска војска, која низ Кинеската граѓанска војна и Втората светска војна, прерасна во конвенционална армија, со-ставена од четири вида: копнени сили, мор-нарица, воздухопловство и корпус на стра-тегиски проектили. Иако кинеската воена вештина е стара колку и самата Кина, ки-

неската оперативна вештина како каракте-ристика на модерното војување се создала за време на револуцијата, предводена од Мао Це Тунг. Тој ја приспособил теоријата на Сунц Цу на условите во 20 век и во 1937 година објавил своја теорија за герилското војување. Уникатноста на идејата на Мао било дека герилското движење од некон-венционално, со мал и ограничен интензи-тет, треба да еволуира во голема, масовна армија, која во завршната фаза ќе се бори како конвенционална сила. Неговиот при-рачник е користен како шаблон за повеќе герилски, бунтовнички и ослободителни движења во текот на Студената војна. Под влијание или независно од теоријата на Мао, според овој модел еволуирала и Југословенската народна армија, од пома-ло партизанско движење во голема конвен-ционална армија.За да се разбере кинескиот пристап кон оперативната вештина мора да се разбере дека тие културолошки го гледаат светот различно од Западот и затоа имаат разли-чен пристап при решавање на проблеми-те. Генерално, на луѓето во Азија (не само Кина, туку и пошироко), светот им изгледа многу покомплексен отколку на луѓето на Запад. Кај нив, разбирањето на настани-те секогаш бара да се земе предвид како факторите се однесуваат меѓусебно, на-спорти едноставниот, детерминистички при-стап. Формалната логика отсекогаш играла мала улога во решавањето на проблемите

на Истокот. Но, сепак, завршната кампања во кинеската граѓанска војна (ХуајХе), го опишува токму доктринарниот концепт на денешната западна оперативна вештина. Тоа е доказ дека во последните години на револуцијата, Кинезите почнаа да го при-менуваат западниот концепт на војување. Покрај новите технологии и оружја, врз таа одлука на Мао најверојатно влијаела и на-учената лекција од една друга источна сила - Јапонија, која уште кон крајот на 19 век ја трансформира својата армија според мо-делот на западните војски, што, всушност, ја овозможи таквата експанзија. Се чини дека прифаќањето на западната оператив-на вештина е неизбежна алка во воената еволуција.Но, веќе знаеме дека за да се изгради специфична култура, потребно е многу повеќе време. Колку кинеската оператив-на вештина навистина е западна? Иако модерната кинеска армија е меѓу најдобро опремените во светот, технологијата, опре-мата и вооружувањето се само еден дел од војската. Најважната компонента се луѓето, или организациската култура која ја имаат. Тоа е нешто што се гради подолго време, бидејќи се темели на самата култура во оп-штеството. Ако се погледне како кинеското општество културолошки се трансформира во последните 30 години, може да се прет-постави дека и менталниот склоп на обич-ниот човек влијае врз војничката култура, со оглед на тоа што сите Кинези служат војска.

КИНЕСКА ОПЕРАТИВНА ВЕШТИНА

Page 41: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

41

Разликата во однесувањето и верувањата на луѓето, дури и нивниот систем на вред-ности и норми, не мора да зависат само од различниот пристап и учења. Тоа е неиз-бежна последица на користење на различ-ни погледи за да се разбере светот. Запад-ниот свет отсекогаш имал силен нагон за категоризација на работите, што им помага да одлучат кои правила треба да ги приме-нат во однос на ситуацијата и настаните, а формалната логика игра голема улога за решавање на проблемите. За разлика од Западот, Далечниот Исток им приоѓа на си-туациите и настаните, или на решавање на проблемите во многу поширок контекст. Разликите во начинот како Западот и Кина го гледаат светот може да се види преку различниот филозофски пристап. Западот е обликуван од историјата на античка Грција и силниот нагон за индивидуализам, иден-титет и чувството на лична моќ за влијание и обликување на околината. Кинеската филозофија е обликувана од таоизмот и конфучијанството. Првото ја истакнува-ло внатрешната исполнетост и мистично-то соединување со природата. Мудроста, учењето и намерата требало да се напушти на сметка на едноставноста или пасивно-ста – да се остават работите да течат по природен тек. Конфучијанството е морален систем кој дава приоритет на чувството на колективна моќ. Со таа филозофија се ка-рактеризира борбениот дух на Кинезите за време на операцијата „Хуај-Хе“ и начинот на кој командантите на единиците идео-лошки се синхронизирале. Тоа покажува дека последната фаза од герилската војна на Мао, иако со елементи на западната во-ена доктрина, сепак била во духот на тради-ционалната кинеска војничка култура.Генерално, Кинезите културолошки се по-малку опседнати со личните цели и ин-тереси за разлика од луѓето на Запад. Во таква традиционална култура, секогаш се дава поголемо значење на целите на гру-пата отколку на индивидуата, што во секоја војничка организација се подразбира. Таков ментален склоп дава предност во однос на западниот, каде на војникот мора прво пре-ку дрил да му се отстрани индивидуалноста за потоа да се стави во функција на едини-цата. Фокусирање кон заедничката цел се гледа од искуствата на Хуај Хе-кампањата,

каде е забележано споделување на иску-ствата на командантите и синхронизирање на политичкото и военото лидерство. За разлика од ова, на пример, во Втората свет-ска војна има бројни примери на натревар и ривалство меѓу сојузничките генерали по-ради суети и лични амбиции (пример, Патон и Монтгомери). Ова однесување потекнува од западната индивидуалност и потребата од истакнување на личните квалитети. Тоа, колку што е добро како проактивен чин кој носи победа, сигурно дека предизвикува и погрешни одлуки на боиштето. Западната култура верува дека е суштински да се има директна и лична контрола врз работите, и се тежнее кон тоа, но се измис-луваат нови модели кои би требало да вос-постават контрола врз хаосот. Кинезите, од

друга страна, веруваат дека исходот на ра-ботите ќе биде подобар ако човек се држи до групата и прави што и сите останати. Во ХуајХе-кмпањата, командантите на Мао го зголемувале оперативното темпо на тој на-чин што им давале насока на потчинетите да избегнуваат непотребна борба или спо-ред теоријата на Сун Цу, да проценат кога треба, а кога не треба да се борат. На тој начин тие не се оптоварувале со контрола врз операциите, туку граделе атмосфера на колективна свест.Кинеската оперативна вештина од ре во-луцијата и војната во Кореја наваму се раз-вива во мир. Дали се работи за уште еден пример на хибрид на традиционална ис-точна култура со западна воена доктрина, или кинеската армија целосно ја прифати новата парадигма на модерното војување? Преку воените паради, кинеската влада испраќа повеќе пораки: за дома, за реги-онот и за сетот. Пред сè,тоа е најава дека Кина треба да се перцепира и почитува како светски играч. Воената сила на Кина е во пораст од 90-тите години, и таа постојано ги зајакнува капацитетите со балистички ра-кети, нуклеарен арсенал и подморници со можности за лансирање. Со анти-сателит-скиот тест во 2007 година, Кина демонстри-раше дека може да уништи сателити кои летаат во пониска орбита, а најавуваат и поголем дострел. Во последните неколку години, кинеска-та армија го препозна и сајбер- просторот

како војувалиште и за тоа имаат мобили-зирано голем број на персонал за работа во таа сфера. Со прикажување на новите ракети Донгфенг 21Д (т.н.убијци на носачи) со дострел од 5000 км, Кина покажа дека има капацитет да забрани пристап на „не-поканети“ носачи на авиони во Јужното Ки-неско Море, а истовремено ја оддалечува потенцијалната војна подалеку од својата територија. Друг индикатор за растење на стратегиските амбиции е купувањето на еден носач на авиони од Украина и најава за набавка на уште два. Запад тоа го сфаќа како предизвикување на воспоставени-от ред во тој дел од Светот, бидејќи секое пореметување на досегашната рамнотежа на силите ќе предизвика ефекти кај соседи-те во регионот.

Меѓутоа, најголемо мерило за квалитетот на една војска и нејзината доктрина е прак-тичниот тест на боиштето. Факт е дека Кина не војувала од Корејската војна наваму, освен малата неуспешна интервенција во Виетнам во 1979 година во времетраење од помалку од еден месец. Една војска е до-бра само ако „вежба“ почесто во вистинска војна. На тој начин ќе постои континуитет во организациското учење, или нема да има генерациски празнини на персонал кој не ја почуствувал вистинската фрикција на војната. Во војна, опремата и доктрината вистински се тестира: се потврдува, при-лагодува или менува. Иако постои изрека дека подобро е да се учи од туѓите грешки, сепак најдобро се учи од сопствените. Историски гледано, и други армии кои правеа убави паради, во вистинска војна не ги оправдаа очекувањата. Заклучокот е дека Кинеската армија која изгледа им-пресивно на парада, сепак не е тестирана во вистинска војна, и не може да се пред-види како навистина ќе се покаже. Кина ја препозна дупката во технолошката су-периорност во однос на Запад и забрзано работи да ја пополни. Исто како и руската, кинеската армија поминува низ сериозна трансформација во последните 15 години и ги прифаќа правилата на воена игра на За-пад. Но,сепак,останува сомнежот колку ква-литетно може да се копира воена доктрина која е културолошки некомпатибилна?

Ѓорѓи Вељовски

Page 42: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

остоењето на различни кривично правни системи, намалената гра-нична контрола, укинувањето на

внатрешните граници, долготрајната и неиз-весна меѓусебна правна помош, несоодвет-ната и неефикасна соработка меѓу полици-ските и судските органи во земјите членки, од една и зголемениот пренос на кримина-лот од една во друга држава од друга стра-на, за поефикасно справување со истиот ја наметнале потребата од формирање нови институции и изнаоѓање на нови соодветни инструменти.

Недозволена трговија со оружје

Секојдневните случувања во трговијата со оружје овозможуваат пазар кој е неограни-чен, високо рангиран и најважно, високо про-фитабилен. Развојот на трговијата со оружје е потпомогнат, пред сè, од меѓудржавните војни или внатрешните судири, судирите на различни парамилитарни групи, како и редовното вооружување на регуларните на-ционални безбедносни служби и агенции. Ако на ова се придодаде и распадот на по-ранешните социјалистички држави, негово-то ширење нема граници. Кризните региони

се секогаш одлична можност за огромен профит од трговијата со оружје, па неретко се зборува и се пишува дека кризите и про-блемите се често пати призвод на заговор за мултимилионерски бизнис со оружје на големите произодители на истото и негова дистрибуција токму во овие региони.

Бегалци од законот

Сторителите на кривични дела најчесто посакуваат да бидат неоткриени, како би можеле да продолжат со нивните недозво-лени активности. Нивното бегство најчесто резултира со извршување на нови кривични дела на друга теритоија со што настанува ширење на криминалот особено преку-граничниот. Овие лица најчесто стануваат предмет на потрага или бегалци од законот и претставуваат посебна опасна категорија. Во услови на отворени граници и намале-ни гранични контроли тие брзо и успешно го менуваат местото на вршење на кри-вично дело и местото на престој односно минувањето на границата за нив повеќе не преставува посебен проблем. На овој начин тие не им се достапни на органите на про-гон и најчесто своето бегство го финансира-

ат со извршување на нови кривични дела, со што претставуваа потенцијална закана за државните системи. Нивното лоцирање, пронаоѓање, лишување од слобода и екстрадиција се приоритет на кривично-правните органи, со цел успешно водење н кривичните постапки или извршување на кривичните санкции. Компјутерски криминал

Компјутерскиот криминал е уште познат и како криминал на високата технологија. Де-лата извршени при овој криминал напаѓаат компјутерски мрежи и системи, со цел да се уништат или злоупотребат базите на пода-тоци кои истите ги содржат за остварување профит. Денешните активности на совреме-ниот човек се незамисливи без примена на електрониката, комуникациските системи, компјутерските системи и мрежи. Брзината и анонимноста на електронските трансанкции кои ги нудат компјутерските системи и мре-жи се причина за нивно масовно користење. Голем број на државните функции особено оние во областа на безбедноста и одбра-ната се условени од ефикасноста и сигур-носта кои ги нудат пред се овие системи и мрежи, поради што истите најчесто се и цел на напади. Нивната заштита и сигурност за-висат од техничко технолошките иновации поради што се смета дека непостои апсо-лутна заштита на било кој систем или мре-жа. Употребата на електронската трговија, користењето на електронскиот потпис, се поголемата употреба на електронските платежни картички создаваат можности за нивна злоупотреба. Развојот на техниката и технологијата постојано се следи и од кри-миналните организации, кои на тој начин стануваат поспособни, обучени и спремни за навлегување во компјутерските мрежи и системи. Користењето на интернетот во се-кое време и во секакви услови овозможува брз пренос на секаков вид трансакции со мали можности за нивно идентификување од страна на легалните власти кои можат да бидат лесен плен за компјутерскиот кри-минал. Појавата на новиот вид криминал – „сајбер тероризмот“, со кој се напаѓаат мре-жи, системи и бази на податоци на одделни државни и безбедносни институции, е осо-

42

ПОТРЕБА ОД МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА – II

СПРАВУВАЊЕ СО АСИМЕТРИЧНИ ЗАКАНИ

Page 43: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

бено опасна. Добиените податоци на овој начин најчесто се користат за упатување на закани кон владите на одделни држави за остварување на некое свое право или остварување на финансиска или друга цел.

Соработката на кривично-правните органи

Појавата на транснационалниот организи-ран криминал создаде бројни проблеми за полициските и судските органи, како на на-ционално така и на меѓународно ниво. Свес-ни за различните пристапи и толкување на криминалот, кои особено се однесуваат на различното толкување и дефинирање на истиот, различните култури, јазик, политич-ката поставеност на државите, разликите во казнено правните системи, разните форми на организираност на кривично правните ор-гани на прогон, постоењето различни прак-тики, разликите во економската развиеност, високиот степен на корупција на државите, воздржаноста и недовербата при размена на податоци и информации, ја наметнуваат потребата за изнаоѓање решенија и инстру-менти прифатливи за сите за справување и спречување на транснационалниот кри-минал. Развојот на меѓународна соработ-ка, односно меѓународното спроведување на законот и соработката меѓу државите за одбележување се два моменти: поче-токот кога полиција ги имала во прв план политичките дела, што постепено еволуи-рало кон останатите кривични дела и кога соработката од привремени и ограничени форми добива постојани и структурирани организации со широко мултилатерално учество. Појавата на меѓународното кри-вично право требала во голема мерка да придонесе за поуспешно спротивставување со организираниот криминал. Својот развој го започнува по Втората светска војна, најнапред со формирање Меѓународниот воен суд во 1945 година и со Хашкиот три-бунал во 1993 г., а потоа и со основањето на Меѓународниот кривичен суд во 1998г., со што меѓународната соработка почнува да се манифестира и да се применува врз основа на меѓународни стандарди, норми и институции. Меѓународната полициска со-работка, признавањето и извршувањето на странските кривични пресуди и трансферот на осудени лица се сметаат за современи инструменти на меѓународното кривично право и форми на меѓународна кривично правна соработка. Функционирање на прав-ната држава, промените во правните и по-литичките системи во насока на владеење на правото, односно добро организираната и моќна држава е вистинското оружје во справување со транснационалниот крими-нал на глобално ниво. Меѓународната поли-циска соработка има историски основи – се појавува со формирањето на национални-те држави во XIX век и појавата на транс-националниот криминал. Како што истиот станувал покомплексен, така и барањата на државите за полициска соработка се зго-лемувале. Историските докази покажуваат дека развојот и порастот на меѓународната полициска соработка била потпомогната

од страна на претходни практики за со-работка, создадени, пред сè, од политич-ки причини. Потребата за меѓународна контрола на лица и организации, против-ници на постоечките политички системи, (социјалистите, демократите, либералите и анархистите) се смета за историски прет-ходник на меѓународната полициска сора-ботка. Со појавата на меѓународното право за спроведување на законот и значајните општествени случувања, се менувале и организацијата и практиките на органите кои го спроведуваат законот. Сè до теро-ристичките напади во САД на 11.09.2001 г. се смета дека соработката е неефикас-на, непостојана и несоодветна. Соработ-ката денес добива на значење, особено со хармонизирањето и усогласувањето на националните законодавства со донесе-ните голем број меѓународни документи и

инструменти, како и имплементирањето на одредбите од повеќе меѓународни догово-ри и конвенции во националните легисла-тиви. Појавата на меѓународното кривично право и организирањето на меѓународните кривични судови од една страна и сè по-големото учество на странски елементи во извршените кривични дела од областа на организиран криминал од друга страна, ги зголемуваат барањата за заемна со-работка, поради што унапредувањето на соработката меѓу „Интерпол“, „Европол“ и другите регионални полициски организации постојано треба да се проширува и да се унапредува.

„Интерпол“

Со одлука на делегациите од 20 држави на Вториот меѓународен полициски кон-грес одржан во Виена во 1923 г. е форми-рано првото меѓународно полициско тело – Меѓународна комисија на криминалистич-ката полиција, со цел укажување реципроч-на помош меѓу полициските органи според нивните национални закони, создавање и усовршување на услови и облици за бор-бата со криминалот. Сè поголемиот број на извршени кривични дела со странски

елементи наложиле да има потреба од формирање на орган, кој на меѓународен план ќе се спротивстави на транснацио-налниот криминал, особено организирани-от. Кога се во прашање воените, политич-ките, верските или религиозни кривични дела, секоја држава има право самостојно да одлучи дали делото спаѓа во некоја од овие групи, односно дали ќе постапи спо-ред барањето или не. „Интерпол“, во текот на своето работење се придржува на прин-ципот на почитување на националниот су-веренитет, универзалност, равноправност на државите-членки, флексибилност на работните методи и на соработката со дру-гите институции и агенции. Организацијата во своето работење се раководи на основа на четирите постулати: безбеден глобален полициски комуникациски систем, опера-тивни сервиси и полициски бази на пода-тоци, оперативна полициска поддршка и полициски тренинг и развој. Во рамките на „Интерпол“ функционираат и таканаречени тимови за брза реакција и тимови за под-дршка на големи настани. Активностите на „Интерпол“ во справувањето со криминалот покриваат голем број области. Меѓу нив, организацијата како приоритетни, односно како активности на кои се посветува посеб-но внимание, се издвојуваат: јавната без-бедност и тероризамот, трговијата со луѓе, трговијата со дрога и криминални органи-зации, финансискиот и компјутерскиот кри-минал, бегалците од законот и корупцијата. Една од најпознатите активности кои се од-виваат во рамки на „Интерпол“, што го пра-ви особено препознатлив, е потрагата по лица. Имено, преку каналите на „Интерпол“, на барање на земјите-членки циркулураат електронски потраги/објави, обележани со различна боја, која ја означува содржината и значење. Оттука, боите употребени во из-дадените потерници го означуваат видот на потрагата. Полициската соработка се одви-ва во согласност со националните прописи преку националните централни бироа лоци-рани во земјите-членки. Пронаоѓањето на лица и нивното лишување од слобода кои се предмет на меѓународна потерница, раз-мената на информации, воспоставувањето стандарди во постапувањето и образова-нието на кадри, се дел од редовните актив-ности. Како свои приоритетни области на дејствување „Интерпол“ ги издвојува новите асиметрични закани. Во рамките на Интер-пол функционираат шест регионални под-бироа кои служат, пред сè, за координирање на активностите на земјите во регионот за заедничките проблеми и создавање услови за побрза размена на податоци и информа-ции. „Интерпол“ изготвува и издава публи-кации од општ и специјален тип и останува најголема светска меѓународна полициска организација. Сите земји-членки на ЕУ се истовремено и членки на „Интерпол“ кои, условно речено, ги користат услугите на „Интерпол“ со земјите кои не се членки на шенген-зоната и на Европската унија.

д-р Сашо М. Стојановскид-р Методија Дојчиновски

м-р Билјана М. Стефанова

43

Page 44: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

о текот на февруари имавме мо ж-ност да присуствуваме на про мо-цијата на една нова книга од обла-

ста на одбраната. Станува збор за книгата „Образование и обука во системот за одбра-на на Република Македонија“ од д-р Златко Кузманов. Авторот на книгата произлегува од редовите на Министерството за одбрана и целиот свој работен век бил висок офи-цер на АРМ и вработен во Министерството за одбрана, кој се трудел да даде придо-нес во развојот на одбраната во Република Македонија. Оваа негова прва книга е ре-зултат на сеопфатните научни истражувања имплементирани во неговиот докторски труд одбранет на Институтот за безбедност, одбрана и мир и претставува материјално сведоштво за стремежот на авторот до-следно да се евалуираат и да се подобрат состојбите со образованието и обуката во системот за одбрана на Р. Македонија. Пред многубројните присутни на промо-цијата, осврт кон книгата дадоа рецензен-тите на книгата проф. д-р Зоран Нацев и професор д-р Ванчо Кенков од Институтот за безбедност одбрана и мир. Монографијата „Образование и обука во системот за одбрана на Република Ма ке-донија“ има конзистентна структура претста-вена во шест посебни и функционално повр-зани целини кои целосно го третираат про-блемот на истражувањето. Анализата за-почнува со дефинирање на воспитувањето, образованието, обуката и оспособувањето и нивното третирање како актуелен проблем, за преку терминолошката диференцијација да заврши со локализација на концептот на образование и обука во контекст на опште-

ствениот развој и неговата манифестација во Системот за одбрана на Р. Македонија.Во трудот се елаборирани одредбите во се-думнаесет законски решенија, стратегиски документи, концепти, правила и упатства кои се однесуваат на образованието, обу-ката, оспособувањето и усовршувањето во одбраната и Армијата. Авторот врши ана-лиза и ги истражува противречностите во дефинирањето и употребата на овие по-ими образование, обука, оспособување и усовршување во законите и стратегис ките документи. Преку истражувањето ав торот укажува дека не сите посочени стратеги-ски документи на идентичен начин и со исто значење ги користат термините об-разование, обука, стручно или професио-нално оспособување и усовршување, спе-цијализација, стручно-специјалистичка об-ука и друго, кои се во одредбите на Законот за одбрана. Во книгата се идентификувани 4 фази во развојот на системот за образова-ние и обука во одбраната и Армијата во Ре-публика Македонија, и тоа: прва фаза, која се однесува за периодот од 1992 до 1994 го-дина; втора фаза, се однесува за периодот од 1995 до 2002 година; трета фаза, која се однесува за периодот од 2003 до 2008 годи-на и четврта фаза, за периодот од 2009 до 2014 година.Понатаму, авторот како истражувач со дол-гогодишно практично искуство во одбраната и во армијата, темелно и во детали ги анали-зира улогата, задачите, поставеноста и про-блемите со кои се сретнуваат сите субјекти кои се одговорни за образованието и обука-та во МО, АРМ и ВА. Преку спроведената те-мелна анализа на функционирањето на сите

сегменти на актуелниот систем за образова-ние и обука авторот заклучува дека постојат одредени организациски проблеми; пробле-ми околу динамиката на остварување на планираните задачи и активности; нецело-сно применување на одредбите од веќе до-несените стратегиски документи; постојано ажурирање и подобрување на содржините во стратегиите, правилниците и упатствата; градење на стручен, професионален и мо-тивиран кадар и др. Како посебен квалитет на трудот се анали-зата и интерпретацијата на резултатите од истражувањето кое е извршено по пат на анкета со прашалник каде се анкетирани 81 припадник на МО, АРМ и ВА. Резултатите од извршеното истражување му послужиле за формулирање на релевантни заклучоци. Ракописот претставува оригинален научен труд кој содржи значајни тези за актуелните проблеми и состојби во системот за образо-вание и обука во одбраната и армијата. Тру-дот претставува значаен извор, стимулација и поддршка на други истражувачи од овој до-мен. Оттука, може да се заклучи дека стану-ва збор за труд кој има аспирации да конста-тира, но и да отвори низа значајни прашања од доменот на образованиетио и обуката во одбраната и АРМ. Трудот претставува дело кое успешно ги спојува теориската и прак-тичната димензија, а практичните импли-кации што ги сугерира и ги носи како свој потенцијал го прават овој труд ексклузивен од аспект на можноста за апликација. От-тука, убедени сме дека тој ќе предизвика интерес не само кај стручната и научната јавност, туку и кај пошириката јавност.

Р.Ш.

ПРОМОЦИЈА НА НОВА КНИГА ОД ОБЛАСТА НА ОДБРАНАТА

ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА ВО СИСТЕМОТ ЗА ОДБРАНА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

44

Page 45: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

о динамиката на општественото живеење потребата да се биде акти-вен чинител во современиот свет во

којшто егзистира и јавната администрација е евидентна. Тоа, компаративно, покрај во одбраната, како дел и од јавната администрација, се согледува дури и кај по-големи приватни компании. Практично, еви-дентно е дека кај компаниите, покрај еко-номската работа и остварувањето профит за напредок, се потпираат и на создавањето медиумски продукти, што вистински ја от-сликуваат нивната работа, производи без маркетиншки, туку со стратешки приод за придобивки за граѓаните и општеството. Тоа е во стратешка функција во поглед на јавната, а и на интерна комуникација при реализација на односите со јавноста. Де-нес, за напредок не е доминантна потреба-та само да се биде во тек со современите текови на технологијата – во тек со „технич-ката писменост“. Едноставно кажа-но, потребно е да се биде и најмалку „медиумски писмен“ за реализација на односите со јавноста на повисоко ниво на општествено комуницирање, поточ-но со медиумски продукти во функција на односите со јавноста. Истовреме-но, со преземањето обврски за да се биде таков активен чинител за односи со јавноста, а истовремено да се биде дел од јавната администрација, се од-говара на прашањето за потребата од создавање медиумски продукти во ор-ганизациите, што ќе бидат во функција на односите со јавноста. Притоа, прак-

тично, не им се даваат само сурови податоци на новинарите, кога тие ќе побараат или кога ќе постои потреба да се информираат меди-умите, односно јавноста. Тоа е од причина што современиот динамичен и демократски тек на времето во коешто живееме налага да се форматираат – да се средат работите коишто се информации и податоци (збор, фотографија, аудио, видео, мултимедија) во форма на публикација, медиумски продукт, којшто кореспондира со формата што меди-умите ја разбираат најмногу, а и како таква форма, односно формат, практикуваат за да ги публикуваат и објавуваат истите инфор-мации во јавноста. Таквото сознание, би ре-кле за среќа, го има осознаено, на пример, Министерството за одбрана на Република Македонија, веднаш по распадот на СФР Југославија, уште во почетокот на првите години на осамостојување на Република Македонија.

Министерството за одбрана меѓу првите

Практично, во Министерството за одбрана на Република Македонија (МО на РМ) уште во средината на 1992 година се оформува ни-кулец на редакција за печатени изданија со формирање на посебна служба – Редакција на списанието „Одбрана“ со главен и одгово-рен уредник д-р Алекса Стаменковски (изда-нието број 1 излезе во јули 1992 г.). Веднаш по првиот број, од вториот број на списанието „Одбрана“, како главен уредник е назначаен Никола Костески и потоа, од број 6 во август 1993 г., тој е назначен за главен и одговорен уредник. Инаку, на бившите простори, Србија ги имала продолжено повеќето публикации од СФРЈ, а истата година, Словенија веќе имала такво свое списание со исти наслов („Одбранба“), а Хрватите, нешто подоцна го продуцирале одбранбеното списание „Хрватски војник“. Потоа, по неколку години

во јули 1999 г., почнувајќи од број 42, за главен и одговорен уредник на спи-санието е поставен Васил Дичевски, којшто уште од крајот на 1993 година веќе бил уредник во списанието. Инаку, потребата и за поширока комуникација со граѓаните доведува и до издавање на армиски весник, „Армиски збор“ (из-данието број 1 излезе во август 1995 г.), што го уредуваат прво Петар Атанасов, а потоа Благоја Марковски, па Здрав-ко Ризовски. Сите тие се вработени во јавната администрација, поточно во Ми-нистерството за одбрана и Армијата на Република Македонија, а работат како

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА – ПИОНЕР ВО СОЗДАВАЊЕТО МЕДИУМСКИ ПРОДУКТИ ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТА

РАЗВОЈ НА МЕДИУМСКАТА ДЕЈНОСТ

45

Page 46: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

членови на внатрешни редакции, а истовре-мено на периоди работат и како портпароли на Министерството и на Армијата. Подоцна, издавачката дејност преку Одделението за продукција во Министерството почнува да го издава теоретско периодично списание „Со-времена македонска одбрана“ (изданието број 1 излезе 1999/2000 година), а списани-ето „Одбрана“ и весникот „Армиски збор“ се преточуваат во списанието „Штит“ (издание-то број 1 излезе во септември 2008 година). Издавачката дејност, покрај тоа што беше никулец на Одделението за медиумска продукција за печатени изданија, беше ни-кулец и за креирање уште во 1994/95 годи-на и на веб-страница на Министерството за одбрана, што беше и втора веб-страница во рамките на земјите во Партнерството за мир (ПфП), во чекалната на НАТО-земјите. Инаку, прва земја од земјите во ПфП со своја веб-страница за неколку месеци пред Македонија имаше Естонија. Во тој период се формираше медиумска продукција во рамки на Кабинетот на министерот за одбрана, како дел од Одде-лението за односи со јавноста. Потоа, поте-мелно се работи на практично оформување на јадро за комплексно менаџирање на односите со јавноста во одбраната, осо-бено по собирањето и стекнувањето искуства од мултина-

ционал-ната воена вежба

„Мировен орел“ на земјите од НАТО и од програмата „Партнерстство за мир“ (ПфП), во летото 1996 година. Токму таа веж-ба, организирана, пред сè од НАТО, укажа на важноста на медиумската продукција како активен чинител во функција на остварување на моментните, реактивни, а подоцна и на стратешките односи со јавноста. Во рамки на таквата компаративна изграденост според НАТО моделите, беше и настојувањето за создавање на сопствена одбранбена меди-умска видеопродукција според примерот на Американците. Но, тоа настојување остана само како нацрт-елаборат (во 1997/98 годи-на) од којшто подоцна се модифицираа одре-дени систематизациски решенија. Тие струк-турни систематизациски решенија, што прет-поставуваа продукциски развој за поддршка на односите со јавноста, тогаш не заживеаја реално, туку само како шематска структура на хартија во нови систематизации со де-лумно кадровско пополнување. Иако уште пред тој елаборат беа направени неколку

видеопроекти, документарни емисии и виде-оприлози во Министерството за одбрана на Република Македонија, сепак по системати-зациско-шематско структуирање во посебно Одделение за видеопродукција, во практика не заживеа одбранбената видеопродукција. Истовремено, од страна на јавниот ТВ-сервис во државата, Македонската радио-телевизија, „одбранбеното“ продуцирањето на такви специјализирани телевизиски про-грами беше редуцирано.

Работното место портпарол за првпат во државата е во Министерството за одбрана

Во поглед на кадровските услови за соз-давање медиумски продукти во јавната администрација во функција на односите со јавноста, темата во случајов, пожелно е да се обидеме кусо да ја елаборираме во вре-менска историска рамка. Ние тоа го лоцира-ме поконкретно, тргнувајќи од 1991 година. Тогаш, по прогласувањето независност на Република Македонија, покрај веќе посто-ечките општи одделенија за информирање на јавноста лоцирани околу рако-водните структури (каби-

нет и слично, функцијата портпарол, како определено работно место, за првпат се етаблира во јавната администрација. Кон-кретно, тоа се случи во Министерството за одбрана на Република Македонија, во со-гласност со НАТО. Истовремено, тогаш се појавуваат медиумски продукти во функција на односите со јавноста, продуцирани од специјализирани одделенија за продукција во јавната администрација. Како таков при-мер во јавната администрација може кон-кретно да се посочи Министерството за од-брана на Република Македонија. Конкретно,

преку модификација на претходното Одде-ление за информирање, се конципира како дел од Кабинетот на министерот за дел за односи со јавноста и продукција. Практично, прв портпарол на Министерството за одбра-на, (како определено работно место), а и во државата, е Петар Атанасов (од септември 1994 до март 1999 година), којшто раководи со делот за односи со јавноста и продукција во Кабинетот на министерот за одбрана, при-тоа остварувајќи соработка со повеќе мини-стри за одбрана (д-р Владо Поповски, д-р Благој Ханџиски, д-р Лазар Китановски, д-р Никола Кљусев). Инаку, Одделение за продукција, за соз-давање медиумси продукти во функција на односите со јавноста, како посебно одде-ление е конципирано во триодделенскиот Сектор за военоиздавачка дејност, во 1998 година. Во тој сектор, едно од одделенијата е и Одделението „Одбрана“ и други списанија. Токму од тоа одделение во одбраната се продуцираа списанија, весници, фотогра-фии и други специјални одбранбени и други изданија и публикации. Истовремено, Одде-лението за продукција во одбраната, кадров-ски и со своите медиумски продукти, му беше силна поддршка на делот од Кабинетот на министерот за одбрана што ги остваруваше односите со јавноста. Тоа се остваруваше и преку пласирање на делови од тогашното списание „Одбрана“ преку веб-страницата на Министерството за одбрана. Практич-но, со креирањето своја веб-страницата, нашето Министерство за одбрана ја по-стави Македонија на второ место (прва беше Естонија), во рамки на програма-та „Партнерство за мир“, којашто има таков дел за голема танспарентност и комуникација кон севкупната до-машна и светска јавност.

Медиумски „јазик“ и тежнеење

Потребата од тим за медиумска про-дукција, внатрешна продукција во јав на та администрација, е тематика што кореспон-дира со тактиките коишто се употребуваат и се применуваат во односите со медиумите: пишувани тактики - текст, визуелни так-тики – фото, плакат, билборд, аудио или аудио-визуелни тактики – радио и видео, видеобим. Тие тактики во учебниците за од-носи со јавноста во Македонија, конкретно, се синтетизирани како три видови тактики и техники: пишувани, говорни и визуелни, конкретно како медиумски продукти во „прес-кит“-пакет, односно медиумска новинарска мапа. Тоа јакнење на новинарското сознание за организацијата – одреден дел на јавната администрација, во случајов, налага раковод-ството на тој дел од јавната администрација да го подигне нивото на општо знаење на работата и да се развива во согласност со и над задачите за коишто е формирано да дејствува. Секако, ова е одреден идеален на-чин на гледање и објаснување на работите, но во практиката тоа овозможува токму на тежнеењето кон таквото идеално работење на делот на јавната администрација, којашто има таква внатрешна новинарска и продукци-ска редакција за производство, продуцирање,

46

Page 47: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

47

медиумски продукти, коишто зборуваат за организацијата и за нејзината рабо-та. Тоа „зборување“ би било токму на јазикот и азбуката којашто секој медиум ја разбира, ја „зборува“, ја користи, сека-ко не само во комуникациски, туку и во техничко-технолошки поглед.

Продукциски полиња на дејство

Предмет на работа на тимот за меди-умска продукција во јавната ад ми нис-трација којшто ќе создава медиумски продукти во функција на односите со јавноста, би било произведување на пет видови медиумски продукти за четири видови медиуми – публикувачи – емите-ри на медиумски продукти. Петте (5) ви-дови медиумски продукти се: видео-аудио ме-диумски продукт (ТВ); аудио-медиумски про-дукт; фото-медиумски продукт; печатен ме-диумски продукт и интернет, мултимедијален продукт. Секако, во овој случај е познато дека е јасно разграничувањето на огласување – пропаганда и објавување на новинарски при-лози и содржини за коишто се употребуваат информации и податоци за кои давателот на информации не платил (барем директно), за да се објават, публикуваат и емитуваат тие

податоци. Од тој исти агол на темата, чети-рите (4) видови медиуми – публикувачи-еми-тери на медиумски продукти каде што е јасно разграничувањето на огласување и пропаган-да, се следниве: телевизијата; радиото; пе-чатот и интернетот, односно веб-страниците (од самостојни референтни, регистрирани, продуценти и/или страници на веќе посто-ечки ТВ, радио или печатени медиуми). При развивање на односите со јавноста тре-ба да се земе предвид дека имаме барем три полиња на дејство на PR-тимот и во до-менот на создавање медиумски продукти во функција на односите со јавноста. Тоа се медиумски продукти. Прво, за развивање на „внатрешните односи со јавноста“, внатре во организацијата, во јавната администрација, за која работи PR-тимот. Потоа, тоа се ме-

диумски продукти во функција на односите со јавноста за развивање на односите со јавноста со организациите со кои се сора-ботува и со непосредниот дел од граѓаните што имаат потреба од соработка со делот од јавната администрација за кого работи PR-тимот. Како трето, тоа се медиумски про-дукти што се форматирани за пошироката јавност, почнувајќи од ниво на најмалата за-едница, па до светската заедница, односно јавност. Во контекст на темата од аспект на практиката, дали медиумските продукти соз-

дале вистинска, а не имагинарна конекција со јавноста при долгорочното и продуктив-но остварување на односите со целокупна-та јавност, се посочува дека тоа се кризите. Односно, дека тоа е своевиден „момент на вистината“, кога точно се гледа дали нешто или некој го бидува или не, а и дали делот на јавната администрација реално знае да се справи со кризата, односно дали си ја знае работата или не.

Тимови за медиумска продукција

Можности и варијанти за кадровски екипи-рани тимови за медиумска продукција има неколку, но се тргнува од тоа што најмалку е потребно, за да се прецизираат и квалифи-кациите и образованието на работните места

во конкретна систематизација на кон-кретен дел од јавната администрација. Поточно, јасно е дека се конципираат нај малку специјализирани делови од одделенија, коишто би ја имале како основна задача медиумска-та продукција на продукти со кои ќе се остваруваат повеќе функции, а најмногу тој продукт ќе биде во функција на односите со јавноста. Значи, бидејќи работата на луѓето за медиумска продукција во функција на односите со јавноста е поврзана со односите со јавноста, тие можат да бидат распоредени во одделени-ето за односи со јавноста коешто би се именувало според работните за-дачи што ги извршува: Одделение за

односи со јавноста и медиумска продукција, а ако кон ова се додаде и протоколот, тогаш се добива називот Одделение за односи со јавноста, за продукција и за протокол. Ако, пак, се подигне на повисоко ниво работата, во поглед на давање поприоритетно место на ова најмалку „триопфатно“ одделение, тоа е можно да се расчлени на најмалку три посебни одделенија во еден сектор. Тоа, впрочем, и се практикувало на повеќето НА-ТО-вежби, на кои партиципирале и Армијата

на Република Македонија и Министерство-то за одбрана (АРМ и МО), обединето како Прес-информативен центар (ПИЦ) во којшто, како четврти дел (4) бил додаван и делот за административна поддршка на трите посеб-ни делови, одделенија: 1. – на делот за меди-умска продукција, 2. – на делот за односи со јавноста и 3. – на делот за протокол. Ова вежбовно НАТО-теренско искуство е многу драгоцено за практично стратегиско реализирање на односите со јавноста во од-браната, како дел од јавната администрација. Таквото етаблирање овозможува да се созда-ва и структура во јавната администрација за создавање медиумски продукти во функција на односите со јавноста, којашто реално ќе функционира.

м-р Илија Бојаровски

Page 48: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

48

анче Неделковски растеше и се раз-виваше во мошне хетерогена среди-на, како по националниот така и по

социјалниот карактер. Таа социјална спро-тивност ќе остави длабоки траги во психата на младиот гимназист, што ќе му овозможи во судбоносните денови за македонскиот народ безрезервно да се определи.Завршил гимназија во Скопје, при што уште во гимназиските денови пројавува голем интерес кон воздухопловството. Таа негова желба конечно ќе се оствари и во дваесет и осмата година од животот станува воен пи-лот-ловец.Со двете завршени академии, пешадиска и воздухопловна, со одличен успех, се стекну-ва со солидно воено образование кое ќе му овозможи во текот на Народноослободител-ната и антифашистичка војна успешно да раководи со единиците на НОВ и ПОМ. Дипломирал на Воената академија во Бел-град (1934) и станал пешадиски офицер, а потоа ја завршил и Воената воздухо-пловна школа (1938) и станал воен пилот. Школувањето во воените академии и две-годишното службување во единиците на кралска Југославија не можеа да влијаат врз губењето на националното чувство дека е Македонец. Национално осознаен и антифашистички расположен, со силно чувство и за длабоки социјални промени. Во Априлската војна бил заробен во Сараево и

одведен во Германија (6. 4.1941-првата по-ловина на 1942). По враќањето се вработил во рудникот Радуша (Скопско) и се поврзал со тамошните комунисти. тој веднаш по излегувањето од софискиот логор на поче-токот на 1942 година ќе се поврзе со НОД во Скопје и подоцна ќе стапи во неговите редови.Панче Неделковски беше еден од ретките команданти кои секавично се издигнаа на врвовите на воената хиерархија во НОВ и ПОМ. Најпрво станал борец на Тиквешкиот НОПО „Добри Даскалов “ (во летото 1943), потоа бил повлечен за заменик-командант на ГШ на НОВ и ПОМ (од крајот на 1943- крајот на војната). Непосредно ги раководел Февруарскиот поход и воените операции во Пролетната офанзива (1944). Со Указ на Врховниот командант на НОВ и ПОЈ од

1.12.1944г., Панче Неделковски-Полошки е унапреден во чин полковник.Тој за сето време на војната остана на долж-носта заменик-командант на Главниот штаб се до неговото расформирање во мај 1945 година, според одлуката на Генералшта-бот на Министерството за одбрана на Де-мократската Федеративна Југославија. Тоа зборува за неговото успешно и беспрекорно раководење и командување. Раководеше со

Панче Неделковски-Полошки (роден во Скопје на 24.4.1912 г. - загинал кај Кралево, Србија, 11.10.1945 г.)– воздухопловен капетан на Кралството Југославија, заменик-командант и командант на ГШ на НОВ и ПОМ и полковник на македонската војска во состав на Југословенската армија

ПАНЧЕ НЕДЕЛКОВСКИ

МАКЕДОНСКИ ВОЈСКОВОДЦИ И КОМАНДАНТИ

Page 49: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

единиците на НОВ и ПОМ во Богомилскиот марш во чувствителното подрачје на Запад-на Македонија, каде што германската ко-манда во Албанија ја распламтуваше наци-оналната омраза меѓу македонскиот народ и албанското малцинство. И во тие борби како војник даде максимум.Неговиот војнички талент, како стратег, осо-бено ќе дојде до израз во завршните опе-рации кога раководеше со крупни воени единици се до конечната победа над бугар-

ските и германските окупаторски и квис-линшки сили. Во ус-лови на катадневни борби што ги водеа единиците на НОВ и ПОМ со елитните германски единици од составот на ар-миската групација „Е“, Панче Неделковски постојано праќаше упатства и наредби до командантите на дивизиите и корпусите. Тие упатства и на-редби се однесуваа на организационо-то јакнење на единиците (формирање на соодветни служби), на подобрувањето на раководењето и командувањето, на содејството на единиците во борбените ус-лови, на распоредувањето на единиците за сите заднински задолженија и обврски итн.Со ослободувањето на земјата и про-терувањето на последниот окупаторски војник за Панче Неделковски, впрочем како и за целиот Главен штаб на чело со Михаило Апостолски, настапија де-нови на извршување на многубројни за-дачи и обврски што ги наметнуваше вре-мето: реорганизација на Главниот штаб; реорганизација на единиците на НОВ и ПОМ, ликвидирање на остатоците од бали-стичките сили, формирање на корпус и не-

гово учество во конечниот слом на фашиз-мот и сл. На почетокот на декември 1945 година ГШ издаде наредба за реорганизација на единиците на НОВ и ПОЈ за Македонија. Расформирани се штабовите на 16. и Бре-галничко-струмичкиот корпус, а реорганизи-ран е 15. корпус кој требаше да замине на Сремскиот фронт. Со таа реорганизација единиците на НОВ и ПОЈ за Македонија беа приспособени за извршување на мирновре-менски задачи.Паралелно со реорганизацијата на единици-те, за полесно раководење и командување, на 8.12.1944 година Главниот штаб издаде наредба за поделба на Македонија на 3 во-ени области (Скопска, Битолска, Штипска) и команда на градот Скопје, потоа на 8 коман-ди на подрачја и 28 команди на места.Реорганизација се изврши и во Главниот штаб. По ослободувањето на Македонија службениот назив на Главниот штаб гла-си: Главен штаб на Народноослободител-ната војска и партизанските одреди на Југославија за Македонија, а малку подоцна Главен штаб на Југословенската армија за Македонија. За командант повторно е на-значен Михаило Апостолски, за заменик-ко-мандант Панче Неделковски, за политички

комесар Борко Темелковски-Лилјакот, а за началник на штабот Павле Илиќ.Со реорганизацијата на Г лавниот штаб во неговиот состав се формираа следни-те одделенија: оперативно, артилериско, инженерско, воздухопловно, сообраќајно, персонално, економско, санитетско, ветери-нарно, судско, мобили- зациско, наставно и пропагандно.Панче Неделковски одигра голема улога во креирањето и извршувањето на напред из-несените и други задачи на Главниот штаб. Тој својата активност посебно ја посвети на подготовките на единиците што требаше да заминат на Сремскиот фронт. Така со наред-ба на Главниот штаб во декември беше пре-формиран 15. корпус со задача да учеству-ва во завршните операции за ослободување на Југославија. За командант на корпусот беше поставен Алексо Демниевски - Бауман (шпански борец).

Во Главниот штаб по неговата реор га ни-за ција, се формира и судско одделение. Со тоа започна процесот на формирање на виши воени судови во воените области и повеќе воени судови во градовите низ Македонија. Тие воени судови, меѓу другите задачи, беа задолжени да им судат на сите оние што на кој било начин му служеле на германско-бугарскиот и италијанскиот оку-патор. Вишиот воен суд на Скопската воена област им судеше на тие предавници во Скопје. во Офицерскиот дом, во присуство на голем број граѓани. Претседател на судот беше полковник Тодор Ѕвездин, воен јавен обвинител Александар Христов, а меѓу во-ените поротници е и заменик-командантот на Главниот штаб Панче Неделковски. Со извршената реорганизација на Глав-ниот штаб и со неговото преименување во Главен штаб на Југословенската армија за Македонија настанаа и кадровски про-мени. Според наредбата на Врховниот штаб на НОВ и ПОЈ од 19.2.1945 г., гене-ралот-полковник Михаило Апостолски му ја предаде должноста на својот заменик, полковник Панче Неделковски и беше по-влечен на служба во Генералштабот на Југословенската армија во Белград.Разделбата меѓу командантот и неговиот за-меник беше повеќе од трогателна. Одлуката за заминување на неговиот командант осо-бено ќе го погоди Панче. Ги врзуваше речиси двегодишно војување. Иако непосредните контакти беа мошне ретки, поради оддале-ченоста на боиштата каде што контактите се остваруваа преку курирската врска, а потоа и преку радиостаниците, сепак беа доволни за да се почувствува блискост и да се из-гради меѓусебно почитување и другарство. Нивната поврзаност и блискост беше ре-зултат и на мошне идентичните карактерни особини: скромност, сталоженост, хуманост, хармоничност во решавањето на сложе-ните воени ситуации, единствен приод кон луѓето, без никаква надменост и користење на својата положба.Меѓутоа, поради многубројните мирнов-ремени задачи што требаше да ги решава Главниот штаб се наметна потребата од военостручно оспособување на старешин-скиот кадар кој главно израсна во текот на НОВ. Новите услови наметнаа потреба од создавање на современа и модерно опре-мена армија, па според тоа и на таков ста-решински кадар кој ќе може да одговори на предизвикот на тие потреби. Потребата од соодветен стручен кадар произлегуваше и од формирањето на сите родови на воени единици, со исклучок на морнарицата. За-тоа, според наредбата на Генералштабот на ЈА, се пристапи кон избор на кадри кои ќе заминат на школување во СССР, во тамош-ните воени академии. Од школувањето не беа исклучени ни командантите на покруп-ните воени единици, бригадите, дивизиите и корпусите. И самиот заменик-командант на Главниот штаб Панче Неделковски, заедно со својот постојан сопатник-другар Димитар Туриманџовски, кон крајот на октомври 1945 година требаше да замине за СССР, во по-високите воени образовни установи.Со наредбата на Министерството за одбра-на на Демократска Федерална Југославија

49

Page 50: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

50

и Генералштабот на ЈА во мај 1945 го-дина престана да функционира ГШ на ЈА за Македонија. Се формира Петтата југословенска армија која ја покриваше територијата на Македонија и дел од јужна Србија, односно Косово. Тоа е време кога дотогашниот заменик-Панче бил и деле-гат на Првото заседание на АСНОМ. По Ослободувањето Панче бил назначен за на-чалник на Оперативниот оддел при Штабот на воздухопловството на ЈНА во Земун (март 1945), а потоа полковник Панче Неделков-ски бил назначен за командант на Главниот штаб. Со наредба на Генералштабот на ЈА тој бил прекомандуван во Белград, на долж-носта началник на Оперативното одделение на Југословенското воздухопловство.Полковникот Панче Неделковски ја при-ми наредбата со двојно чувство. Чувство на разделба од една средина, од своите најблиски соработници и другари, со кои во текот на НОБ ги минуваше сите премрежија на една војна, на доброто и злото, а на раз-делба со својата мајка и со сестрите. Но новата должност ја прими и со нескриено задоволство. Се уште го привлекуваа висо-чините и синилото на небото.За тоа колку беше вљубен во воздухо-пловството зборува и фактот дека набргу по ослободувањето на Скопје, и покрај многубројните други обврски веднаш се ангажира и за формирање на воздухо-пловна и противвоздушна единица. Со особено задоволство се ангажира да им помогне на иницијаторите воздухопловни ентузијасти Љубомир Тевчев и комесарот на воениот аеродром Блаже Трошановски, за формирање на аероклуб. Само 12 дена по ослободувањето на Скопје се формира Иницијативен одбор кој со сесрдна помош на Панче Неделковски започна да работи. На тој начин Панче Неделковски стана ос-новач на спортска гранка која со децении и ден-денес создава стотици и стотици пи-лоти, едриличари, кои достојно ја презенти-раат нашата земја на разни натпревари во светот.Сите настојувања да се соберат податоци за активностите на Панче Неделковски на новата должност и за неговиот петмесе-чен престој во Белград останаа без резул-тат. Познато е дека кон крајот на октомври 1945 година по предавањето на должноста, требаше да замине на доусовршување во СССР. Во таа година добар дел од познати-те и прославени воени команданти и рако-водители требаше да заминат во СССР на усовршување. Меѓу нив беше и потполков-ник Димитар Туриманџовски, командант на гарнизонот во Скопје. И така на почетокот на октомври во Белград се најде и Димитар Туриманџовски, неговиот другар.Се ближеше 11 Октомври 1945 година-Де-нот на востанието на македонскиот народ. Тоа беше првата година од прогласувањето на 11 Октомври за државен празник. Во целата земја, посебно во Скопје, се вршеа големи подготовки. Се очекуваше да при-суствува и да говори Тито. Панче Неделков-ски, како и други Македонци кои беа анга-жирани во Белград на воени. политички и државни функции, доби покана за учество на централната прослава.

Панче Неделковски и Димитар Тури ман џов-ски, кои слободното време го минуваа за-едно, се договорија за Скопје да заминат со авион. Воениот авион со кој требаше да па-туваат беше од англиско производство, тип „Прон-тор“. Располагаше со повеќе места и затоа Панче покани повеќе другари заедно да патуваат. Меѓу поканетите се и познатиот фотограф Благоја Дрнков од Скопје и Петар Брајовиќ. Петар Брајовиќ се сеќава: „Последен пат, пред да загине несреќно во авионска несреќа, се видовме во Белград. Јас тогаш работев во Генералштабот, а тој во коман-дата на воздухопловството. Мислам дека беше во пресрет на прославата на 11 Ок-томври, Денот на востанието на македон-скиот народ. Тој ме повика и ми предложи

заедно да патуваме со авион... Меѓутоа, по-ради мојата нога, а и нешто друго ме попре-чи, не отидов со него на тој последен лет...“Панче Неделковски беше секаде омилен како воен раководител, а посебно како чо-век хуманист, кој потекнал од народот и беше готов да го даде и својот живот за ма-кедонскиот народ и за идеалите за слобод-на Македонија.Генерал Петар Брајовиќ, кој со Панче Не-делковски ги помина сите премрежиња на војната, почнувајќи од Богомилскиот марш, борбите во Западна Македонија, па сè до

завршните операции за ослободување на Македонија, ќе истакне:„Панче имаше нешто особено во својот ка-рактер. Тој беше вистински мозаик на чес-носта и како таква личност беше почитуван од сите борци кои гледаа во него не само воен, и тоа висок воен раководител туку и обичен човек кој како таков им остана во сеќавањето на сите другари и пријатели...Јас се сеќавам за него како прекален борец и, гледајќи го сега од оваа далечина, знам дека би станал еден од заслужните маке-донски кадри зашто во себе го имаше сето она што е нужно за раководител...“Панче Неделковски како раководител беше талентиран, широк човек, со широки погле-ди во врска со нашата борба, што ја водевме во мошне тешки услови, секогаш беше убе-ден дека на крајот победата ќе биде наша зашто со нас беше народот кој не само што ни помагаше туку заедно со нас се бореше во нашите единици и ги поднесуваше сите маки и тешкотии во борбата...“...Моите сеќавања за Панче се поврзани со почит кон него како вистинска личност со карактерни црти на стамен човек кој, кога добро ќе го запознаеш, ќе го засакаш засе-когаш и ќе го цениш како најблизок другар и пријател. Македонската стварност беше збогатена со личноста на Панче Недел-ковски како успешен воен стратег кој, за жал, умре многу млад, на 33-годишна воз-раст, во цутот на творештвото на еден веќе оформен човек за големи воени и други ви-зии и особини за доброто на македонскиот народ“.И во текот на извршувањето на задачите на новата должност, началник на Оперативни-от отсек на Југословенското воздухоплов-ство во Белград, која толку ја посакуваше, во времето кога требаше да замине во СССР за натамошно збогатување на воени-те знаења, се случи авионската несреќа во која го загуби животот. Загинал во авионска несреќа на пат конСкопјеНеговото загинување ја потресе цела Ма-кедонија, граѓаните на Скопје, неговите во-ени другари, а најмногу неговата мајка, се-стрите и другите роднини.На 11 Октомври 1995 година, на 50-годиш-нината од неговото загинување, Градски-от одбор на СБ од НОАВМ на својата све чена седница, посветена на неговото загинување, донесе Одлука за подигање на споменик на левиот брег на Вардар, близу до Комерцијална банка, каде се наоѓаѓе не-говата родна куќа, урната во 1963г., во ката-строфалниот земјотрес. За неговите воени заслуги во текот на славната НОАВМ, за храброста и за не-говата умешност во раководењето и командувањето со единиците на НОВ и ПОМ, општествената заедница уште во те-кот на животот го одликува Панче Неделков-ски - Полошки со највисоките одликувања што беа установени тогаш: Орден од прв ред на партизанска ѕвезда со златни мечо-ви и Орден заслуги за народ од прв ред, а посмртно со Орден братство и единство од прв ред и Плакета на АСНОМ.

д-р Марјан Димитријевскигенерал Борис Стојаноски

Page 51: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

51

РАЗГЛЕДНИЦА ОД БЕРЛИН

е постои место на светот кое е тол-ку уникатно како што е Берлин. Овој град во секоја смисла на зборот прет-

ставувал бојно поле и тоа не само за армии, туку и за идеи и филозофии врз кои се засно-ваат политиката и општеството. Затоа, Бер-лин и понатаму е културна екстраваганција, преполн со млади луѓе од цела Европа кои уживаат да се собираат во поранешниот ис-точен дел на градот. Евтиното сместување, просперитетната културно-уметничка сце-на и енергичниот ноќен живот се она што ги привлекува младите во тој дел на градот. Инаку, статусот на Берлин како главен град на најголемата економија во Европа и дви-жечка сила на ЕУ е повеќе од очигледен кога ќе се прошета низ самиот центар на градот каде меѓународни невладини организации и мултинационални компании етаблираат кан-целарии и седишта. Затоа и не беше воопшто чудно што американскиот претседател Барак Обама го избра Берлин како локација за својот прв јавен говор во Европа, обраќајќи се пред публика од стотици илјади, велејќи: „Погледнете го Берлин, каде што падна ѕидот, еден континент стана едно, а историјата по-кажа дека не постои предизвик кој е толку го-лем за целиот свет да не стане едно“.

Берлин: Најмладешки град за 2015 година Глобалната иницијатива за Младешки градо-ви (The Global Initiative Youthful Cities) го ранги-

ра Берлин на врвот од 55 градови во однос на тоа како младите ја перципираат метропола-та. Врз основа на нивното ран гирање, она што го прави Берлин пофасцинантен од другите градови за младите е тоа што ис тиот прет-ставува отворена, слободна, меѓународна и живописна културна средина. Токму затоа, според годишната студија спро ведена од иницијативата, Берлин го за зема третото ме-сто како најпосакувана дестинација на светот за младите луѓе за 2015 г. Инаку, „Младешки градови“ е глобална иницијатива која ранги-ра 55 градови во светот од перспектива на атрактивност за младите на возраст од 15 до 29 години. Стандардите кои се рангираат се достапноста, можности за вработување, здравство, јавен простор, правилното функ-ционирање на јавниот превоз, дигитален при-стап, култура и креативни вештини, спорт, филм, музика, мода, храна и ноќен живот.Глобалниот самит за младешки градови за 2015 година беше одржан во Торонто, до-битник на насловот „Најмладешки град за 2014 година“. Врвот на листата за 2015 годи-на го држи Њујорк, по кого следи Лондон. Во споредба со минатата година, а во однос на пласманот, главниот град на Германија ја за-губи позицијата, но сè уште е на врвот како трет, пред Париз и Амстердам, другите два европски градови кои се дел од групата на првите десет најмладешки градови.Берлин привлекува милиони луѓе годишно: градот е динамичен, прогресивен и нуди

ГРАД ИСПОЛНЕТ СО СВЕТЛИНА И МЛАДОСТ

Page 52: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

52

поволни цени, забава, големи културни на-стани, но во исто време претставува и една вибрантна и раздвижена средина. Во Берлин има 175 музеи, повеќе од 50 театри и 300 кина, 4650 ресторани, 900 пабови и околу 190 барови и ноќни клубови. Половина ми-лион луѓе кои живеат во Берлин се странци кои потекнуваат од 185 различни земји. Ме-трото, односно познатите U-Bahn и S-Bahn се протегаат на околу 482 км, а поголемиот дел од популацијата користи велосипеди и јавен превоз наместо автомобили.Инаку, Берлин е меѓу најмладешките градови и поради својата комбинација на историја и современост, неговиот мултикултурализм, разновидност, отвореност и споделување.

„Берлин сјае“ – еден свет исполнет со уметноста на светлината

„Берлин сјае“ е прослава во Берлин кога многу музеи и помалку познати објекти во градот се осветлуваат и се претворат во места кои треба да се видат. Тоа е начин на прикажување на културните објекти низ уба-вината на различните светла и бои што се одржува од 2 до 18 октомври. Во тој период многу меѓународни уметници имаат можност да ги презентираат своите дела. Има мно-гу блескави проекции, 3D-видеомапирање и светлосни инсталации, вклучувајќи му-зички настани и организирани туристички разгледувања насловени како „Да се види светлината». Исто така, има и работилни-ци за фотографија и добротворни настани. Главно се осветлуваат објекти во центарот на градот, како што се Бранденбуршката порта, Катедралата „Берлин“, „Funkturm“ на Oberbaumbrücke и Siegessäule. Речиси 500 споменици и музеи се обоени во светла секој работен ден од 19:00 часот до полноќ. „Берлин сјае“ е резултат на иницијативата на Фестивалот на светлини. Додека на Фе-стивалот на светлини се осветлуваат некои од најпознатите споменици, „Берлин сјае“ се фокусира на помалку познати објекти низ це-лиот град, и тоа оние што обично не се прика-жани од страна на туристичките водичи, како што се железничките станици, трговски цен-три и плоштадите. УНЕСКО ја прогласи 2015 година за Меѓународна година на светлина-та, затоа и главна тема на „Берлин сјае“ за 2015 година е свеста за значењето на светли-ната, не само во нашиот секојдневен живот,

туку и во науката, во здравството, енергијата и, секако, во образованието и културата.

Рајхстагот (The Reichstag)

Изграден во 1894 година за да го вдоми Рајхстагот, Парламентот на Германското Царство претставува историска зграда која искажува почит кон подмладувањето на на-ционалната држава, некогашен дел од по-делба и уништување. Целосно реновиран по обединувањето на Германија, а делумно реконструиран според дизајн од страна на меѓународно реномираниот британски ар-хитект сер Норман Фостер, Рајхстагот стана место за средби на модерниот германски парламент, Бундестагот, во 1999 година. Уметникот Кристо, го „обои“ Рајхстагот во бело во 1995 година, со што истиот стана едно од најпосетуваните места во градот.

Постдамер плац (Potsdamer Platz)

Уништен за време на Втората светска војна, срамнет со земјата и оставен како еден пуст презен простор при поделбата на Берлин, кога Берлинскиот ѕид го преполови, Пост-дамер плац стана најголемиото градилиш-те во Европа во 1991 година. Некогашното место каде беше поставен првиот семафор во Европа и на континентот, најпрометната сообраќајна крстосница, во 1920-тите, Пост-дамер плац го врати својот статус на значаен јавен плоштад и голема раскрсница во градот како резултат на амбициозниот проект за об-нова во кој влезе и големиот „Сони центар“.

Меморијалниот центар за Холокаустот (The Holocaust Memorial)

Контроверзниот дизајн за холокаустот на Пе-тар Ајзенман, структура составена од околу 2.700 бетонски столбови со висина која се движи од нула до четири метри, претставу-ва наводно рационален и нареден систем кој изгубил допир со човековиот разум. Тесните простори кои баш и не дозволуваат премин преку мрежата, како и обемот и тежината на челикот, креираат впечаток како да вршат притисок и да ве затвораат, создавајќи чув-ство на нестабилност и дезориентација. Под-земниот информативен центар ги има во својата евиденција имињата на сите познати еврејски жртви на холокаустот.

Контролниот пункт „Чарли“ (Checkpoint Charlie)

Името на Контролниот пункт „Чарли“ е даде-но од страна на западните сојузници на еден од трите главни премини меѓу Источен и За-паден Берлин, кој се наоѓа „Friedrichstrasse“. Името потекнува од третата буква од фонет-ската азбука (исто така постоеле контролен пункт „Алфа“ и „Браво“). Истиот е воспоста-вен, кратко време по изградбата на Берлин-скиот ѕид во 1961 година. Таму, советските и американските тенкови биле построени ди-

Page 53: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

53

ректно едни наспроти други, на растојание од само неколку метри. Стражарската куќичка и изложбата на отворен простор им овоз-можуваат на посетителите да го разберат значењето на локацијата, а тоа, воедно, е и можност да се прочита нешто повеќе за не-кои од необичните обиди за бегство кои во тоа време во повеќето случаи имале траги-чен крај.

Бранденбуршката порта (The Brandenburg Gate)

Бранденбуршката порта, поставена од кра-лот Фридрих Вилхелм II од Прусија, како знак на мирот го најавува влезот кон „Unter den Linden“, познатиот Булевар на липите, кој води кон поранешната локација на Па-латата на пруските кралеви. Ова монумен-тално неокласично обележје, инспирирано од Акропол, беше присвоено како симбол на партијата во текот на нацистичката ера, а потоа повторно се поврза со желбата за по-вторно обединување на Германија по падот на Берлинскиот ѕид.

Олимпискиот стадион (The Olympic Stadium)

Изграден за време на Олимписките игри во 1936 година, Олимпискиот стадион во Бер-лин бил местото на еден од најпознатите и незаборавни спортски настани во историјата, како што се настапи наградени со златен медал на афро-американскиот атлетичар Џеси Овенс, кои беа овековечени во филмот „Олимпија“ (1938) од страна на контроверз-ниот режисер Лени Рифенштал. Олимписки-от стадион беше реновиран пред да биде домаќин на финалето на Светското првен-ство во 2006 година, а како втор по големина стадион во Германија е дом на клубот „Херта“ (Hertha BSC) од Бундеслигата. Посетителите можат да го разгледуваат стадионот, но и да ги користат некои од објектите кои наменски се изградени за Олимпијадата, како што се отворениот базен и базените за нуркање.

ТВ-кулата (The TV Tower)

ТВ-кулата е отворена во 1969 г. од страна на поранешната Демократска Република Герма нија за да го симболизира техничкиот напредок на Источна Германија. ТВ-кулата

сè уште е највисоката градба во Германија (368 m). Тaа е една од најпознатите и пре-познатливи карактеристики на хоризонтот на Берлин. Кога сонцето сјае на куполата од нерѓосувачки челик, обично се појавува одраз во форма на распетие. Има и ротаци-онен ресторан за спектакуларен панорамски поглед на градот.

Источна галерија (The East Side Gallery)

Источната галерија е најголемата галерија на отворено во светот, во должина од 1,3 km. По-ранешниот Берлински ѕид е трансформиран во галерија на отворено со 106 слики на умет-ници од целиот свет. Берлинскиот ѕид било за-мислено да претставува спомен за слободата со апстрактните и политичките слики и исти-от претставува израз на уникатен момент од историјата. Меѓу најпознатите слики се „Брат-ски бакнеж“ на сликарот Димитри Врубел и „Берлин-Њујорк“ на сликарот Герхард Лар.

„Bebelplatz“

„Bebelplatz“ е јавен плоштад во округот Мите (Mitte), опкружен со Државната опера, Кате-дралата „Св. Хедвиг“ и старата библиотека на Правниот факултет на Универзитетот „Хум болт“. Поставени во периодот помеѓу 1741/1743 г., оваа голема колекција на обј-екти во голема мера беше уништена во те-кот на Втората светска војна, но повторно заблескал во својата „стара слава“ во 1950 г. Во 1933 г., плоштадот беше местото на зло-гласното палење на книгите кога наводните нацистички симпатизери ја исчистија библи-отеката на Универзитетот „Хумболт“ од лите-ратурни дела кои не ги одобрувале, и тоа во центарот на плоштадот. Затоа е изграден и споменик со кој се одбележува овој настан.

„Gendarmenmarkt“

„Gendarmenmarkt“ е еден од најубавите плоштади во градот и е домаќин на еден од најпопуларните божиќни пазари во Берлин. Помеѓу „Franzosischer Dom“ и „Deutscher Dom“ (француската и германската катедрала), е из-градена зградата „Schauspielhous“ од страна на Карл Фридрих Шинкел во 1818-1821 г., и оваа зграда се користи како концертна сала.

Божиќни пазари во Берлин

Празникот Божиќ е еден од најубавите празници во годината, тоа е период кога целиот град едноставно оживува од убави-

ната на божиќните светла. Повеќето од нас веројатно само ја извадиле елката од под-рум и ја украсиле со омилените божиќни украси во пресрет на еден магичен крај на годината. Во Германија постои обичај во тој период од годината да се поминува доста време на божиќните пазари. Од година во го-дина божиќните пазари стануваат сè повеќе популарни, а тоа се се должи на нивната по-себност и, исто така, на магичната празнич-на атмосфера што тие ја создаваат. Берлин нуди околу 60 божиќни пазари секоја година, со што претставува главен град на герман-ските божиќни пазари. Главните божиќни па-зари се отвораат во последната недела од ноември, а се отворени до Бадник, а некои од нив дури и до почетокот на јануари. Еден од најубавите божиќни пазари во Берлин, кој е централно лоциран (помеѓу „Französischer Dom“ и „Deutscher Dom“), дефинитивно е божиќниот пазар во „Gendarmenmarkt“. Тој нуди разни рачно изработени производи, божиќна храна и слатки а, се разбира, и „glühwein“ (варено вино), кое задолжително треба да се проба. Друг пазар во срцето на Берлин е божиќниот пазар на „Александар-плац“, што е мешавина помеѓу пазар, саем и забава. Воедно, тој е еден од најпосетените во Берлин, токму поради разновидноста на понудата - од традиционалните уметнички изработки и божиќни производи, лизгалиш-тето, дневни шоу-програми и забавен парк за деца. Она што е посебно на овој пазар е „Божиќната пирамида“, украсена со повеќе од 5.000 светла, која е најголема од овој вид на божиќни пирамиди во Европа. На „Пост-дамерплац“ се поставува друг божиќен па-зар кој е одличен за децата поради големиот тобоган и отвореното лизгалиште. Затоа овој базар се нарекува и „зимски свет“. За поро-мантичните луѓе интересен е и божиќниот пазар во Шарлотенбург, познат по својата ро-манса. Тој е лоциран во замокот „Шарлотен-бург“, и тоа во старата палата. Посетителите можат да уживаат во различните експонати во замокот и во рестораните, со локалните јадења од Бранденбург. Замокот е интере-сен и за децата бидејќи има рингишпил и мала зоолошка градина.Божиќните пазари се привлечни за секого поради нивните различни тематски содржи-ни во кои можете да се опуштите и да ужи-вате во предбожиќните моменти со вашето семејство и пријателите, додека дегустирате типични германски колбаси (currywurst) и пи-ете варено вино (glühwein).

м-р Билјана Поповска

Page 54: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

5254

о работата со компјутери мошне ва-ж но е да се формулира модел на сигурност, но за таа цел треба да се опишат ентитетите и параметрите со

кои владеат моделите, а воедно и да се ис-такнат правилата кои се дел од овој модел на безбедност. Всушност, моделот на безбед-ност преставува комплексен интегративен дел кој има примарна улога во креирањето на влезната безбедност. Моделите на без-бедност ги опфаќаат политиките за довер-ливост (Бел-Ла Падула) и интегритет (Бибс, Кларк-Вилсон). Некои од моделите важат во средини каде моделите се статични (Бел-Ла Падула), а други ги разгледуваат динамични-те промени кај правата на пристап (Кинески ѕид). Формалните модели на сигурност како „Бел-Ла Падула’ имаат проминентно место во евалуациите за висока сигурност. Нефор-малните модели како „Кларк-Вилсон“ имаат повеќе дескриптивна рамка за изразување на политиките за сигурност.

Модели на конечни автомати

Конечниот автомат претставува популарна алатка за моделирање на голем број аспек-ти на компјутерските системи и тие исто така претставуваат основа за некои многу важни модели на безбедност. Суштинските карактеристики на моделот од конечниот ав-томат претставуваат концепт на состојба и на промени во состојбата кои се случуваат во одредени временски точки. Конечноста, всушност претставува репрезентација на системот што се испитува во одредена вре-менска точка, која треба да ги опфати сите аспекти на системот што се релевантни за решавање на зададениот проблем. Од друга страна, пак, можните транзиции на состојби можат да се специфицираат со помош на ко-нечна транзиција (наредна состојба) која ја дефинира следната состојба во зависност од тековната состојба и од влезните податоци. Може исто така да се добијат и излезни пода-тоци. Оваа циклично причинско-последична ситуација овозможува повторување и про-верка на грешка на системот. Ако сакаме да разгледаме некоја специфич-на карактеристика на некој систем, како на пример сигурноста, користејќи модел за ко-нечен автомат, најпрвин мора да ги иденти-фикуваме сите состојби што ја исполнуваат оваа карактеристика. Потоа, потребно е да провериме дали сите транзиции на состојби ја задржуваат оваа карактеристика. Ако е така, и ако системот

имајќи ја оваа карактеристика почнува да функционира со една почетна состојба, то-гаш со помош на индукција, ние може да до-кажеме дека оваа карактеристика е точна.

„Бел-Ла Падула“ модел

Овој модел претставува модел за насилен пристап на контролата на државни а особе-но воени инсталации. Тој е развиен од стра-на на Бел и Ла Падула под покровителство на Роџер Шел, за креирање на безбедносна сајбер-зона на МО на САД. Се смета дека претставува транзитен модел во динамич-киот процес на сајбер-безбедноста. Истиот се применува при одредување на пристапот на мрежите со класифицирана содржина од „строго доверливо“ до „некласифицирано“. Моделите на безбедност претставуваат ва-жен концепт во дизајнот и анализата на си-гурносните системи. Тие ја опфаќаат мож-носта за безбедност на компјутерските системи кој што треба да биде воведени во некој систем. Моделот „Бел-Ла Падула“ (БЛП) претставува репрезентативен безбед-носен модел. Гледано историски, тој бил раз-виен од страна на Бел и Ла Падула во време на првите заеднички напори за дизајнирање на сигурносен мултикориснички оперативен систем. БЛП претставува модел на конечен автомат што ги опфаќа аспектите на довер-ливост и контрола на пристап. Дозволите за пристап се дефинирани со матрицата за кон-трола на пристап така и со нивоата на сигур-ност. Политиките на сигурност го спречуваат преминувањето на информацииите од некое повисоко ниво на сигурност во некое пониско ниво на сигурност. Овие политики често се спомнуваат како сигурност со повеќе нивоа (multi-level security – MLS) (Сл. 1). Кога го опи-шуваме моделот БЛП можеме да го презен-тираме со следните множества:– множество од субјекти S; – множество од објекти O;– множество од операции за пристап A=

{execute,read,append,write}, кои директно ги отсликуваат правата на пристап од дел 3.3.2;

– множество L од нивоа на сигурност со де-лумно подредување <.

Аналогно на тоа, а со цел да ја испитаме без-бедноста на зададениот модел, го поставува-ме множеството на конечност B x M x F, каде што:– B=Ƥ( S x O x A) и претставува множество

од тековни пристапи. Еден елемент ƅ ϵ B претставува збир од точки (s, o, a), што ука-жува дека субјектот a во моментот извршу-ва операција врз објектот.

– М претставува множество од матрици за дозвола на пристап M= (Mso) sϵs,oϵo.

F C Lˢ x Lˢ x L˚ претставува множество од доделувања нивоа на сигурност. Еден еле-мент f ϵ F претставува тројка (fsfcfo), каде што:– fs: S L го дава максималното ниво на

сигурност, коешто може секој субјект да го има,

– fc : S L го дава тековното ниво на си-гурност на секој објект.

– fo: O L ја дава класификацијата на сите објекти. (Сл. 2).

Притоа, треба да се има предвид дека ни-вото на безбедност на еден субјект не може да биде поголемо од неговото максимал-но ниво, бидејќи fc≤fs, односно со зборови ,,fsдоминира соfc”. Максималното ниво на си-гурност понекогаш се нарекува овластување на субјектот. Другите извори го користат овластувањето единствено за означување нивоа на безбедност кај корисниците. (Сл. 3).

Модел „Кинески ѕид“

Моделот „Кинески ѕид“, начелно е конфи-гуриран за да ги почитува правилата да не дојде до судир на интереси кога ќе стане збор за различни клиенти. Неформално, конфлик-тите се јавуваат бидејќи клиентите претста-вуваат директни ривали на истиот пазар или поради сопствеништвото врз компаниите. На множеството од состојби на моделот „Бел-Ла Падула“ му се неопходни некои трансформа-ции за да може да функционира во зададе-ната насока:– множеството од компании е означено со С,– Множеството од објекти О претставува

предмет на информација која ја засега една компанија.Во тој случај аналитичари-те се субјектите, S го претставува множе-ството од субјекти,

– сите објекти кои спаѓаат под една ком па-нија се собираат во множество од подато-ци на компанија. Функцијата y:O си дава на компанијата множество од податоци за секој објект,

КРЕИРАЊЕ ВЛЕЗНА БЕЗБЕДНОСТ

МОДЕЛИ НА СИГУРНОСТ

Page 55: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

5355

– множеството од сите компании кои не треба да знаат за содржината на објектот.

– санираните информации се прочистени од доверливи детали и не подлегнуваат на ни-какви рестрикции на пристап.За објектот о кој е саниран ставаме x(o)=ø.

Конфликтот на интереси не се јавува един-ствено од објекти кон кои во моментот се пристапува, но и од објекти кон кои се има-ло пристап во минатото. Затоа нам ни се по-требни средства за зачувување на историјата од дејствата на субјектите. За оваа цел,ние претставуваме Булова S x O матица N, каде што:

Ns,o = { точно ако субјектите имале при-стап до објектот о,неточно ако субјектот s немал никогаш пристап до објектот о}.

Ако ставите Nso=неточно за сите s ϵS и за

сите o ϵ O, добивате сигурна почетна сос­тојба.Првата сигурносна политика се справу-ва со директниот тек на информации. Имајќи во предвид дека почетната теза е да спречи-ме еден објект да биде изложен кон конфликт на интереси. Така, пристап се одобрува един-ствено ако објектот кој се бара не припаѓа на:– множество од податоци на компанија која е

веќе во сопственост на корисникот или– целосно различни класи конфликти на ин-

тереси.Сето ова можеме да го изразиме преку ss­карактеристиката на следниот начин:

ss-карактеристика, каде што на суб јек тот s ќе му биде овозможен пристап до еден објект о само ако за сите објекти о’ со Nso = точно, y(o)x(o) или y(o) = y(o’).

Гледано од друг агол, оваа карактеристи-ка целосно не ја имплементира наведената безбедносна политика. Доколку го земеме предвид примерот кога два натпреварувачи, Company_A и Company_B имаат сметки во истата Bank. Analyst_A, кој се справува со Company_A и Bank, го ажурира портфоли-ето на Bank со доверливи информации за Company_A. Analyst_B, кој се справува со Company_B и со Bank сега има пристап до информации за бизнисот на конкурентот. Па затоа ние ја воведуваме *­карактеристиката, која ќе го регулира процесот за запишување.

*-карактеристиката на субјектот s му е овозможен процес на запишување во објект

о, само ако s нема никаков пристап за читање кон објектот о’ со y(o) ≠ y(o)и x(o’) ø.

Пристап за запишување на еден објект му се овозможува во случај ако никој друг објект што се наоѓа во множество од податоци на друга компанија и содржи несанирани ин-формации не може да се прочита. Како ан-тагонизам на БЛП, каде правата на пристап најчесто се претпоставува дека се фиксира-ни, сега се соочуваме со модел каде правата на пристап треба повторно да се испитаат при секое преминување во состојба.

Модел „Биба“

Моделот „Биба“ го опфаќа интегритетот во поглед на пристапот на субјектите кон објектите со користење на модел на конечен автомат што е многу сличен на моделот во БЛП. Постои решетка (L,≤)од сигурносни ни-воа. Функцијата fs: S→L и функцијата f0: O→L доделуваат нивоа на итегритет на субјектите и објектите. Овие нивоа ги фор мираат осно-вите за изразување на политиките на инте-гритет, кои се однесуваат на корупцијата на „чистите“ ентитети од високо ниво од страна на „нечистите“ ентитети од ниско ниво. Кај решетката од информации, информацијата единствено може да тече надолу. За разлика од БЛП, не постои единствена политика на интегритет од високо ниво. Наместо тоа, ќе најдете збир од најразлични пристапи. Некои од нив даваат заемно некомпатибилни поли-тики (Сл. 4).

Маја Ржарова

Page 56: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

56

илмовите на неприкосновената ле-генда Стивен Спилберг неколкупати досега го пронашле своето место на

страниците на „Штит“. По повеќедецениска, активна филмска работа, овој режисер и понатаму продолжува да работи со полна пареа, без барем малку намалена продук-тивност и со завиден квалитет, запечатен со многубројните освоени престижни на-гради. По „Спасувајќи го војникот Рајан“, „Шиндлеровата листа“ и „Империја на сон-цето“ кои ги претставивме во изминатите броеви, овој месец страниците резервира-

ни за филмски осврт се посветени на акту-елниот филм и кандидат за Оскар „Мост на шпиони“ (Bridge of Spies). Освен што е изво-нредно режиран од докажаниот Спилберг, во тимот кој го создаде овој потенцијален оскаровец се придружуваат уште неколку филмски легендарни имиња: Том Хенкс, во главната улога на адвокатот Џејмс До-нован и двојните оскаровци - браќата Итан и Џоел Коен кои направија преработка на сценариото на Мет Чарман, додавајќи фи-неси во нивниот препознатлив писателски и креативен шмек. Но, да се свртиме кон приказната.

Случајот Абел

Вистинско измачување доживува човек кој е оставен да живее во страв, постојано под притисок, во тензија и во очекување на најлошото. А што ако ова чувство се намет-не на цели нации? Студената војна го на-правила токму тоа - состојба на ментално заложништво на граѓаните на двете светски суперсили, Америка и Советскиот Сојуз. Повеќе од четири децении, двете страни се наоѓаат во положба на „низок старт“, спремно чекајќи да возвратат со реакција

доколку една од нив преземе чекор за да ја претвори политичката напнатост во фактич-ка нуклеарна војна. Но, „надуваниот балон“ никако да пукне. Во обид да се добие стра-тешка предност, двете земји инфилтрираат шпиони кои треба да соберат информации за плановите на другиот. Свесни за фактот дека имаат „кртови“ на нивно тло кои из-даваат информации, и САД и Советскиот сојуз поведуваат хајка против сомнителните граѓани. Еден од нив е Рудолф Абел, профе-сионалец во поизминати години, скриен зад улогата на њујоршки сликар, кој е уапсен и соочен со судење за шпионажа пред амери-

канскиот суд. Под закана да добие смртна казна, одбраната на Абел му е доделена на адвокатот Џејмс Донован, специјалист по корпоративно право кој поради непозна-ти причини е повикан овојпат да се впуш-ти во кривична постапка, област во која со години тој е „надвор од играта“. Брзо по апсењето на рускиот шпион, во Русија, пак, е соборен авионот на американскиот пи-лот и шпион Гери Пауерс кој исто така се соочува со судење во Советскиот Сојуз. Тој настан значително ги менува околностите и сега, Абел, наместо да добие смртна казна,

добива круцијална политичка улога, како единствен билет Пауерс да биде вратен дома пред да издаде детали од американ-ските разузнавачки тајни. Во два и пол часа колку што трае филмот, бидете убедени дека нема ни за момент да ви биде здодев-но. Елементите на трилер не се изоставени и се држи една континуирана, линеарна, но не преинтензивна напнатост во која ни се откриваат игрите на шпионажа, ризиците и дипломатските надмудрувања кои ја од-бележуваат ерата на Студената војна. Под синонимот „мост на шпиони“, всушност, се мисли на мостот Глинике, во Берлин кој бил

УВИД ВО ШПИОНСКИТЕ ИГРИ ВО СТУДЕНАТА ВОЈНА

„ М О С Т Н А Ш П И О Н И “

Page 57: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

место за размена на заробени шпи-они помеѓу двете земји и каде, во овој филм, се случува токму разме-ната на Рудолф Абел и Гери Пауерс.

Тестирање на интегритетот, лојалноста и довербата

Вистинскиот херој во „Мост на шпи-они“ е адвокатот Донован - човек кој е чесен и праведен. Иако до-бива инструкции од адвокатското друштво во чие име работи, но и при тисоци од семејството да го зат-вори побрзо случајот со шпионот, тој спротивно на наредбите се бори за испочитување на правата кои му сле-дат на клиентот согласно американ-скиот Устав. Неговата извонредна преговарачка способност го спасува Абел од електрична столица, но и го прави посредник при договарањето на размената на шпионите. Таа но-вонаметната функција ја изведува неверојатно успешно бидејќи покрај Пауерс, со надчовечки напори и ри-зични, паралелни договарања и со Русите и со Германците во Берлин, успева да спаси и еден неправед-но за робен американски студент во комунистичкиот берлински блок, из-ведувајќи всушност размена двајца за еден. Рудолф Абел, пак, е пор-третиран на тој начин што не остава простор публиката да не развие сим-патии кон него. Лојален, доследен и умерен, стар и не многу витален, рускиот шпион не ја предава својата земја за да си го спаси сопствениот живот и навидум лесно се помирува

57

со судбината. „Дали ќе смени нешто ако сум загрижен за тоа што ќе ста-не со мене?“ е неговиот став кој е целосно збунувачки и неразбирлив за адвокатот. Посебно е интерес-на приказната за „човекот кој стои“ која Абел му ја раскажува на веќе не само адвокатот, туку пријателот Донован. Во неа, „човекот кој стои“ е всушност пријател на таткото на Абел кој бил претепуван во нивни-от дом од страна на партизаните во Русија, но колку и да бил повреден, секогаш се исправал без оглед на ри-зикот, не давајќи им го задоволство-то да го видат скршен и паднат на под. Иако со приказната реферира кон Донован, искажувајќи му на тој начин почит што е упорен и не се от-кажува, овој „човек кој стои“ може да биде и самиот Абел, бидејќи е со не-померливо цврста ментална снага. За разлика од него, младиот амери-кански пилот Френсис Гери Пауерс е антихеројот кој дозволил да биде заробен, иако воените инструкции налагале да се самоубие ако постои опасност да падне во советски раце. Зошто не го направил тоа и не ја ис-користил отровната игла за да си го одземе животот не е познато, ниту дали можеби врз него во затворот бил направен доволно силен прити-сок за да попушти и да издаде важни тајни, но познато е дека е дочекан назад во САД со многу сомнежи и контроверзии.

Релевантна историска „докудрама“

Спилберговото последно дело е на-правено според вистински настани,

притоа држејќи се блиску до истори-ската фактографија, така што дури и одбраната на Донован за Абел е идентична со вистинското водење и говорите, потврда дека филмот си ја врши добро и улогата на историска документарна драма. Од него можеме да добиеме слика за скриените игри на разузнавачки-те служби, двојната шпионажа, ме-тодите на примопредавање на по-раки и за една војна, која како што вели агентот Вилијамс, не е војна со оружје, туку војна на информа-ции. Филмот веќе има освоено 20 награ-ди, но има повеќе од 70 номинации,

дел за награди на филмски фестива-ли кои допрва ќе се случат, во текот на 2016 година. За нас останува да видиме дали „Мост на шпиони“ ќе блесне во полн сјај во наредните неколку месеци и дали ќе ја истисне конкуренцијата во борба за највисоките признанија. Како и да заврши, несомнено е дека имаме пред нас едно исклучително квалитетно филмско парче кое ќе ко-тира високо на листата - „најдобри за 2015 година’.

Елена Ѓоѓиевска

Режија: Steven SpielbergУлоги: Tom Hanks, Austin Stowell, Mark Rylance, Alan Alda, Joshua HartoСценарио: Matt Charman, Ethan Coen, Joel Coen

Mузика: Thomas NewmanВреметраење: 142 минутиГодина: 2015Земја: САД / Германија / ИндијаНагради: „Златен Глобус“ за најдобра машка споредна улога, девет номинации за БАФТА, шест номинации за престојните Оскари и 19 освоени други награди

Оваа рубрика ја посветуваме на ВОЈНИКОТ – ЧОВЕКОТ кој е прв на удар на виорот наречен војна – ЧОВЕКОТ кој е високо мотивиран да ја брани своината, татковината и идеите – ЧОВЕКОТ кој е физички и психички подготвен на највисоко ниво – ЧОВЕКОТ кој оставил дел од својата душа дома кај своето семејство – ЧОВЕКОТ кој, на крај, сепак, е само ЧОВЕК.И затоа тој е инспирација за многу уметнички филмски дела кои оставиле силен впечаток на неутралната широка публика, ја разбранувале нашата закоравена емотивност и ни покажале колку сурова е всушност војната и како таа делува на луѓето.Во следните броеви на ШТИТ ќе се осврнеме на некои од тие филмови без некоја посебна амбиција да бидеме филмски критичари. Сакаме само да ви пренесеме дел од нашите чувства, да ви покажеме дека една војничка, човечка судбина може да ги промени нашите ставови за вредностите во животот, а посебно да истакнеме колку тој тежок, исполнет со труд, кал и пот војнички живот е достоен за ПОЧИТ.

Page 58: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

ланината Беласица спаѓа во гру-пата најстари планини не само во Република Македонија, туку и

на Балканскиот Полуостров. Настанала за време на создавањето на Родопските Планини. Подоцна е разорена, а повтор-но е издигната за време на најмладото алпско набирање.

Се наоѓа во југоисточниот дел на Р. Македонија во близина на Струмица. Има напореднички правец на протегање ис-ток – запад со должина од над 70 км. Пла-нината е со мошне стрмни падини кои се спуштаат на северната и јужната стра-на. Од соседните планини Беласица е од-делена со долините на реката Вардар на запад, Струма на исток, Струмичката Котлина на север и Дојранската и Сер-ската Котлина на југ. Според височи-ната спаѓа во групата високи планини. Наjвисок врв е Радомир (Калабак) – 2029 м. На врвот Тумба се наоѓа тромеѓето меѓу Македонија, Бугарија и Грција. Тука е поставен граничен камен во вид на пира-мида, што го означува тромеѓето помеѓу овие три држави. На оваа планина има три тектонски водопади кои претста-вуваат природна убавина по која е позна-та оваа планина. Иако има уште неколку, сепак овие три се најкарактеристични и туристички уредени.

Смоларскиот Водопад се наоѓа во дол-ниот тек на Смоларска Река, десна при-тока на реката Струма, на надморска висина од 600 м, во реонот на селото Смолари. Вкупната височина на верти-калниот отсек на Смоларскиот Водо-пад изнесува 39,5 метри. На дното од водопадот е формиран џиновски лонец, чија должина во правец на течењето на речната вода изнесува пет метри, широ-чината му е 11 метри, а длабочината се движи од 0,5 до 0,7 метри.

Колешинскиот Водопад е лоциран во долниот тек на реката Баба на надмор-ска височина од 500 м. Има височина од 15 м, со широчина на падот од околу 6 м. Тој е тектонски водопад, создаден во гранитни карпи. Спроти Колешинскиот Водопад, на оддалеченост од околу 100

метри, се наоѓаат уште неколку помали водопади распоредени во низа, високи од два до четири метри, кои припаѓаат на неговиот централен слив.

Габровски Водопад. Во непосредна близи-на на Колешинскиот и на Смоларскиот Водопад се наоѓаат Габровските Водо-пади. Сместени се веднаш над селото Габрово, по кое и го добиле името. На оддалеченост од еден километар има три помали водопади, високи од 4 до 8 метри, а нивната чиста ледено студена вода истекува меѓу дебелите и разгра-нети буки. Слапот од највисокиот водо-пад се прекршува во средниот, а тој во најмалиот и заедно истекуваат покрај последната куќа од селото Габрово. Са-мото прекршувањето и паѓање на вода-та од еден во друг водопад е тоа што ги прави интересни и различни од двата веќе добро познати водопади во овој крај.

До водопадот на Габрово е пробиена па-тека од селото Банско, која се наоѓа под падините на Беласица и е долга 4 кило-метри.

Планината Беласица е богата со шуми и на неа се среќаваат дабот, буката, бо-рот, елата, јасенот и др.

Но таа е уште побогата со планин-ски пасишта на кои во летниот период доаѓааат бројни стада на пасење. Само највисоките врвови на Беласица се голи и каменити.

Во подножјето на Беласица извираат многубројни термални и минерални из-вори. Меѓу нив најпознат е изворот во с.Банско. Водата од овој извор е лекови-та, минерална и сулфурна со темпера-тура од 75°С. Според температурата на водата овој извор е најтоплиот во Р. Македонија. Денес изворот е уреден и спаѓа меѓу најпознатите лекувалиш-та - бањи во нашата земја. Беласица е богата со рудни богатства, но сѐ уште ништо не се експлоатира.

Од 2001 година, секоја година во месец август се организира меѓународен пла-нинарски поход за искачување на врвот Тумба (Тромеѓа), под наслов „Балкан без граници“.

Планината Беласица е позната и како место каде се одиграла значајната Бе-ласичка битка (1014), каде што се судри-ла војската на Самуиловото Царство со византиската војска на Василиј Втори.

Кристина Илиевска

ПЛАНИНАТА БЕЛАСИЦА МОШНЕ ИНТЕРЕСНА, НЕОТКРИЕНА

И МАЛКУ ПОСЕТЕНА УБАВИНА

Page 59: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ

УБ

АВ

ИН

ИТ

Е Н

А М

АК

ЕД

ОН

ИЈ

А

Page 60: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА …morm.gov.mk › wp-content › uploads › 2016 › 07 › 79-Shtit_web.pdf · СЕМИНАР ЗА ВОЕНИ